Како би реагирале кога ќе дознаете дека бившата девојка спиела со друг. И тоа од нејзе

Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Ми се јави да ми побара помош и совет за една нејзина ситуација, од човечност отидов да се видам и да и помогнам колку можам, за на крај да признае дека била со друг.......
Прво ќе и свртам муабет, срцке, се дешава, не се секирај те сфаќам како ти е, потполно, знам дека не ти е убаво.
Знам дека ти си добра личност бла бла..Она ќе почне абе бла бла да се криви себеси да изиграва жртва ти ќе бидеш најсрце колку што можеш.
И спонтано ќе речеш абе имам изненадување за тебе (со блага насмевка и топли очи) имам едно убаво место да ти покажам (ова ако си со кола), на раат да зборуваме и да се потсетиме на старите денови..
Она нема да те одбие зошо ќе сака да се искупи, за тоа што го направила , односно и затоа и ти се јавила во прв случај ЗАТОА што имала грижа на совест да не дознаеш од друг и да не испадне муабет дека е курва.
И ти ќе ја однесеш на пример во сред Арачиново(или можеби зелениково) и ќе запреш и ќе решеш .. "AEEEEEE , мислам дека се дупна гумата, АЈ излези провери ја левата задна" и срцката ќе излезе и ти пуна гас. Ташната нејзина ќе биде кај тебе у кола со се мобилниот и новчаникот и ќе и ги однесеш пред врата.
 
SpiderWeb

ја заменува титулата под името во вашите мислења.
Член од
12 мај 2008
Мислења
632
Поени од реакции
622
Оти ниедно женско не искоментира на темата?
 
Член од
22 август 2009
Мислења
615
Поени од реакции
221
Па со неколку предпоставки вака би изреагирал

1.Ако уште ја сакам и плачам по дома ради нејзе, кога ќе ми заѕвони, и спуштам нормално зошто имам без пари од вип, јас ќе и се јавам. Е сега она ми кажува за што се работи, јас и спуштам и одма вртам кај другар на телефон и плачам нормално.

2.Ако не ја сакам веќе, големи се шансите да не се јавам.

3. Ако не ја сакам, а ме заебе ми се јави од друг број, кога ќе ми каже дека на крајот од вечерта спиела со некој друг, ќе се израдувам, зошто или веќе ме преболела, а и ако пак ми се закачи ќе имам за што да се вадам
 
Член од
28 јули 2012
Мислења
106
Поени од реакции
62
Ми се има случено слично на ова,со бивша ама после една недела од како раскинавме,ми значеше не викам не исто и јас на неа,јас веќе неколку дена бев надвор од државата кога и ми се јави и 500км поминав за да дојдам и да ми кажи коа грешка ја направила и дека и значам.Затоа ако не ти значи сега одржувај контакт со неа за секој случај т.е по потреба,а ако ти значи тоа е веќе друг муабет
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.997
Поени од реакции
24.454
Вашата бивша девојка ви се јавува за помош и совет за одредена работа, за да на крајот од вечерта ви признае дека има друг и дека со него спиела а притоа цела вечер го игнорира тоа за да на крај признае. Како би изреагирале на тоа ?
Да погодам, од прво демек се правеше таинствена ама после ете ти призна и тоа наводно со судни маки, шо се вика мораше со клешти да и ги вадиш зборовите? Ехехе.

Слушај сине сега да ти раскажам една приказна. Вистинска. Автобиографска. И така нели сум исфрустриран оти сите ме имале заебано, бар една прича да биде автентична како што треба. Бар да ми душмани са разлог курац попуше.

Ми се јави еден ден. Не беше многу поминато од раскинувањето. Да сме се виделе. Прифатив. Оти е исто како со фобија. Ако имаш страв од висини, или цел живот ќе бегаш од високи места или ќе се качуваш секој поминат ден што е можно повисоко и повисоко, ќе повраќаш од вртоглавици, притисокот ќе ти рипа 200 со 140 ама после одредено време ќе можеш на бездни да им се смееш у вагинален отвор. Или бегаш од фобијата и таа те победува, или ја совладуваш и ја поразуваш ти неа. Исто беше и во мојата ситуација. Без размислување прифатив видување. И од денешен аспект и после 100 години од сега истото ќе го направев. Ја знаев многу добро причината зошто сака да се види со мене. Знаев дека има нов дечко, а она знаеше дека јас знам за тоа. Точно ја знаев нејзината цел. Спротивно од многуте машки тврдења (кои размислуваат со стапот) дека жените биле комплицирани, нема ништо попровидно и попредвидливо од жена.

Логички нели тука се поставува прашањето-Што кур ме вика кога ем сме бивши ем има нов дечко? Одговорот е многу едноставен. Суетата. Женската. Не постои ништо на светов што таа нема да го направи, не постои никаква препрека, ако треба ќе се курва за пари, ако треба ќе спие во кал, ако треба ќе се резили пред фамилија, блиски, пред сограѓаните, пред светот, не постои цена за да и биде суетата задоволна.
Тоа на прв поглед не изгледа така. Кај мажите суетата делува поголема. Си мерат курови дали во спорт, дали во кој има повеќе пари, дали во кој повеќе ебел во животот, дури и ќе се затепаат некогаш физички и забегуваат во тежок сељачизам. Ама кај жените е друго, притаено. Женската способност за глума и злоба е вон сите категории на Оскар. За разлика од мажите кај којшто се е на виделина, жените се крајно подмукли створења. Своите мрачни, садистички тајни им се најдлабоко закопани, за во даден момент со брзина на напад од змија да бидат употребени. Нешто како оние Американци, 20 години работи во фирма молчелив, повлечен, без никаков траг на агресија, влегува еден ден со сачмарката и со полуавтоматски пиштол Смит и Вестон и ебава маме по катови од хедквортерсот. Резидент ивл, притаено зло. Како оној на Росаура, куќната помошничка во домот на Алфонсо Ароча кој подоцна ќе се испостави дека не е никој друг туку дедото на Касандра одглумена од Кораима Торез.

Но доста беше општото појаснување и синтезата, да се навратиме на конкретниот пример и анализата односно како таа суета беше апликативна во мојата ситуација. Не постои поголем оргазам за жената од тоа да дознае дека мажот е условно кажано зависен од неа. Дека таа е огромен фактор во неговиот живот. Таа духовна храна не престанува со раскинувањето. Она и после раскинувањето сака да знае дека он страда, се мачи, во емотивна болка е оти она не е веќе со него. Не е битно дали ти се осеќаш мизерно, дали си во депресии, дали док је она са њим ти на лековима живиш да поднесеш бол (Аца Лукас). Сосем обратното, колку си повеќе на дното толку повеќе се полни нејзиниот еликсир на младостта. Твоето страдање и твојата болка е нејзиното возвишение, воскресение. Нормално тоа она нема да го изрази јавно, ако е кучка не значи дека е и глупа. Дури и ќе одглуми епматија, ќе сочуствува демек криво и е, мака и е и ќе заплаче ако треба. А во нејзе пукаат огномети и петарди од победа. Затоа што тоа е запишано во гентскиот код на жената. Исечи и ја душата и стави ја под електронски микроскоп, извади и ги најсилните желби, страови и жаришта и таму нема да најдеш ни шминки, ни хаљини ни танги ни солариуми ни крајно идиотски глупости како Сексот и Градот. Во сржта лежи мажот и нејзината моќ околу истиот. И со двете раце потпишувам дека ако треба да одвојам еден единствен фактор кој е најбитен за женската среќа тоа е способноста да влијаат кај мажите и да имаат моќ над нив. Колку повеќе удварачи, колку повеќе запаленковци, колку повеќе дркаат на неа, колку е попосакувана толку она повеќе блеска. Најисполентите, најзадоволните, најсреќните девојки во животот што сум ги запознал не биле богаташките, интелигентните, успешните во кариера туку оние кои имаат најголем круг на машки хиени со исплазени јазици.

Затоа и ми се јави. За да си ја нахрани душичката. За да ужива додека се препелкам доле, дека ми е тешко, дека се мачам за неа. И десна рака ќе ставам дека ќе пукаше од блажоини ако направев некој крајно очаен потег од типот на да ја молам да се врати, нешто на кое што она познавајќи ме мене може не го очекуваше но во нејзините најоптимистички сништа го посакуваше. Но она достојно ме потцени. Во математиката не прерачуна неколку работи. Прво, фактот дека мене ич кур не ме боли. Второ, дека до стадиум на тупење до влакно (како што се впрочем нели и моите постови) можам да исчешлам ситуација не испуштајќи ни најситен детал. И трето, мојот епохален инат кој повеќе ми бил од корист отколку штета во животот иако многу и од фамилија и од блиски ми го посочувале како маана. Она сакаше да ме порази, садистички да ужива во својот триумф. Ама и јас знам да го извадам садистот и да живам во такви работи нарочито кога некој ќе ме чепне на лошо место и сака да ме собори или со мојата хороскопска девиза-Не дирај јарцу у курцу (кога не треба). Затоа и отидов. Секое повлекување и одбивање на средбата без разлика што на прв поглед делува како најдобро решение ќе беше како да побегнеш од мечот, да се испичкаш од боиштето. Како фобичарот кој вечно ќе биде гонет од фобијата.

Боди ленгвичот во такви ситуации е многу, многу битен. Седнавме во кафичот. Јас седнав на работ на столчето и се навалив скроз. Повеќе делуваше дека лежам отколку дека седам. Си го викнав врсникот од Трст му турив 2 леда а од металната табакера си ја извадив Никотина (се пушеше тогаш во кафичите), ја потчукав малце од филтерот по табакерата за да се компресира тутунот и ја запалив со Зипото. Притисок 120 со 80, во тој момент и геј песните на Смитс да одеа во позадина а Ана Јовковска да ми ги лупеташе тие некои нејзини атеобудистички глупости ама демек со софистициран вокабулар ама ич око немаше да ми трепне. Поиделано, само на плажа. Ја оставив да збори додека лежерно си пиев шток и си пушев цигара. Ја прашав за фамилија, за другарки, за работа. Во очите и се читаше нетрпение. Секоја пора од нејзината кожа и секое влакно од нејзината коса беше на работ да се запали од нетрпение да ја прашам за новиот дечко. И ја осеќав напнатоста дур во полулежечка положба буквално си правев кругчиња со димот од цигарите, знак дека апсолутно и метеор да удри во тој момент нема да смени ама баш ништо. Откога раскажа се за се останато и откако виде дека не ја прашувам она што сакаше да ја прашам почна да станува нестрплива. И тука почна нејзиниот пораз.

Многу беше битно јас да ја прашам за да не излезе дека ете она е апла кучка која едвај чека да ме прави мене љубоморен. Требаше да биде дека ете ми одговорила оти јас сум ја прашал, јас сум бил љубопитен, а не дека она сакала да се фали и намерно да ме ебе. Тоа ќе ја направи неа апла идиот од прв степен, а жените како што реков се лукави, ѓаволот, резидент ивл. Почна да ја фаќа нервоза. Знаев дека ситуацијата е во моја контрола. Знаев дека жива ќе се изеде ама мора и таа тема да ја издискутира, па макар и излегла апла кучка, мораше да ме види како страдам. И не издржа срце женско, суетата е помоќна од се, а јас тука ја чекав. Те интересира ли за новиот дечко-ме праша не баш задоволно и некако со пола уста(оти она ја наметна темата а требаше јас за да она има оправдање). Ако сакаш да кажеш, кажи-скроз ладнокрвно и одговорив и надаље правејќи си кругчиња ос димот на цигарите и пиејќи ја 3тата или 4тата чаша Шток. Ама тебе дали те интресира?-веќе не можеше да ги држи карите затворени мораше да ја направи таа жртва за да триумфира на крај. Како сакаш-и реков со ист тон. Почна да ми збори за него. Воопшто не ја прекинав со потпрашања туку останав во истата позиција и само повремено со блажена насмевка која човек ја има кога некој близок пријател ќе му каже дека ќе се жени, ќе има дете или дека добил унапредување од работа само кажував-Браво, супер, така треба, еј баш убаво, баш ми е мило. Заврши и со тоа излагање. Ако фактот што јас не ја потегнав темата беше тежок удар врз неа, моментот што не само што не смрштив фаца, не само што не се ни закашлав туку и дури и срдечно и дадов до знаење дека ми е драго што убаво и иде, тоа ја дотолчи до крај. Моја беше. Требаше само да се зададе завршниот удар. Или кажано флиперски (за покемон генерацијата-Флипер е предокот на Сони Плејстејшн)-Финиш хим (хер)

Се фати за ситница, од што немаше за што. Зошто не сум и сипал пијалок, порано тоа сум правел. Околностите се менуваат а со тоа и навиките и приоритетите, и одговорив спокојно. Збесна. До стадиум за нејзе невиден претходно барем од моја страна. Д тејблс хев турнед, д хантер бикејм д хантед. За малце ќе направеше и сцена во локалот. Остатокот не е интересен за раскажување. Нема да кријам. Со триумфално чувство си отидов дома. Уф колку беше слатко само тоа, во тој момент дури и повеќе од на баба ми Божиќната баклава што моментално ја мцкам. А од тоа тешко што е послатко.

Сине има само еден начин има да поразиш жена, и да ја удриш на најслабата тачка (суета) со најмоќното оружје-Некуроболие. Дури и да одиш од крајност до крајност плачејќи како мало дете или удирајќи ја физички победува таа. Шамарот ќе и ги активира нервните завшетоци за чувство на болка ама таа ќе помине за пола саат, саат, Дури и оток и гребнатинка ќе зараснат за 2-3 недели, срамот ако си го направил тоа во јавност брзо ќе избледне. Ама тоа е мала цена за нејзината душичка, а ти ти си дозволил да те изнервира, да ти е стало до неа, да изгубиш контрола. А контролата не се губи туку се трансферира од една во друга перцепција исто како и парите. Твоето губење на котрола значи нејзино добивање, нејзина моќ над тебе, нејзина победа, твој пораз. Шлаканицата ќе ја боли 10 минути, твоето некуроболие ќе го памти вечно.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
934
Шлаканицата ќе ја боли 10 минути, твоето некуроболие ќе го памти вечно.
Види, најпрво навистина не ја разбирам потребата од средба со бивши партнери ако имаш нова врска. Ако врската е функционална, премногу непромислено ризикуваш да ја изгубиш, бидејќи тековниот дечко или девојка не само што нема да е воодушевен/а од самата средба, туку позначајно е што не ни помислуваш кога ти е веќе убаво со некого, да докажуваш и покажуваш некому од минатото било што... А, ако некој мисли дека средбата ќе помине незабележано, ќе потсетам дека не живееме во милионски градови, туку напротив во такви каде е дури заморно колку немаме избор во однос на тоа колку (не)сакаме да знаеме за другите...

Доста имам размислувано на тема кого всушност помниме најмногу, иако сите бивши ги помниме доколку немаме некакво нарушување на меморијата :D ... Мислам дека мажите генерално ја помнат најсилно онаа што најмногу ја сакале, а жените оној кој најмногу ги сакал, бидејќи обично натаму посегаат во своите спомени кога имаат потреба од тоа. Затоа приматот барем во спомените и посебното место во емоционалниот и его-суетниот склоп не оди кај оној кој ја поразил со најсилно некуроболие, освен ако не бил најзначаниот нејзин избор (на кого потрошила најмногу емоции, време итн.), за сите останати се возвраќа со подеднакво невагиноболие :D...
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.833
Поени од реакции
23.194
Ако веќе влегуваме во длабокоумни дискусии само ке заклучам дека дечкото кој ја почна темата не е баш искрен со нас, или према него сеедно.
Не е многу битно ние што би направиле во дадена ситуација туку што би направил тој или што веке има направено во дадената ситуацијата.
Само една работа е многу битна пред да направи било што, а тоа е дали како прво и основно е искрен према себеси.
Оти единствено позаебано нешто од тоа да те лажи некој е сам да се лажеш. Многу е лесно да речеш мене многу ми е гајле за неа, ја преболив, бла бла бла но длабоко во себе дали е така.
А ако не ти е јасна борбата тогаш што и да направиш ке изгубиш.
Така да сега се поставуваат неколку подпрашања.
Прво дали се уште ти значи нешто во животот. Не дали нејзе и значиш нешто, тоа го заклучивме колку си и значел.
После дали си спремен да простиш и која цена си спремен да ја платиш( тука се мисли на гордоста секако).
И трето ако ништо не ти значи како би се поставил во ситуацијата за да или испадниш кавалер и не ни покушаш да ја искористиш ситуацијата која ти се пружа , да ја искористиш кавалерски онака без многу вратки и понижувања или да ја искористиш ситуацијата и при тоа низ нос да и го извадеш сето тоа ( ова во зависност колку ти значела па автоматски колку те повредила претходно).
Секако имаше и четврта варијанта која ти ја пропушти а тоа е ако се уште нешто ти значи но тешко дека би проголтал некои работи и секако не се гледаш заедно со неа во блиска или далечна иднина, а претпоставуваш дека ако се сретните би направил работи за кои подоцна многу ке се каеш , едноставно да не одиш и крај.
Така да како што реков, прво биди искрен со себе па наеднаш борбата ке ти стане појасна.
 
P

puppete dolly

Гостин
ете јас сум женско ама воопшто не го поддржувам потегот на таа бившата.За значење,не верувам дека и значиш,инаку зошто би дошла да се пофали дека пробала нов к*р? Или сака да те залажи со тоа дека и значиш за да и бидеш секогаш златна резерва кога другите (кај кои нема да и пали оваа финта,која очигледно била успешна-нели ти останала во мисла со тоа што ти го признала) ќе и ги удираат клоците. Искрено,ако беше за тебе,ќе и беше доволен само ти и само твојот алат и ќе беше среќна и задоволна и не многу љубопитна за туѓи алати,па макар и прв да си и бил во сексот,немаше да биде несреќна затоа што не примила и други к**ови.
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.997
Поени од реакции
24.454
Види, најпрво навистина не ја разбирам потребата од средба со бивши партнери ако имаш нова врска. Ако врската е функционална, премногу непромислено ризикуваш да ја изгубиш, бидејќи тековниот дечко или девојка не само што нема да е воодушевен/а од самата средба, туку позначајно е што не ни помислуваш кога ти е веќе убаво со некого, да докажуваш и покажуваш некому од минатото било што... А, ако некој мисли дека средбата ќе помине незабележано, ќе потсетам дека не живееме во милионски градови, туку напротив во такви каде е дури заморно колку немаме избор во однос на тоа колку (не)сакаме да знаеме за другите...

Доста имам размислувано на тема кого всушност помниме најмногу, иако сите бивши ги помниме доколку немаме некакво нарушување на меморијата :D ... Мислам дека мажите генерално ја помнат најсилно онаа што најмногу ја сакале, а жените оној кој најмногу ги сакал, бидејќи обично натаму посегаат во своите спомени кога имаат потреба од тоа. Затоа приматот барем во спомените и посебното место во емоционалниот и его-суетниот склоп не оди кај оној кој ја поразил со најсилно некуроболие, освен ако не бил најзначаниот нејзин избор (на кого потрошила најмногу емоции, време итн.), за сите останати се возвраќа со подеднакво невагиноболие :D...
Како тоа не разбираш, па женско си. Дури и да не си од тие класичните, сепак по полова диференцијација треба да ти се јасни овие работи. Пишав во претходмиот пост. Цената не е битна, ризикот не е битен, кај жените е битно една работа само-Нив да им е убаво на ду(нд)шичката. Сите ризици и опасности се исплатат, она така гледа на тоа. А она сака да знае дека бившиот уште жали по неа, тоа за неа е доказ дека она него уште му е битна, уште ја мисли и не може да ја заборави, дека e опседнат со неа. Исто и претходно пишав дека машката опседнатост со неа е главен фактор за женската среќа. Исто сум кажал дека на жена и сите пари и моќ на светот да и ги дадеш ама под услов ниту едно машко повеќе до крај на живот да не пројави интерес за неа, таа бргу ќе пропадне (духовно). Така да она мора да си ја смири душичката дека бившиот уште тражи ѕид да главу удари (пак Аца Лукас). Тоа што она сега има дечко па дури и добро да и иде со него е сосем друг муабет и тотално небитно со другиов случај од нејзина перспектива. Сегашната врска си е сегашна врска, но бившиот да страда по мене е сосем друга работа, сосем друга екстаза. А за таа дрога ниедна цена не е превисока.

Апсолутно не се согласувам со тебе. Да, мажите ја памтат таа што најмногу ја сакале, ама жените го памтат оној над кого што имале најмала моќ, оној кој бил најрамнодушен, оној кого не успеале да го изиграат по нивни терк. Оној што најмногу ја сакал е лесна играчка, лесен плен неинтресно. Како да одиш во лов на желки или пак со флиперски термини како да ја играш првата стаза со играта која е и најлесна цело време. Како и што пишав на други теми, жените се како деца а мажите ги гледаат како играчки. Не е интересна лесно достапната играчка туку онаа по која тешко се посегнува, така и мажот кој е нјацврст не и се предава, не му е до толку она битна на него го става секое класично женско во позиција на излудување. Таквиот тип на маж ги потопува нејзините способности, целата суштина на нејзиното постоење е доведено во загрозеност. Тоа баш тебе ти го објаснував во една друга тема, тука за да не се повторувам
http://forum.kajgana.com/threads/Какво-однесување-ги-привлекува-жените-или-sussaro-style-против-Шкорпион-style.65163/page-22#post-5518052
Девојката секогаш ќе ја боли оној бивши дечко кој бил најиндиферентен кон неа. Рамнодушноста е најголемата болка што можеш да и ја нанесеш на едно женско, нејзиниот најголем страв. Фобијата дека при евенутално раскинување на врската дечкото бргу ќе ја преболи и замени би бил за неа поразителен.

Сето ова не им е јасно на машките, оти не размислуваат аутсајд д бокс туку се водат по своја машка логика-ако ме чешаат јајцата ќе ги чешам, ако ми се јаде ќе јадам, ако дошло да се тепаме во кафана ќе се тепаме во кафана. Нивното размислување и делување е најчесто едноканално, затоа машкото како машко е симплицирана форма на делување и резноирање по базична логика. Тоа не значи дека се нискоинтелигетни, туку само дека не усложнуваат работи. Машко и доктор на науки да е и преполн со знаење пак работи по истиот принцип-колата нема уље-оди и смени и, гледаш смешен филм-смеј се, те изнервирала девојка ти-расправај се со неа. Затоа и се многу лесни за комуникација и хендлање. Од друга страна женското функционира на други драјвери. Не ги влажнат истите работи, имаат многу перфидни и подмукли начини на функционирање, сплеткарошење, интриги и садистички нагони за хранење на его. И тука настанува тоа недоразбирање и чудење на машките зошто она му раскинува после 5 години иако имале супер врска (ова е само еден пример). Ако сфатиш на што гориво работат, после тоа е многу поелсно да предвидиш постапки.
 
А-хам, имам полова ,,квалификација,, по која морам да разберам :D... Искрено, лично јас никогаш не сум отишла на средба со бивш дечко дури имам нов дечко, да го мерам неговиот степен на хендбег од некој армиран ѕид по мене :icon_lol: ... Ако разберам дека мојот дечко си организирал ваква средба со негова бивша, ќе ја прекинам врската... Постои нешто именувано како почит, а таа се заслужува, затоа штом решам да имам врска, тоа го правам со личност која ја почитувам и чија почит што сме заедно треба да ја оправдам, а многу значаен момент тука е што две возрасни личности треба да стапат во врска кога сите нивни минати врски се завршени и запечатени на сите нивоа... Личности кои играат на карта резерва, кои имаат недовршени сметки и уште наплатуваат некои камати на некакви рати за неизбалансирани салда од минатото, мене не ми се потребни, ни па јас сакам да бидам таков ,,играч,, ...

Не си во право околу делот со помнењето. Види, сите посегнуваме по спомените кога сакаме да ни предизвикаат пријатни чувства, спротивното би било кристално чист мазохизам... Мажите се суетни битија, надворешниот одраз им е многу значаен, затоа обично најмногу губат глава по жената која ја идеализирале најмногу, баш онаква по која им течеле најмногу лиги на другите мажи кога ќе ја виделе, згора на тоа ако била и образована, од добро семејство итн. итн. секоја позитивна особина го крева нејзиниот скор и неговата гордост поради таквиот трофеј, затоа таквата девојка е ултимативната среќа и ако таа припаѓа на минатото, таа ќе биде споменот по кој тој ќе посегне кога му тонат бродовите или кога сака да го долови, барем за миг, времето во кое најмногу се чувствувал свој на своето... Кај жените е обратно, тие го сакаат споменот на оној дечко кој ги гледал со посебен сјај во очи, кој едвај чекал да си дојде од работа, за да и‘ се јави и признае дека ја мислел цел ден, оној кој крои планови за нивната иднина, кој внимава во секој поглед на своите зборови и акции, како дури и ненамерно не би ја повредил... оној за кој била вистински посебна, кој не морал ни да го изговори тоа за да таа знае. Иако скоро секоја жена имала и некој манипулативен идиот, кој играл мајнд фак игрици на доминација и сл. и бил експерт на полето на емотивното некуроболие, сепак тој е лош спомен и не, никоја не се сеќава на ваквиот бивш, кога сака да го оживее минатото...

Се согласувам со делот дека жените се далеку поподмолни, играат задкулисно со најнепредвидливи девалвации и пресметани калкулации, со почитување на правилото дека се‘ е дозволено, а ферплеј-от го дефинираат крајно субјективно, кога е еквивалентен на нивните цели, небитно колку е етички исправен :icon_lol: ... Иако сум жена, повеќе се пазам од жените и со многу помала доверба им пристапувам, ретки се оние кои успешно се издигнуваат над малициознта подметнувачка природа, во чиј корен лежи крајниот егоизам... Ама, од друга страна, не можеш да ме убедиш дека во 5 год. машкото не видело никави знаци дека врската му е дисфункционална, па сега му ја даваш улогата на целосна жртва на околностите... Иако, оваа улога знае да е удобна и многумина од двата пола ја злоупотребуваат, ама оној кој со години замижувал пред своите проблеми, јас искрено не гледам зошто би го сожалувала, освен ако не е навистина дотолку глупав, ама не верувам дека тоа е причината, според која си го навел примерот... Со други зборови, ако си станал жртва, си ги дозволил, преќутно барем условите на жртвување, бидејќи никој, ама баш никој не си дозволува повеќе од она што му се дозволува од другата страна... ;)
 
Па да, што се чудиш. На Германец да му објаснуваш зошто во 2 кафича на Ленинова кои се одалечени 15 метра еден од друг, во едниот е кафе 60 а во другиот 100 и дека во поскапиот е полно а во другиот не поради тоа што таму била шемата ќе се крсти со лева рака од чудење. Јас од друга страна како Македонец го разбирам тој феномен, што не значи дека и го правам. Башка види што убаво си пишала после тоа како си разбираш
Иако сум жена, повеќе се пазам од жените и со многу помала доверба им пристапувам, ретки се оние кои успешно се издигнуваат над малициознта подметнувачка природа, во чиј корен лежи крајниот егоизам...
А за останатото во тој параграф-Је, је, је возрасни личности, почит, заслуга, дрн дрн јариња. Сите знаеме како треба, сите сакаме мир во светот, сите жени сакаат џентлмени, никоја не сака сељаци. Сакаш анкета да направиме во градов па да видиш дека сите ќе го кажат тоа што ти го пиша. Не ти кажувам јас како треба, како е исправно или кои се твоите преференци и дали ме лажеш или не па сега по твојот пример јас треба да прифатам контрааргумент. Јас ти кажувам како реално Е. А Е како што јас пишав дека Е. Не затоа што мене така ми одговара, не затоа што сум бил шовинист, не дека ме заебала некоја, него затоа што кога ќе излезеш од Дизнилендот што се претставува тука на форумов, реалноста е таа. Не, не е ова само мој став, субјективно гледиште, моја перцепција и слично, ма колку сака нека звучи арогантно тоа е риал лајфот.

Мнемозина, чинам дека за ништо во животот не сум бил повеќе во право од она со помнењето. И да, мазохисти сте. Јас знам неброено случаеви кога жените останувале со мужињата нивни алкохоличари, наркомани, коцкари, курвари, физички и ментални абјузери, опсесивно љубоморни говеда социјални напатени олоши од кој јас кога би бил женско би ми било срам по продавница да ги пуштам а не па да го преставам пред некого како мој вереник.
Знаеш од кој случаеви најмалце сум гледал? Од оние кога дечкото бил коректен према девојката. Кога ја чувал како вода у очи. Тие најмногу го јаделе стапот. Континуирано. Од разниот диверзитет на другари и луѓе што ги знам а верувај ми знам се и сешто сакаш од возраст до ниво на образование до дали слушаат рап или метал, сингл се оние воспитаните оние кои не знаат или не сакаат да се курчат, да се наметнуваат со тој суптилниот селски начин кој индиректно вика, јас сум најпаметен, мене курот ми е најголем и слично. Жената сака суптилен сељак, тоа го дискутиравме на другата тема. А го памти оној што најмалку вложил на неа. Тоа за неа е животниот неуспех, последниот испит поради кој факултетот уште не ти е завршен. Ако го положи некогаш сите други ќе ги заборави, ама ќе го памти тој оти најмногу ја намачил. А ако не го положи уште повеќе ќе го памти оти поради тој испит не дипломирала. Културен, фин, воспитан маж за просечна жена која во менталната еволуција е на ниво на предпубертетска возраст, (доказ-Преку 90% омилен писател им е Коелјо или Ог Мандино, омилен филм Сексот и Градот, омилена ментална активација дали од Манго или од Теранова да си купи фармерки и слично) е како ланската играчка. Пробана, дегустирана, неинтересна. Што има интересно во машко кој те почитува? Ништо. Е да, ама ако го признаеш тоа јавно тогаш си сељанка, оти и стварно си. Затоа ќе глумиме сега дека сакаме дечко како од Црвен Крст, за кога истиот ќе се појави автоматски да го ставаме во фолдерот најдобар геј френд оти знаеш не можеш да го гледаш повеќе од другар. А причината зошто некои машки ги гледаш како другари а други како оплодувачи мимо непривлечност и слично е само сељачизмот. Сељакот ебе, оној што ги гледал со посебен сјај во очи дрка. Мислам миљарда пати го разглобував ова немој глуп да ме правиш со сил, како да живеам во Таџикистан, кога гледам секојдневно што се дешава. Апсолутно немаш никаков издржан контрааргумент тука. Не се ни обидувај да го пласираш, ми ја злоупотребуваш добрата реторика, а веруј ми тоа е привилегија што ретко кој ја добива од мене. Не ме терај да се обраќам со подбив и тежок сарказам оти ако продолжиш со овие неиздржани баналии ќе мора и јас да спуштам ниво. Жени го памтеле тој што ја гледал со посебни очи. Тоа е во најмала рака кажано смешно. Па тоа нема ни во оние измислените атеоанархолиберосвисмоисти светови на Анфем.

Веќе во следниот дел благо се поправаш. Со една драстична разлика. Транспарентноста. Мажите се дирекни створења. Кога го гледаш каков копук , не можеш после да се жалиш дека си била со копук. Мене не ми смета карактерот на женските каков и да е се додека е јасен. Нека дојде нека ми каже-Шефе јас сум со тебе дур имаш пари. Ако снемаш или ако начекам некого со повеќе ти правам бај-бај. После тоа нема право да се буниш и да ја нарекуваш ваква или онаква. И затоа женско ќе ми реплицира ама и мажи има идиоти. Да, ама го гледаш дека е. Ти свесно го избираш идиотот. Реков и ова претходно, мажи не ги бива за глума, за скриени агенди, за подмуклости. Не амнестирам мажи од тешки идиотштини како на пример тепање жени, мавање шишиња низ дома, тепања во кафани оти некој ги погледнал чудно, или потенцијално смртоносно тркање со коли пијани на семафори на црвено по Партизанска. Но колку и овие постапки да се за осуда и дури и тежок затвор, не можеш да ја употребиш акузацијата на нетранспарентност и педерска затскриеност. Знам случај, да не го натераше ѓаволот да и го пробуричка мобилниот (крајно неетичка постапка признавам, меѓутоа искрено кажано оправдана-На жена треба да си луд да и веруваш) ќе ја земеше за жена. А вака ги гледаш абе ружи цветаат, нема шанси маж да се скрие толку време и да ќути. А оваа мува не ја лазеше, мислиш искрена и отворена како Косово. Абе признај си-Таква сум и тоа е тоа, очеш-нечеш. Сигурно има некое од оние стрејт мен ин сапорт оф ГЛБТ мулиња кои нема да му пречи каква и да си. Обично тие се оние со ставот, не биди заостанат што е битно што жена ми ја имаа црнци мавано со кур по чело кога мене ме сака а со нив се плеска онака само од разонода, без емоции. Ама неее, ти не сакаш таков, ти сакаш да те мужи еснаф дете. А еснаф децата не сакаат кучки. Еми тава е положението.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom