Медитација

Член од
26 јуни 2012
Мислења
167
Поени од реакции
135
Фатете и вежбајте јога.
Медитирање со затворени очи додека мислите на Мила Јововиќ не е медитирање.

Чао!
 
OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Oшо,јас истово го постигнав со слушање музика на компјутер и гледаќи клипови од Џорџ Карлин на Ју-Туб.
Ај се калдиме дека не си го постигнал... Да моментално додека трае музиката, или клипот... ами после тоа... кога ќе има вистински проблем кој сака да се соочиш со него... Хм...
Помагаат тие работи не викам не... ама... :)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.319
Поени од реакции
12.335
Само да кажам:
При изведување на вежбите врзани за некоја од гранките на јога (асана, пранајама, пратјахара, дијана-медитација) се препорачува апсолутна тишина.
Сите тие њу ејџ совети на кои ќе налетате по нет, за да си олесните со музика и галама при праксите, е само на ваша штета и ништо поеќе.

Секоја вежба и пракса колку и да ви е непријатна на почетокот, со текот на време ако имате волја, тоа ќе го надмините и непријатноста ќе исчезне, болката ја снемува, досадата прераснува во уживање...
Не ви требаат надворешни помагала за да си олесните, помачете го умот, телото за да бидат посилни, а не да си одмагате со осленување на тежината.

И така :)
 
A

AnFem

Гостин
Oшо,јас истово го постигнав со слушање музика на компјутер и гледаќи клипови од Џорџ Карлин на Ју-Туб.
Јас имам и медитирано и слушано музика во комбинација со гледање на Карлин и ќе ти кажам дека едното со другото нема никаква врска. Ти кога последен пат медитираше?
 
W

Werther

Никогаш не сум медитирал.
 
Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
Медитација е за луѓе што све у живот им е намирено.
 
A

AnFem

Гостин
Медитација е за луѓе што све у живот им е намирено.
Ти кога последен пат медитираше? :icon_lol:

Ај овака: Имаш голем напад на нервоза, без разлика која е причината, што ќе направиш, ќе продолжиш да се нервираш додека да добиеш нервен слом, или полошо, срцев удар, или ќе седнеш, ќе диши длабоко и ќе пробаш да се смириш?
 
Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
Ти кога последен пат медитираше? :icon_lol:

Ај овака: Имаш голем напад на нервоза, без разлика која е причината, што ќе направиш, ќе продолжиш да се нервираш додека да добиеш нервен слом, или полошо, срцев удар, или ќе седнеш, ќе диши длабоко и ќе пробаш да се смириш?
Не медитирам јас, него пешачам излегувам надвор. Не сум некој да дотера до нервен слом или срцев удар. Плус ако имам проблем за да дојде до некаква нервоза, тоа е ок, нека бидам нервозен, нема потреба да потиснам нервоза со медитација рецимо час-два, и после пак да се нервирам. Тоа ти е исто како да си заспиеш нервозен, и кога ке се разбудиш пак си нервозен.
Неможе нервозен човек да медитира, не е правилно. Јас мислам дека за да се медитира треба да си супер кул со ладен мозок, значи да си немаш бриги и тек тогаш можеш да го сваќаш универзумот т.е. самиот себе со медитации.
А ако ти е празен стомак веќ седми ден, се немаш згрејано саглам цел месец, немаш спиено со недели, а и кога спиеш не ти удобно не ти топло, преладена си и други проблемчиња ситни, абе медитирај после со глава надоле а нозе нагоре, пак ти е џабе, губиш време.
 
А од каде тоа дека нервозата се потиснува со медитација? Еве, сам кажа дека не си запознаен со медитацијата.
Медитацијата обично не доаѓа спонтано, имаш разични вежби пред да дојдеш до степен да медитираш. Оди прашај јогини, будисти... како медитираат со празни стомаци, голи и боси. Дојди до степен на медитација, ќе почнеш поинаку да гледаш на работите. Нервозата нема да ја доживуваш на ист начин како пред тоа, или со толкав интензитет. Примерот за нервозата ти го дадов чисто за да размислиш од каде почнале луѓето на кои се им е намирено.
 
Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
А од каде тоа дека нервозата се потиснува со медитација? Еве, сам кажа дека не си запознаен со медитацијата.
Медитацијата обично не доаѓа спонтано, имаш разични вежби пред да дојдеш до степен да медитираш. Оди прашај јогини, будисти... како медитираат со празни стомаци, голи и боси. Дојди до степен на медитација, ќе почнеш поинаку да гледаш на работите. Нервозата нема да ја доживуваш на ист начин како пред тоа, или со толкав интензитет. Примерот за нервозата ти го дадов чисто за да размислиш од каде почнале луѓето на кои се им е намирено.
Тоа е одлука да живееш како будист, со јоги моги и медитации. И јас да се одлучам да живеам така значи прифаќам да ми биде така како што ми е и ке сум среќен поради тоа на некој начин, да се откажам од се. Но затоа што јас несакам да се откажам од некои работи у живот неможам да се понашам како јогист. Плус за да учиш за јога како на пример ти, мора да идеш на часови по јога, кои сигурно не се бесплатни.
И јас Анфем кога одлучувам да идам у шума недела дена, знам што ме чека тамо, преживување, глад, жед, неудобнос, испотеност, инсекти, повреди, минимална хигиена. Ама тоа не ме прави нервозен, зашто знам кај идам, појдов со таа намера. Додека некој првпат што иде со мене цело време е нервозен и сака дома.
А ти си била у таква ситуација како што наведов јас? значи проблеми, не тамо дечко ти пишувал со друга на фејсбук, па ти си нервозна па дај ке медитирам и после 30 мин си како нова. Не не, проблеми, значи имаш проблем да преживееш.
 
A

AnFem

Гостин
Тоа е одлука да живееш како будист, со јоги моги и медитации. И јас да се одлучам да живеам така значи прифаќам да ми биде така како што ми е и ке сум среќен поради тоа на некој начин, да се откажам од се. Но затоа што јас несакам да се откажам од некои работи у живот неможам да се понашам како јогист. Плус за да учиш за јога како на пример ти, мора да идеш на часови по јога, кои сигурно не се бесплатни.
И јас Анфем кога одлучувам да идам у шума недела дена, знам што ме чека тамо, преживување, глад, жед, неудобнос, испотеност, инсекти, повреди, минимална хигиена. Ама тоа не ме прави нервозен, зашто знам кај идам, појдов со таа намера. Додека некој првпат што иде со мене цело време е нервозен и сака дома.
Не мора да живееш таков живот, не мора да одиш на часеви и не мора да плаќаш за тоа.
Ете ти ја тебе јогата, конекција со природата. :) Уште да научиш нешто повеќе околу медитацијата пред да критикуваш и на коњ си! :)
 
OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Само да кажам:
При изведување на вежбите врзани за некоја од гранките на јога (асана, пранајама, пратјахара, дијана-медитација) се препорачува апсолутна тишина.
Сите тие њу ејџ совети на кои ќе налетате по нет, за да си олесните со музика и галама при праксите, е само на ваша штета и ништо поеќе.

Секоја вежба и пракса колку и да ви е непријатна на почетокот, со текот на време ако имате волја, тоа ќе го надмините и непријатноста ќе исчезне, болката ја снемува, досадата прераснува во уживање...
Не ви требаат надворешни помагала за да си олесните, помачете го умот, телото за да бидат посилни, а не да си одмагате со осленување на тежината.

И така :)
Ти бапнав лајк не дека се слагам целосно со постот, туку има по нешто фргментално што ми се допадна... ама ова твоево дека е потребна апсолутна надворешна тишина не ќе да е така(да и така може но)... прво начинов кој ти го предлагаш можеби би бил добар за луѓето од дамнешнина... ама за денешно време ако го ставиш некој во апослутна тишина повеќе има шанси да скрене отколку да се смири и преточи во моментот... затоа мислам дека е потребно прво да се замори телото физички па после да се седнува да се медитира(асана, пранајама, бла бал итн...) Дури и Патањали да дојде сега не ќе може да им понуди медитација на денешниве луѓе, и он ќе се испобуни баго мајката... ќе мора нова јога да измисли ако сака да им помогне...
А музиката е нешто најблиско до медитацијата и може да се искористи за навлегување во медитивност со техника на слушање... преимер се тибетските медитации кои ги правеле со ѕвонење на ѕвоно кое требало да се слуша автентично и со целосно внимание... некое време па после се баталува и звукот за да се слушне беззвучната музика...:)
Ама како и да е тоа е само почетокот на медитацијата... после е главниот и битниот дел, ако си медитирал по саат време а останатите 23 часа си спиел(психички) е сега да ја внесеш таа медитивност во останатиот дел од денот и ноќта... значи како во неактивност, така и во активност, каде е вистинскиот тест на тоа колку длабоко си навлегол во медитивноста...;)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom