Знам нешто зборевме у некој ваков концепт поназад... еве ти сликовито да ти го преставам...
П.С. Овие имале ли слободна воља или немале...
--- надополнето: 13 јануари 2013 во 01:45 ---
Уф сеа малце од контекст ми го извади ова.. треба да ме потсетиш што точно зборевме (концепт, не концепт).. сум подзабораил малце.... значи тоа како прво...
Како второ, нема никаква паралела измеѓу овие три култури во поглед на нивна евентуална комуникација, особено на онаа преку атлантикот... Нема не затоа што јас велам така, туку затоа што веќе е докажано дека нема никаква паралела и блискост...
Различноста т.е. сличноста на овие три култури не е резултат на нивно „евентуално комуницирање“, туку на нешто друго, а тоа е „феноменот наречен религија“, кој што е заеднички за сите култури насекаде, со оглед да истиот е човекова творба и ништо повеќе... Тоа е исто како да кажеш за табуто (забраната) или тотемот.. КОнкретно за табуто, земи ги Полинезиските народи и народите т.е. племињата во Африка. Факт е дека одредени полинезијци комуницирале меѓу себе, но добар дел и не биле во можност, поради оддалеченоста на островите меѓу себе (
http://en.wikipedia.org/wiki/Polynesia). Бидејќи со сликава посочи начин на „згрижување на мртвите“, еве како Маорите гледале на тој факт: „
Кај Маорите, секој кој го допрел мртовецот или учествувал во неговиот погреб , бил крајно нечист и речиси отсечен од секаков однос со ближните, така да се рече бил бојкотиран. Тој не можел да стапне во куќата, ниту да му се приближи на некој човек или на предметите, а притоа да не ги извалка. ТОј не смеел ниту храната да ја допре со своите раце, бидејќи таа, поради неговата нечистотија, станувала неупотреблива.“ Од друга страна, на Тонга, имаш ваков случај: „....
Тој што ќе го допрел трупот на главатарот е нечист девет месеци; но ако и тој самиот е главатар, тогаш само три, четири или пет месеци, во зависност од рангот на умрениот; меѓутоа, ако станува збор за главниот главатар - претставникот на боговите - тогаш и најголемите главатари остануваат под забраните на табуто девет месеци. Дивјаците цврсто веруваат во тоа дека оној којшто ќе ги прекрши овие табу-прописи тешко ќе се разболи или ќе умре. Тоа верување е толку цврсто, што според мислењето на еден истражувач (В.Маринер, Домородците на островот Тонга - кај Фрезер стр,140), се уште никој никогаш не се осмелил да се обиде да се увери во спротивното.“ Разликата од Нов Зеланд - Маорите и островот Тонга, е илјада и кусур километри северно на Пацификот. и што овие комуницирале? (Да не дошле вонземјани случајно?)
Или на пример во АФрика - „
Табу обичаи што се однесуваат на телесниот допир (Deliere de Toucher) со мртовецот се исти во одредени делови во Африка - нивниот постојан дел е забраната сами да ја допираат храната и од тоа произлезената неопходност да бидат хранети од друг човек. “
Од друга страна, на пример, општо познат факт е дека во пештерите и карпите во Австралија имаш фреско сликарство т.е. праисториска уметност во која е прикажан животот на Абориџините (т.е. нивните предци), и животот на првиот хомо сапиенс, па еве да речеме и на првиот хомо-неандерталис во Шпанија. т.е. Пиринејскиот полуостров и јужна Франција. Секако дека сличности ќе се најдат, но тоа не значи дека комуницирале, едноставно немаш никаков пишан ниту материјален доказ дека тие на било каков начин комуницирале.
Од трета страна, принципот на мумифицирање не е ист кај египќаните, и конкретно, маите инките или ацтеките. Но е иста причината зошто ги мумифицирале - 1. да ги чуваат мртвите близу до себе, 2. сметале дека дека се живи, само што духот е тука близу и го бара телото за да се врати назад и 3. поради претходните две причини, го спремале за оној свет онаму - од другата страна.
АКо земеш мумија на Инките, и на Египќаните, ќе најдеш огромна разлика. Разликата се состои во фактот што египќаните морале да го спремат телото за мумификација, т.е. за да го спремат за да оди „на оној свет онаму“. процес што се нарекува балсамирање, кој траел скоро 72 два дена. Инките тоа не го правеле, мумификацијата кај мумиите на Инките е Природна, со оглед на условите во кои ги закопувале мртвите. Имено, Инките не ги закопувале на Андите затоа што веќе личноста била претходно мртва, па трупот да го носеле на врвот од Андите,туку личноста била жртва на одреден обред, па „доброволно“ била носена на одредено место и била убивана па закопувана со дарови и одежди за да се задоволат боговите (со оглед да боговите „живееле на врвот од планината“). Мумификацијата е природна поради суровата клима на карпите и почвата каде што ги закопувале жртвите, а не поради одреден ритуал. Заради тоа и ден денес најдените „мумии“ се чуваат во специјални фрижидери.Кај египќаните тоа е сосема друго, тие го спремале за да прејде фаранонот на „онаа страна“, на „другото место“, затоа што принципот на „Ка“ и „Ба“, кај нив има мистично значење и го одвојувал живиот од неживиот свет.
Е сеа, пошто со сликата ја начна смртта треба да го знаеш следново... Осознавањето и претставата за смртта е потреба на човекот, затоа што тоа е на некој начин предизвикано од неговите примарни нагони - нагонот за живот и опстанок, па кога за прв пат свесно се соочил со фактот дека нешто умира, почнал да создава одредена претстава за тоа. Најпрво почнале да ги чуваат мртвите покрај нив, затоа што, како што реков, мислеле дека „тие“ се живи, само треба душата да си го најде патот до телото. Па кога почнал трупот да се распаѓа а овие почнале да се разболуваат од трупот, и истиот почнал да шири реа, решиле да го ставаат мртвиот во друга соба, (праеле посебна соба и ја украсувале). Кога ни тоа не вродувало со плод, решиле да го одведат трупот на друго место - „од другата страна“. Затоа, на одредени места, најчесто, биле погребувани на некој остров, пренесувани на другатра страна на некоја река; оттука потекнуваат изразите „од оваа страна“, „од онаа страна“, или „Преку“. Мртвите убиваат (поради труењето на трупот), скелетот со кој се поистоветува смртта, укажува дека и смртта е само мртовец. Живите не се чувствувале сигурни од прогонот на мртвите се додека не биле разделени од нив со некој „воден тек“.
Интересен е примерот на едно племе, чинам во Африка беше, каде и ден денес трупот го чуваат седнат на украсен стол, некаде подалеку од племето, и каде што во текот на годината, одреден временски период, само еден човек, облечен во облека слична на мртвиот, мора да оди и да го бои телото со боја (да го оживотвори) за да го врати духот назад во телото. Тоа мора да го прави на сите мртви на тоа место. Тоа мора да го прави и на себе, да ја носи истата боја на кожата, за да се поврзе со мртвите да ги препознаат неговите „пријателски“ намери. Слично било и кај Маите - во Паленке, ако не се лажам, беше откриен саркофаг на големата „Црвена“ Кралица - Јол Ик Нал, Црвена затоа што била офарбана црвено. Разликата е што Маите тоа си го запишале зошто тоа го правеле, а Африканциве не, затоа што немале пишан јазик. Значи ли тоа дека племево од Афричкава Џунгла патувало до Гватемала за да комуницира со Маите? Секако дека не.
Или на пример, верувам дека си слушнал за Отци, праисторискиот човек пронајден на Алпите, совршено „мумифициран“ со се облека со се алат и оружје. Он комуницирал со некој од Андите, од Египет? Не...
Значи да расчистиме, типот што ја направил сликава очигледно не ги познава основните нешта за настанокот на религијата и примарните нагони кај човекот при спознавање на смртта како природен феномен. Прво, културолошки не го познава приликите, второ ни самиот тој не знае како кај народите во светот се развил култот кон смртта и трето, како сето тоа имало одраз кон културата и архитектурата воопшто.
Трето, кога сме веќе кај архитектура, шо не ставил типот или што не пишал која е разликата на приамидите кај Маите и Ацтеките. Или кога веќе правел споредби, шо не направил споредба меѓу Асиро-Вавилонските Зигурати со оние пирамиди на Египќаните? Ама не, Едно е ЗИГУРАТ, а друго е Египетска Пирамида. Понатаму, зошто не ставил и објаснил, зошто Египќаните престанале да прават скалести пирамиди, односно зошто Маите правеле скалести пирамиди? Затоа што комуницирале? Ти се молам... Тоа се основни непознавања на историја, антропологија, археологија и архитектура... Се си има свое, а овде не е место да се објаснува.. затоа постојат книги кои треба да се прочитаат. Треба постов да го расчленам на 5-6 дела за да се напише онака како што е, а не како што на некому му прднало, па сега ќе направам монтажа на слика и ќе памфлетирам со тоа неосновано да иницирам сомнеж кај другите..
Барем ти си паметен човек, не потпаѓај на тврдења од такви интелектуални дилетанти и дунстери.
И за крај ЧЕТВРТО, кога веќе велиш „Слободна волја“ треба и тоа да го разграничиш. Оти слободна волја е мнооооооогу широк поим. Секако дека Фараонот по основ на „слободна волја“ сакал да го мумифицираат, но тоа не е израз на слободна волја, туку на религиски обред и обичај кој што е прифатен во таа култура, во тоа опшетство. Тоа е нешто што е сфатено за НОРМАЛНО, а не за слободна волја. Или на пример младите девојчиња и момчиња што Инките ги жртвувале на боговите. Да, „слободна била волјата“ на тие момчиња и девојчиња да бидат жртвувани, ама и не била, со оглед да на почетокот, Инките (барем одредени племиња на Инките) имале посебна каста од која ги одбирале тие момчиња и девојчиња. Мајките ги раѓале, и свесно ги подготвувале за тој чин - обред. Подоцна Инките ги грабале. И нормално, сето тоа било заради самиот обред, кој што исто така бил сфатен и прифатен и практикуван како НОРМАЛЕН, а не како нешто на „слободна волја“.
Онаа „слободна волја“ за која што зборуваме овде е сосема поинаква...