Нарекувајте го исламот "ислам"

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Нема што родителот да дозволува, тоа не е прашање на дозвола, тоа е прашање на избор.
Но, добро, право на избор стои во "либералност", а либералност и ислам ретко стојат во иста реченица така што ја сфаќам ограниченоста на мислата.
Избор? Да не ти е грешен зборот. Добронамерна критика :)

Камо кога би можеле да изберат, сигурно не би одбрале.
Ислам и либералност одат заедно исто колку што одат пунети пиперки и еуро крем.

Е толку одат.
Е да бе не одело.... од кај знаеш? Си пробал?
 
M

Muranyi

Гостин
Друже, пример за верниците на сите три монотеистички религии е човек кој без никаква причина бил спремен да го заколе сопствениот син единец, само затоа што му се јавил бог и му рекол така....па сеа ти види.
Секако.Баш на тој пример и помислив и сакав да го пишам,но се откажав.
 
R

Rigel Kent

Гостин
Е сега очекувај Омере , реторички дриблинзи и слични дрангулии само не директен и искрен одговор. По туѓ грб и сто стапа се малку за разлика од својот.
Девојчево на твојот аватар не е мало за да се забули?
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Избор? Да не ти е грешен зборот. Добронамерна критика :)


. Камо кога би можеле да изберат, сигурно не би одбрале.
Е да бе не одело.... од кај знаеш? Си пробал?
Не, точен ми е зборот, само недоволно објаснив и се ограничив на хомосексуалноста бидејќи тоа беше веќе наведено.
Право на избор е затоа што секој би требало сам да го избере својот партнер (без разлика на полот). Нема што родителот да се меша во избор на партнер, ниту да смета дека тоа е природно/неприродно. Родителот треба само да го прифати изборот на своето дете и да ја гледа неговата среќа, а не да го гуши со неговите фанатистички убедувања.
 
M

Muranyi

Гостин
Девојчево на твојот аватар не е мало за да се забули?
Ај па и ти,немој го.Еднаш го пишманија дека на аватар ставил Евреј,вторпат го пишманија дека на аватар ставил хомо,сега и ти се појави:D
 
Член од
21 декември 2012
Мислења
924
Поени од реакции
452
Девојчево на твојот аватар не е мало за да се забули?
А јас мислев ќе ме просветлуваш за хомосексуализмот.:) Погледни и дечињата се различно облечени. Едното има арапска шамија а другото кинеско капче. Ќе прашаш и за нив нешто?:)
 
R

Rigel Kent

Гостин
А јас мислев ќе ме просветлуваш за хомосексуализмот.:) Погледни и дечињата се различно облечени. Едното има арапска шамија а другото кинеско капче. Ќе прашаш и за нив нешто?:)
Тие не се забулени , зошто девојчево кое има помалку од 5-6 год е забулено , по кој правила? Дечињата носат традиционална облека.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Не, точен ми е зборот, само недоволно објаснив и се ограничив на хомосексуалноста бидејќи тоа беше веќе наведено.
Право на избор е затоа што секој би требало сам да го избере својот партнер (без разлика на полот). Нема што родителот да се меша во избор на партнер, ниту да смета дека тоа е природно/неприродно. Родителот треба само да го прифати изборот на своето дете и да ја гледа неговата среќа, а не да го гуши со неговите фанатистички убедувања.
Не се разбравме.Вториот дел е така нема што да се дискутира. Но...
Со “избор“ или лична одлука ниеден стрејт не станал хомосексуалец или обратно. Камо да беше така.
 
Член од
21 декември 2012
Мислења
924
Поени од реакции
452
Друга е традиционална облека друго е да е забулена , ајде објасни по кој правила и на која возраст девојчињата се забулени?
Побарај да се отвори темата Прашања за Исламот и ќе ти биде одговорено.
 
R

Rigel Kent

Гостин
Побарај да се отвори темата Прашања за Исламот и ќе ти биде одговорено.
Штом не сакаш да одговориш , да продолжиме со темата што ја начнавте со Шкорпион http://sheikyermami.com/2011/01/13/sodomy-and-sufism-in-afgaynistan/

Yet another report on the culture of child rape in Afghanistan:
Social scientists attached to the Second Marine Battalion in Afghanistan last year circulated a startling report on Pashtun sociology, in the form of a human terrain report on male sexuality among America’s Afghan allies. The document, made available by military sources, is not classified, just disturbing. Don’t ask, don’t tell doesn’t begin to qualify the problem. These are things you didn’t want to know, and regret having heard. The marines got their money’s worth from their Human Terrain adjuncts, but the report might have considered whether male pedophilia in Afghanistan has a religious dimension as well as a cultural one. I will explain why below.
Most Pashtun men, Human Terrain Team AF-6 reports, engage in sex with men – boys – in fact, the vast majority of their sexual contacts are with males. “A culturally-contrived homosexuality [significantly not termed as such by its practitioners] appears to affect a far greater population base then some researchers would argue is attributable to natural inclination. Some of its root causes lie in the severe segregation of women, the prohibitive cost of marriage within Pashtun tribal codes, and the depressed economic situation into which young Pashtun men are placed.”
 
Член од
21 декември 2012
Мислења
924
Поени од реакции
452
Муслиманите и хомосексуалноста


Денес е тешко, дури и со значителен напор, да се избегнат приказните во врска со хомосексуалноста. Без разлика дали станува збор за лице од јавниот живот или е во прашање некоја студија или активизам, хомосексуалноста стана еден од жешките прашања на дефиницијата за слободата во модерното општество. Се разбира, тонот со кој се зборува за тоа во медиумите секогаш е со поддршка и охрабрување, а исто така е придружуван со омаловажување на секој поинаков став.

Кога во масовните медиумите еден став се форсира како исправен и пожелен, а истовремено спротивно гледиште е погрешно и непожелно, тоа се вика формирање на јавното мислење, каде што луѓето кои многу не размислувале околу една тема, а сметаат дека треба да се завземат став по тоа прашање, ќе ги прифатат сервираните хипотези како мислење на повеќето луѓе во некоја географска и културна област.

За луѓето кои се грижат за својот муслимански идентитет, една работа е јасна: односот кон хомосексуалноста остана непроменет веќе 1.400 години. Иако некои муслиманите сметаат дека толерирањето или поддршката на хомосексуалноста не е лоша работа, но вистината е дека ова е сериозен проблем во верата на еден човек. Доколку би потврдиле дека хомосексуалците не се виновни за нивната состојба, тогаш директно ја негираме Аллаховата праведност, односно, отворено кажуваме дека Аллах уништил еден цел народ за нешто за што тие не биле виновни, туку тоа е болест / генетска предиспозиција која Аллах ја дал. Важно прашање во овој контекст, кое секој муслиман треба да си го постави е: дали јас под притисок на медиумската хистерија во прашање ќе ја доведам исправноста на Аллаховиот Закон? Дали ни е важно да бидеме прифатени од страна на народот како луѓе со современи размислување или да бидеме прифатени од страна на Аллах како луѓе верни на вредностите кои Тој ги поставил?



Во Куранот јасно е кажано дека тоа се всушност луѓе кои ги поминуваат сите граници на злото (7:81). Секој кој ја знае приказната за Лут, знае дека неговиот народ бил уништени, поради појавата на хомосексуалноста и развратот во нивната заедница. Да се смета дека сколоноста кон ист пол е болест или генетски условена состојба (дека луѓето "едноставно се раѓаат со тоа") не е вистина, бидејќи со тоа тие се претстават како жртви на биологија, а не жртви на сопствениот избор, со што се лишуваат од секаква одговорност за дела кои ги довеле до хомосексуалноста. Зарем Аллах ќе уништел цел еден народ за нешто над кое тие немале контрола? Зарем Аллах ќе уништел цел еден народ заразен од чума? Зарем Аллах ќе уништи цел еден народ поради некое генетско нарушување?


На удар сме моментално на една силна светски раширена кампања во која се форсира рамноправноста на истополството. Оваа кампања до толку е исфорсирана што ставот кон хомосексуалноста стана одлучувачки критериум за степенот на нечиј демократски дух и степенот на толеранција. Во некои европски земји како тест за степенот на асимилација на имигрантите, се поставува прашањето како тие ќе реагираат ако нивниот син признае дека е хомосексуалец. Да се толерира таа идејата значи да се биде индиферентен, а да се подржи значи да се биде меѓу симпатизерите. Муслиманот не смее себеси да си дозволи било кој од овие две состојби, туку да се има на срце и на јазик едно - тоа е грев, и дело за секоја осуда!

Важно е да се разграничи едно: кон лицата со хомосексуални склоности човекот треба да се однесува како и кон секој друг човек кој отворено греши (лажго, пијаница, крадец) - да му се пружи поддршка, алтернатива но и да му се укаже на неисправноста на делата. Тие не се вонземјани, ниту пак треба да се избегнува. Тие се само луѓе кои во моментите кога ни самите не знаеле кој се и што се и што сакаат некој (пријатели, медиуми, интернет), им рекол дека можеби ќе најдат мир во прегратките на истиот пол. Да не си дозволиме себеси да ја осудиме цела личност, поради нејзиниот лош избор, но да го имаме на ум ставот на Исламот кон конкретната појава.

Што се однесува до различни студии во кои се истражуваат причините за хомосексуалноста, важно е да се напомене дека скоро сите се насочени на тоа да ги прикажат хомосексуалците како луѓе кои не се виновни што се такви, односно дека тоа е медицински оправдано. Најчесто овие студии се мотивирани од лична состојба (после објавената студија и нејзиниот успех, водачите на проектот 'излегуваат од плакарот') или се финансирани од страна на про-геј организации / геј лоби.
Од друга страна, психологија открива дека промените во сексуалната ориентација или сопствената сексуалност е условена од личен избор или културните околности. Во оваа категорија спаѓаат лошиот избор на партнери, желбата за експериментирање што води кон криза на идентитетот, неспособност да се вклопат во постојната социјална шема, неспособноста да се дефинира сексуалноста, ниско ниво на емоционална интелигенција, високо либидо, ниско самопочитување, итн.
Така, жените со хомосексуални тенденции често ќе изјават дека само жена може да знае како да усреќи жена. Се разбира, овде се крие едно длабоко разочарување во емотивната способност на целиот машки род, кое е последица на лошиот избор на мажи во минатото или насилната природата на избраните партнери. Исто така, во коренот често е и лошиот однос на таткото кон мајката, односно инфериорноста на едниот партнер во семејниот дом.

Хомосексуалноста се противи на основниот биолошки систем, односно причината за постоењето на двата пола, и со самото тоа ја прави таа појава неприродна. Репродукцијата како биолошка суштина на семејството, столб на општеството, е од суштинско значење за нашиот опстанок како вид. Покрај тоа, социјалните импликации се огромни. После (на сила) предизвиканото опшествено одобрување на хомосексуалноста, почна да се појавуваат и други сексуални и полови девијација. Работи од кои претходно луѓе се чувствуваа непријатно, сега дури наоѓаат и простор да се имплементира во опшеството. Сигурно е дека постоеле цели генерација во кои се појавувале неколку поединци кои имале педофилски тенденции. Сега, околу тоа се развива цела индустрија и луѓето кои имаат вакви чувства се чувствуваат охрабрени од големиот број на истомисленици. Исто така, почнаа и борбите за легализација на каприци: усвојувањето на деца од страна на хомосексуалните парови веќе стана нормалана работа во некои земји. Во овој момент сосема е непотребно да се допре темата за зголемување на сексуално преносливи болести. Исто така, не е потребно повеќе да се истакнува дека поимот за половите стана многу еластична категорија.

Опшетсвеното прифаќање на хомосексуалноста ја отвори вратата за разни девијации на душата. Таа врата не е можно веќе да се затвори. Поројот кој низ таа врата потече премногу е силен. Најлошо е што - ја однесе и вратата. Она што можеме ние да направиме е да останеме доследни на својата вера и во нашето потомство да изградиме чувство на одбојност кон ваквите појави, но и грижат за луѓето кои се погодени од нив.
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Да, да секако, хомосексуалноста е неприродна.
Ама затоа е ептен природно човек од 50 и кусур години да земе за жена 9 годишно девојче, кое може не ќерка, туку внука да му биде. Природно е истиот тој човек да си има еден куп жени и да си се ебава секоја вечер со различна, пошо нели секој ден грав не се јаде. Уште поприродно е тој човек да го сметаш за ѕвезда водилка во животот и пример за моралност и чесност. Нормално за неговите жени е да дремат во соба и да го слушаат како има секс со жената број 4 или број 9, или можда број 11 додека они плетат чорапи или му ги перат гомната од гаќите.

Природно е таткото или братот да ја убијат ќерката , односно сестрата затоа што не прифатила да се ожени со некој старчуга и сакала сама да си одбере со кого ќе го помине животот и со тоа неповратно им го уништила угледот. Природно е да полиеш девојка со киселина затоа што, замисли, се осудила да ја одбие твојата брачна понуда. Природно е жените да се третираат како лица со посебни потреби и да не можат ни да прднат без дозвола од таткото или мужот. Природно е да каменуваш жена која била силувана, затоа што сигурно самата си го барала тоа. Природно е да бараш жените на плус 40 степени да одат замотани во шамии, дури и на плажа, само затоа што ти не си во состојба да си го чуваш курот во гаќи.

Природно е да обесиш некого затоа што по некоја случајност се родил како хомосексуалец, односно затоа што Алах го создал таков. Природно е да дрвиш за убавините на шеријатот, а да одиш да живееш во неморалните и безбожни западни земји и да ги користиш сите предности и придобивки на демократијата. Природно е да се разнесеш и да однесеш во смрт десетици други луѓе и после тоа да одиш во рајот каде те чекаат 72 девици. Жените нормално не добиваат 72 машки девици, нивната улога таму е да бидат девиците кои сексуално ги опслужуваат мажите кои заслужиле место во рајот, тоа е смислата на нивното постоење - да им служат на мажите и на овој, а богами и на оној свет.

И сите овие работи, а и многу други, се природни...ако конзумираш редовно психотропни супстанци или па си преживеал хируршка интервенција позната под името лоботомија со која ти отстраниле дел од мозокот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom