Лично ја забележав реакцијата која беше со различен интензитет и (во мое мислење) со обратна пропорција од реалната (двете споредбено). Посебно ако е познато (погрешното) својство позади името Schopenhauer: женомрзие. Според тоа, жена што го преферира Schopenhauer а во исто време се жали од 1(едно) поставено прашање (до степен на напуштање (тоа беше првичен мој впечаток) ме натера да коментирам
Сега ми е појасно, во секој случај.
Целосно си во право за конфронтацијата и грозните методи што се користат. Ќе кажам дека не се само мажите во прашање!
(Поточно, слични методи се, во однос на мажи: педофилија, хомосексуалност, силување, самоубиство(повеќе депресија))
Но, тие повеќе кажуваат за тој што ги користи, откако било каква навреда за било кој друг. А кој ќе земе за точно непроверено, неговото мислење не би ни требало да има сила некого да навреди!
Околу П.С.:
На став сум дека *секогаш* треба да се напомене изворот на идејата. Во спротивно е плагијат од најнизок можен ред.
(Овој тип на плагијат расте пропорционално со академската титула на поединецот, а очекуваме да е поинаку..)
(Инцидентно, овој став ми е директно позајмен од Schopenhauer, кој (како што претпоставувам знаеш) е познат по цитирање на свои влијанија, скоро на секоја страна има уредно референциран цитат.). Тој е прав начин на размислување, има повеќе намени.. очигледната е филтер за оригиналност, друго самата организираност на идеи дава подобар преглед по периоди, итн.. (cf. закон на Stigler)
Значи, може да се рече дека тоа е направено од *почит* и од напоменување дека *не е* моја идеја. Тоа го наоѓам за чесен потег, а не промоција или било што поврзано со тоа.
Слободно можам да кажам дека повеќето (ако имаат опција) ќе одберат спротивно: крадење идеја, без референца.. што е жално!
Не е ментална доминација, не е желба во прашање. Не беше тоа оригиналната цел. А и не ми е јасно како може на некој некогаш и некаде да му било цел тоа, дадено вакви околности - непознати луѓе на форум, итн. Се знае каде треба да се оди за да се докаже свое знаење. Тоа не е овој форум.
Од друга страна, зачудувачки е колку „лесните“ теми завршуваат со важни работи. (Неодамна дознав една интересна инспирација (не е важно за што, не е тоа темата): добиена од гледање траекторија на кафето во чаша! Сите ќе се согласиме дека е „тривијално“ кафе во чаша да гледаш, но ете, креативноста работи неочекувано)
Според тоа, сметам дека треба построго да се резонира *на сите теми*. Во спротивно, не го користиме единственото што нѐ разликува од чисто животно.
Дури и мислам дека пофер размена на идеи се добива на „вакви“ теми отколку на некои поспецифични. Барем добиваме многу реална слика за луѓето.
На „помалку важни“ теми имаат намален одбранбен механизам (не исклучен, но намален). Дознаваме и повеќе од тоа што ќе напишат!