Објект „Мајка Тереза“ - иницијатива за реализација на проектот на друга локација

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Иако оваа тема веќе е начната на темата Скопје 2014 мислам дека заслужува поголемо внимани , пред се поради очигледната потреба овој проект да се реализира на друга локација. Реализацијата на објектот според мое мислење не би го оспорувал најмногу затоа што е донација , но секако не би смеел да ни се случи на плоштадот. Заедно со некој членови на форумот за архитектура build.mk се обидовме да иницираме неколку алтернативни локации, а со тоа да се обидеме да издејствуваме кај надлежните дислокација на оваа спомен обележје.
Дискусијата се сведе на две локации едната е пред Лумикот, повторно на плоштадот а другата е на плоштадчето што се формира помеѓу сегашната спомен куќа на Мајка Терза, феудалната кула, фондот за здравство, домот на АРМ и новата Црква.
Моето видување и аргументирање за овие две локации е следното:


За Втората локација говори следното:

-се формира убаво плоштадче кое би го носело името на Мајка Терза и место за секојдневно собирање и организирање културно уметнички пред се алтернативни настани

-се формира една логична целина заедно со околните објекти. Ќе повторам тука се објекти кои би можеле едни со други да се надополнуват и не се противречиви.

-објектот ако се изработи креативно не попречува никаков коридор

-објектот не ја гуши околината и околу него нема уште дваесет споменици кои можат да се видат од една иста местоположба. Со самото тоа се проширува можноста за туристички тури и ќе овозможи луѓето подолго време да уживат на тоа место

-незнам што се случува со локалите кои ги имаше во приземјето на зградата на фондот за здравствено осигурување, на времето таму имаше кладилница и беше средена како пивница, ете тоа би било одлична можност за отварање на кафулиња на кои би им се овозможило во летно време да извадат маси од тој дел на плоштадот а со тоа уште повеќе да го збогатат просторот со содржини.

-самиот плоштад би бил доволна причина да се реновират фасадите на фондот за здравство , секако складно со стилот по кој би се направил централниот објект.

-исто така овој плоштад би можел да повлече и реновирање на домот на Арм каде што би се одржувале манифестации од хуман карактер во духот на Мајка Тереза.

-Со реновирање на Домот на Арм и изградбата на новата Црква целиот тој комплекс би се простирал и до Кината Култура, Вардар 1 и 2. Јас би ги опфатил и нив со тоа што едно или две кина би имале специјална програма со Македонски и Европски филмови.

Сигурно има уште работи кои можат да се кажат а кои одат во прилог на оваа локација. Искрено не гледам што би можело да говори против оваа идеја. Особено ако се знае дека Индиецот сака да го донира евентуалнито објект. А сигурен сум ако му се пристапи на човекот со добра идеа дека не би имал ништо против за формирање на предложената целина.



Што се однедува за локацијата кај Лумиксот

- освен тоа што таму е родната куќа на Мајка Тереза негледам друго логична причина објектот да ја заземе таа локација (освен тао спомен плочата која е поставена на тоа место е сосема доволна), не треба да се има 30 метарски објект за да се потенцира големината на локацијата).

Против оваа локација навистина има многу да се напише

-како прво плоштадот е преоптоварен со споменици со уште еден таков објект уште повеќе ќе се угуши просторот а со самото тоа се намалува вредноста на спомениците кои веќе се на плоштадот.

-за погледот на Александар од портата Македонија веќе се дискутирано , само што овој пат ќе имаме есклузивитет да и гледаме на Мајка Тереза во грбот.

-според мене навистина би било смешно на раздалечина од 200 метри да има два објекти посветени на иста личнот а притоа истите да не прават некоја целина или комплекст (за ова се консултирав со некој пријатели и пријателки архитекти и првото што ми го кажаа беше оваа забелешка без притоа да го познават Скопје)

Мислам дека најважните точки ги опфатив па мислам дека е добро секој што сака да зема учество во дискусијата со свои предлози или подршка на некој предлог да излезе со конкретни за и против аргументи за да може да се избере соодветна локација, па потоа истата да ја ставиме на вага со сегашната локација и официјално да се обидеме да ја пласираме пред се во министерството за култура затоа што Премиерот ги овласти нив по оваа прашање.

Што се однесува до сегашната локација еден колега од гореспоменатиот форум го изработи следната графичка анализа исто така графички е прикажана и алтернативната локација кај спомен куќата на Мајка Тереза.


http://s1189.beta.photobucket.com/user/kultuzin/media/majkaterezaplostad_zps3dd50ce4.jpg.html

--- надополнето: 15 јануари 2013 во 20:32 ---
Во меѓувреме треба да се мисли како да се најде пат до надлежните институции, убеден сум дека оваа идеја може да помине.

Дали би можел некој да помогне со некој поконкретни идеи , а најголема помош би било ако може да се најдат некој подирекни и повлијателни контакти со засегнатите институции.
 
Џабе ти е, искуствата викаат коа ќе намерат нешто, го прават. Колку и да звучи апсурдно. Доказ - бродовите. Така ќе биде и за тркалото. Штета што не сме влијателни како овие од ИВЗ кои притисок направија, па нема црква на плоштад, што е единствен пораз на владата околу Скопје 2014.
Локацијата што е зададена од сега - 99 проценти сум сигурен и дека ќе остане.
Причините се политички, извинете вака али морам политика. Владата, моментална, има менталитет на мало дете, основче. Ако не е по нивно, тогаш тоа го сметаат за пораз, и затоа не прифаќаат никаков друг аргумент или предлог. Затоа, предлози и такви работи, кои не се совпаѓаат со филозофијата и праксата на моменталното владеење - мало морген. Тоа е...
 
Ќе те демантирав веднаш. Незнам колку е познато тука на форумот но на местото каде што требаше да се гради црква имаше план се гради административна зграда која беше прегломазна го затвараше погледот кој Александар од портата Македонија ги нарушуваше и стеснуваше пешачките коридори кои водеа кон плоштадот и тн. Тогаш се направи многу квалитетна анализа од членовите на формот build за можните негативни ефекти, сето тоа се представи графички и после неколку месеци маркицата на новата административна зграда беше видно намалена, овој пат водејќи сметка на дадените забелешки. Со тоа на некој начин се потврди дека само со квалитетна критика без мешање парии и политики , туку со конкретни предлози може да се задвижат работите.
За жал вакви иницијативи има многу малку и пред се се партиски иницирани и мотивирани.
 
Ќе те демантирав веднаш. Незнам колку е познато тука на форумот но на местото каде што требаше да се гради црква имаше план се гради административна зграда која беше прегломазна го затвараше погледот кој Александар од портата Македонија ги нарушуваше и стеснуваше пешачките коридори кои водеа кон плоштадот и тн. Тогаш се направи многу квалитетна анализа од членовите на формот build за можните негативни ефекти, сето тоа се представи графички и после неколку месеци маркицата на новата административна зграда беше видно намалена, овој пат водејќи сметка на дадените забелешки. Со тоа на некој начин се потврди дека само со квалитетна критика без мешање парии и политики , туку со конкретни предлози може да се задвижат работите.
За жал вакви иницијативи има многу малку и пред се се партиски иницирани и мотивирани.

Искрено, не верувам дека од форумот сте смениле нешто, туку коинциденција е тоа, зашто подобро им е да направат административна зграда до која би имало повеќе пристап. Но ок...
 
Супер е идејата со плоштадчето, ни фали Метелкова како што има во Љубљана, односно free zone каде младите ќе можат буквално да си го живеат животот, ама во оваа барокно античка Грујодонија, кур што ќе видиме такво нешто.
 
Колку што знам објектот сакаат да го сместат на локација кај поранешен Кенан,а не кај Лумикс.. или грешка сум,а кај Лумикс да има административна зграда. Првата локација е тотална утка,тука е пешачка патека,незнам како ќе се смести помеѓу два хотела.
 
Колку што знам објектот сакаат да го сместат на локација кај поранешен Кенан,а не кај Лумикс.. или грешка сум,а кај Лумикс да има административна зграда. Првата локација е тотална утка,тука е пешачка патека,незнам како ќе се смести помеѓу два хотела.

Citro предложената локација од владата е кај Кенан и маркицата е внесена во новиот ДУП на центар. Кај лумиксот беше само предлог од некој членови на фоумот билд.мк. Но на крајта мислам дека повеќе „ЗА„ аргументи има за објектот кај Спомен Куќата на Мајка Тереза.
 
Го слушавте најновото, немало да биде 32 метарски споменик ќе било фонтана во стилот на Фонтана ди Треви од Рим.

Две големи фонтани на 10 метри една до друга?!

Урбано планирање- левел минус 200
Естетика и стил - левел минус 5000.

Кич до кич. Цел плоштад се претвора во еден голем селски кичерај.
 
На Мајка Тереза и се има оддадено почит, веќе има спомен куќа и обележје пред неа, нема потреба од 32 метарски споменик ниту на местото на Кенан ниту на мини плоштадот кај домот на АРМ. Мислам дека ова е сосема доволно.
SpomenkukaMajkaTereza_500.jpg
 
Еве како графички го замислувам плоштадот. Се разбира не се оди во детали но мислам дека е доволно за да се добие некоја орентација во тој постор.

ScreenShot005_zpsaf978c16.png


ScreenShot006_zps31ac80e5.png


ScreenShot007_zps79890390.png


ScreenShot008_zps745cf5f4.png


ScreenShot009_zps2ac0f5ac.png
 
Хонорар на авторката уште 400 000 евра на нејзината сметка.

Аха , мисли си :) 200 000 евра одат во џебот на најсреќниот добитник на изборите, 100 000 евра за частење ( по дома , пријатели, братучеди/ки и т.н ) за победата по изборите, по некоја илјадарка во потесниот/поширокиот ( како сакаш кажи го ) круг на семејството и за авторот/ката на делото некое илјадарЌе. 400 000 евра не е мала пара, не е за сечиј џеб :)
--- надополнето: 28 јануари 2013 во 00:57 ---
30-метарски споменик меѓу два хотели???Дали се нормални бе овие???Кога ќе прекине ова лудило???КОГАА!!!

Па ти што мислиш ? Од моја гледна точка , до пред 2 години го гледав крстот на Водно со двоглед и се восхитував , едно паметно дело имаме напраено во оваа банана држава за наредните генерации ко ќе се родат да има што да видат. Денес , ни светлата не ги гледам навечер од крстот , а од сабајле , едвај едното крило. Се прашуваш зошто ? Па човече почнаа да градат све што најдат празно. Се рушат бараки , се градат 100 катници цели облакодери ќе почнат да градат и веќе кога се ќе се зафати, измеѓу тие згради ПАК ќе им текне нешто да изградат мислејќи дека тоа народот го бара и очекува да го исполни власта после еден куп лаги искажани во предизборната кампања. Нема да мешам политика , бидејќи бар на овој форум несакам да го искажувам моето мислење на таа тема , меѓутоа знам само едно , СИТЕ ЛАЖАТ, и кој како дојде на власт само чека момент да не ограби и да не стави сите во еден кош , во беспарица и да го лаже народот дека ние сме го достигнале врвот , готово , не примија во ЕУ. Со ваков КИЧЕРАЈ , со вакво ПЕРЕЊЕ ПАРИ, ни во НАТО ни во ЕУ. Малку избегав , но сепак се навратив повторно на темата :).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom