Делење на деца во семејството

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
Епикс,денес секакви родители постојат кои не заслужуваат да ги наречеш мамо или тато.А ти си единец и затоа немаш почуствувано како е.А и не ти посакувам да го почуствуваш тоа.Не е убаво...ке се чувствуваш запоставен,како што јас сум запоставена.Но нели постојат и родители кои секогаш гледаат еднакво за двете деца.
Мене не ми е до пари,јас можам да ги заработам самата фала Богу имам мозок и интелигентна сум доволно за да се снајдам но нели се водиме по тоа што на братот/сестрата тоа и мене?Така?Не фер е кон другиот.

За болдираното се согласувам со тебе потполно, дури и јас понекогаш сум се чувствувал запоставено, бидејќи моите ја ставале кариерата пред детето.

Еве утре ти ако имаш повеќе од едно дете, едното ќе го сакаш повеќе од другото или двете подеднакво ?
 
Еве утре ти ако имаш повеќе од едно дете, едното ќе го сакаш повеќе од другото или двете подеднакво ?

Баш заради ова моја ако можам да кажам траума од родителите нема да ги делам моите деца кога ке имам.Ништо нема да им недостига.Љубов ке добијат и двете .Секогаш ке гледам да им биде удобно и срекно и ке им се посветам максимално.Само колку деца ке имам не знам,може на едно ке останам :icon_lol:Зависи од тоа идниот сопруг колку ке има сили да ми направи друго.Мене ако ме прашуваш јас сакам 5 деца ама желба е едно реалност е друго :icon_mrgr:
 
и јас сум дете, на мојте родители
иако имам и јас деца и тие свој деца,
а дали подеднакво се сакани децата,тие самите ќе осетат можеби и во текот на животот,но најсигурен показател дали биле исто или не,на мама и тато ќе видат во Тестаментот.
Е таму постои 50/50.ама и 90/10,ама и 100% на она(саканото) а на другите палецот.
 
Лесно ви е на вас што сте единки :свиркам:

Јас сум речиси израсната како единица ;) 13 години сме разлика со сестра ми.
Со самото тоа што сме повеќе од декада разлика, малце би било без везе да споредувам што таа имала како дете, а што јас :) Покрај тоа, финансиската ситуација на моите е многу различна него кога јас сум била дете.

Дете како дете, секогаш бара многу внимание. Не ми било сеедно што не сум можела да правам журки по дома зошто таа била бебе, не ми било ни сеедно што била приоритет. Сепак, јас бев тогаш пубертетлија.

Но никогаш не сум мислела дека повеќе е сакана, напротив, јас секогаш останав миленичето, што таа и братучетка ми мислат дека баба ни заедничка мене ме сака повеќе од сите :)
Тоа не е вистина, но вистина е дека сум и ,,омилена,, , но тоа се должи на фактот дека и како мала, а и сега, најмногу ја почитувам и најмногу се грижам за неа :)
 
не се сакаат децата исто. различен начин, повеќе vs помалку, милениче, ..... секога едното се сака повеќе од другите
 
Не е убаво така.

:icon_lol:
не викам дека е убаво, а исто така и дека тоа не треба да го осетат децата. иако во себе, родителите си имаат свое “милениче“
 
и јас сум дете, на мојте родители
иако имам и јас деца и тие свој деца,
а дали подеднакво се сакани децата,тие самите ќе осетат можеби и во текот на животот,но најсигурен показател дали биле исто или не,на мама и тато ќе видат во Тестаментот.
Е таму постои 50/50.ама и 90/10,ама и 100% на она(саканото) а на другите палецот.

Ова нема врска со сакањето на децата.. неможе 50/50 да се дели ако синот е цело време со родителите ги чува ги гледа притоа директно придонесува за зголемување и на имотот додека женското пример се омажило, мажот нејзин земал се од неговата фамилија и доаѓа само на гости што се вика и оп кога ќе дојде за делење и јас сакам половина од имотот ? Во моја фамилија барем не е така, татко ми помеѓу две сестри наследил се! од имотот зборувам ама за возврат на тоа сестрите негови отсекогаш добивале финансиска помош повеќе според мене сосема оправдано и баш добро го избалансирале тоа.

Инаку има малце наклонетост во фамилиите ми се чини на мајката кон ќерката и обратно кај таткото кон синот, сепак општо за децата мислам ретко кој родител ги сака подненакво дури и најтешките случаеви (наркомани, криминалци итн) се сакани :)
 
Децата што им се лижат на родителите се повеќе сакани. Нормално! Незнаат да се побунат за својте права... Ова го нема во секое семејство, ама тешко онаму каде што го има :)
Е, браво за ова.Баш го погоди мојот случај...Јас ова сум го почувствувала на своја кожа.Како тинејџерка секогаш се расправав со татко ми за моите права додека сестра ми се криеше и молчеше, а потоа и таа имаше корист од мојата борба.Таа беше послушна, а јас бев бунтовник.Така имено, јас станав „црна овца“ во семејството, таа што наводно нема почит кон родителите само затоа што си имав свој став и мислам дека и ден денес чувствувам последици.Сестра ми на пр. пред некое време си доби ганцка нов лаптоп од скоро 500 евра, па дури и ме викнаа да им помогнам во изборот, додека јас мојот пред неколку години си го купив со сопствени пари.За друго обично нема некоја поделба ама тоа се ситници...Не сакам да бидам сфатена погрешно дека мене материјалните работи ми се пресудни во животот, ова го зедов само како пример.Сама се трудам да успеам и да не полагам некому сметки за нешто што поседувам.Како и да е децата што им се умилкуваат на родителите се секогаш подобри во нивните очи.Поделби од каков било тип меѓу децата не треба да постојат оти мислам дека можат да создадат и раздор помеѓу нив понатаму.
 
За болдираното се согласувам со тебе потполно, дури и јас понекогаш сум се чувствувал запоставено, бидејќи моите ја ставале кариерата пред детето.

Еве утре ти ако имаш повеќе од едно дете, едното ќе го сакаш повеќе од другото или двете подеднакво ?
Сите на почетокот викаат еднакво или оноа какво и да е само здраво и живо да е ... И коа ќе испадне здраво и живо се лутат дека било женско... Знаеш, уште постојат ретарди што мислат дека женските деца не чинат...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom