Кажи бе пријател што не ти е јасно, па да се разбереме. Кој дел од постот те буни, првиот или вториот? Првиот е чисто терминолошка забелешка. Некој тресна дека мозокот е поделен на conscious, subconscious и unconscious, што е едноставно глупаво. Мора да се направи дистинкција помеѓу мозок (brain) и ум (mind). Значи терминолошки е погрешно да кажеш дека физичка категорија е поделена на психолошки категории. Ова се надевам му е јасно на секој кој знае да брои до 8 и ја знае азбуката. Се надевам дека припаѓаш во таа група.
За вториот дел, се разбира дека conscious, subconscious и unconscious не одговараат на памет, дух и душа. Conscious значи свест што е поширок поим од памет, за кој најблизок превод на Англиски би бил reason. Subconscious е потсвест, и прашање е како е духот потсвест, и што е воопшто дух и дали постои нешто како дух во човекот, тоа бара објаснување, додека unconscious e несвесниот дел од нашиот ум. Душата е исто многу сомнителна категорија, ако ги баталиме религиозните концепти, најблиско објаснување е дека поимот душа одговара на етичко-аксиолошкиот момент во човекот, способноста да се носат морални и вредносни судови. Од тој аспект нема никаква врска со несвесниот дел од умот на човекот.
Сега оди ти читни малку Филозофија на Умот па врати се да разговараме...