Ски патеки на Водно

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Кои пусти пари за снежен топ бе момче, знаеш ли како функционира таа машина воопшто? Снежни топови впрочем има на сите квалитетни ски патеки и ќе ги има се дур не откриеме начин да го контролираме времето.

И зарем не прочита што пишав? Не секој може/сака да патува 50 километри за 2 саати лизгање. Не се сите клети про скијачи, аман, мрзам да се повторувам. Ти утре твоето дете ако сакаш да го однесеш на лизгање, подобро ли е на 5 минути возење да имаш лизгалница или да мора да се пентариш по планини во тетово?

Ради вакви ставови немаме никаков асален центар за забава во градов па ниту во целата држава. Луна паркот е место каде може да извршиш асистирано самоубиство, по аква паркот во Трајковски почнаа да плукаат, сега и по патекава. Аман веќе, зарем до толку сте хендикепирани од забава? До толку ли живеете само а да заработите некој денар? И каде ќе ги носите парите, во гроб ли?

Ама убаво ти рече, набутај све у скопје. Ете каде лежел зајакот, љубомора била во прашање.
 
Боже Господе.
Скијањето е скап спорт, ако не си у можност да се занимаваш со него играј фудбал.
Потенцијал да на Водно биде изградена некаква си патека или што и да е поврзано со зимски спорт, нема.
Има зимски центри у државава кои плачат за реконструкции, обнова и изградба на капитални објекти во кои и те како може да се искористи нивниот потенцијал до максимум. Се убија фалејќи за Кожуф, толку ноќевања, олку ноќевања а таму лани луѓето завеани останаа. Од конфликтот до ден денес денар не е фрлен на Шапка, од жичарата Тетово-Шапка останаа само столбовите.
На крајот на краиштата ако толку сакаат може да им се понуди субвенционирање на агенциите низ државава за превоз до било кој скијачки центар у Македонија а не да фрлаат пари у ветер на проект кој е осуден на пропаст од самиот почеток.

Никој не љубомори, ама сите што знаат што се е потребно за квалитетно скијање, се против ова.
Не е поентата да се напраи една лизгалица од 10 метри.
 
Ајде богати, ако немам копачки од 500 евра значи, не смеам да искочам со друштво во парк и да поиграме фудбалче? Тибам логиката.
 
Кои пусти пари за снежен топ бе момче, знаеш ли како функционира таа машина воопшто? Снежни топови впрочем има на сите квалитетни ски патеки и ќе ги има се дур не откриеме начин да го контролираме времето.

И зарем не прочита што пишав? Не секој може/сака да патува 50 километри за 2 саати лизгање. Не се сите клети про скијачи, аман, мрзам да се повторувам. Ти утре твоето дете ако сакаш да го однесеш на лизгање, подобро ли е на 5 минути возење да имаш лизгалница или да мора да се пентариш по планини во тетово?

.

wow, како да го контролираме времето? Идејава дојде од 140IQ кабинетот? :гик:

За лизгање имаш лизгалиште. Ако мислиш на скијање да, за скијање треба да се пентариш на планини, затоа што е скијање, планински спорт.

До толку ли живеете само а да заработите некој денар? И каде ќе ги носите парите, во гроб ли?

овој дел не го разбирам, какви пари човече, какво заработување?

Ради вакви ставови немаме никаков асален центар за забава во градов па ниту во целата држава.

Ете каде лежел зајакот, љубомора била во прашање

Какви ставови? Викаш „па ниту во целата држава“. Па шо зборам ја бе батка? Инвестирање треба у целата држава, не само во Скопје. За аква-паркот и луна-паркот никој не ти замера, такви entertainment места се потребни во градот да, но ски-патека?

Каква љубомора бе? :pos: Што ви е со локал-патриотизмот аман?

Сфаќаш ли дека ова делува негативно и за државата и за Скопје? Сфаќаш ли дека и Скопје има свој максимум и дека ќе чуствува последици понатаму? Сфаќаш ли дека во државата има други места за скијање врз кои има минимални инвестиции минативе години и кои плачат за реновирање и кои со мала рекламна кампања можат да носат приходи во турзмот?

Нека ги средат тие најпрво па после нека прават егизбиционистички проекти во Скопје или на друго место каде што таков проект е налудничав.

Али очигледно не сфаќаш оти си заслепен од некоја политика или локал-патриотизам. Неам намера да се расправам, оти знам дека џабе ќе те убедувам.
 
Уф...гледам тупење ски стаза или ски центар...
За двете работи да функционираат треба ски опрема...ратрак, топови..знае некој колку пари се тоа...
Кои пусти пари за снежен топ бе момче, знаеш ли како функционира таа машина воопшто?
Баш дека знам како функционира, тврдам дека нема воопшто здрава логика за вакво нешто на Водно....
 
Ајде богати, ако немам копачки од 500 евра значи, не смеам да искочам со друштво во парк и да поиграме фудбалче? Тибам логиката.

Ако имаш пари да си купиш скии од 300 евра ќе имаш и 500 ден да си платиш превоз до Шапка/Маврово.
 
Целта е, соопшти денеска Градот Скопје, е изградба на современ и модерен скијачки комплекс на планината Водно којшто ќе ги задоволи највисоките светски стандарди за ваков вид на објекти.
Цццццц....

Нека го понудат на приватен бизнисмен, нека му ја дадат и беспари планината, само да инвестира во опрема, па ќе видат колку ќе има интерест :)
 
И гледам некни некој ропак пишал коментар поврзан со новиот луна парк, во стил "Премиере каде ќе го сместите Дизниленд".. Па да ти се плукнам во комунистичката депресија, ако на него му е животот толку беден и монотон што не може да си дозволи забава, не значи дека сите сме такви. Јас за rollercoaster морам дури до солун да идам. Прв пат јавав механички бик во Прилеп. Да отидеш во луна парк со фамилија кај нас во Скопје важи за екстремен спорт кога ќе се видат тие реквизити во фаза на распаѓање. Да ти е страв да се качиш на вртелешка, целата расклатена, само чекаш момент да ти се откачи количката и да те џитне накај Вардар.
Значи на тебе државата е должна бик да ти обезбеди во Скопје да го јаваш и аква парк од 6 милиони евра од буџетски пари за рекреација.Во Прилеп бикот сигурно државата не го платила.

Оваа држава има сто по приоритетни работи отколку рекреација на тебе да ти обезбеди ако некој приватник смета дека ќе вади пари од овие работи нека гради.
Вака ако државата гради вакви работи нека почне и фабрики да гради бидејки тие се уште по потребни.

Затоа и се празни остатокот од Македонија од големиот рамномерен развој.

А за овој проект со ски патеката немам ништо против бидејки е проект јавно приватно партнерство на град Скопје и државни пари не се трошат па така може што сакат да прават.
 
Ако пуштаат со санки (никаде не пуштаат санки на ски патека, ниту на Шапка ниту на Маврово) нема да има убаво скијање.

На Маврово, солиден скијач ја вози стазата, од десната страна за 10тина минути. Во Скопје за колку ќе ја возиме?

Место да удрат со тешка инвестиција на Шапка, која има потенцијал да биде сјајно ски место, (церипашина е лудило кога е спремна ) многу подобро ќе биде. Само жичарата од Тетово да ја пуштат, барем за 20 посто ќе се зголеми посетеност.
Во свет кога за пола саат си на Шапка , и за 1100 денари со Киниси имаш ски-карта и превоз до Маврово и назад, навистина нема логика за ски-патека на Водно.

Некој спомна, кој ќе се акал 70 километри за скијање. Многу погрешно размислување. Скопјани се впрочем многу среќни за тој факт, други европски големи градови неможат да си дозволат еднодневно скијање, бидејќи се далеку
 
Луда идеја. Тоа е кажано на кратко.

Мислам дека парите (а не се воопшто малку) што ќе се потрошат и не се главниот проблем. Очигледно некако магично имаат за све пари (нз од каде) па и за ова ќе протуркаат. Истите пари можат да се пренасочат кон некои од другите ски центри на кои им треба инвестиција - Шапка, на прво место. Како на Скопјани да им треба скијање на Водно. Not! И да сакаат да прават нешто вакво слично, има други многу попогодни места во близина на Скопје освен Водно. Викате не може секој да отиде на Шапка или на друго место. Скијањето и така е скап спорт, прво ти треба опрема, а бензинот што ќе го потрошиш за да отидеш до таму е мал трошок во споредба со другово.

На Водно не му треба уште поголема урбанизација и модернизација. Веќе доволно се гради на него на подножјето и се уништува природата, а и кога ќе се качиш на Средно осеќаш дека е позагадено таму отколку у градот од сите тие коли што се таму. За ски центар ќе треба да се исечат и тоа како доста дрва.

И нормално тука е снегот, односно тоа што го нема. Да не се повторувам објанија пред мене сите што е проблемот со снегот.

Меѓу другото, аква паркот и луна паркот се доста добри идеји ама овој ски-центар е нешто лудо.
 
терајте деца, то ќе биди патека за мочковци. Само на малечко ридче можат да се покажат аматерите дека имат купено скапа опрема а останатите кои стварно уживаме во добро скијање (и не бива за то) ќе си одиме во правите скијачки центри низ Македонија....SUCKERS

... а да не прајме муабет дека ќе се дозагушите ако сечите уште некое дрвце од Водно
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom