Парите се битни да, да платиш сметки, да се прехраниш, да се облечеш, да изградиш нешто, да купиш нешто...
Но за дружба и не се потребни којзнае колку пари, за муабет, кафе и кутија цигари богами и не се потребни многу пари, така да се сложувам дека не е се до парите, барем што се однесува до дружењето !
Работата е во тоа што брзиот, стресен и динамичен Капиталистички начин на живот си го направи своето ... и затоа денеска животот на секој еден рандом човек изгледа прилично исто/слично ........ работа-дома-дома-работа, за викенд или празник најчесто по домче, после работа идеш дома јадеш, малку пред тв, малку на нет и у кревет, утре пак истото...
Башка денес човек не работи за да живее, туку за да преживее... тука има голема разлика во поимите живеење и преживување(односно скромно живеење) !
Се сеќавам кога бев дете, а тоа беа деведесетите години на минатиот век каде-каде имаше повеќе раздвиженост и дружба помеѓу луѓето и помеѓу помладите генерации и помеѓу повозрасните генерации... а денеска младите одат во школо и после тоа се бапнуваат на нет, а постарите пак после работа се залепуваат пред тв-то и се занесени од турските серии ..........