Колку прекрасно.. Твоите се мачеле да ја спремат вечерата и ти, да не кажам „мочко“, ќе им ја расипеш.

Јас сум атеист, и моите го знаат тоа. Но, знаејќи дека е традиција кај нас да се крши паричка денес, нема да мрчам и да се лутам дека не е христијански или дека не е атеистички. Како прво кршењето нема врска со верувањето и не верувањето во нешто. Има врска со традицијата што се задржува во еден дом. Таа традиција ја поставуваат родителите, ти Коле кога ќе имаш фамилија не крши паричка.
За мене е најважно да се собереме фамилијарно и да вечераме, секој ќе си ја најде причината зошто го правиме тоа.
п.с. За саат време ќе се дознае што како, само малце се плашам, ако е во мене паричката ќе морам да се мажам.