- Член од
- 4 март 2011
- Мислења
- 699
- Поени од реакции
- 704
Од 1 јануари 2013 година, адвокатите кои остваруваат приходи во готово должни се кон секоја исправа или поднесок да приложат адвокатски маркички.
Адвокатската маркичка е инструмент за аконтативно плаќање на персоналниот данок на доход за оние приходи кои адвокатите ги остваруваат во готово во случаите кога наградата за дадената правна помош гласи на минималните износи утврдени со Тарифата за награда и надоместок на трошоците за работа на адвокатите објавена во „Службен весник на РМ“.
При плаќање на наградата над минималните износи утврдени со тарифата, зголемување на наградата како и при плаќање на трошоците согласно со тарифата, адвокатите се должни да состават писмен договор со корисникот на правната помош врз основа на кој плаќањето е задолжително да се врши преку носител на платен промет. Адвокатот е должен писмениот договор да го приложи како прилог кон секоја исправа или поднесок на кој не е ставена адвокатска маркичка, доколку плаќањето на наградата е над минималните износи предвидени со тарифата, односно каде што плаќањето се врши преку носител на платен промет.
Исправата или поднесокот составен од адвокат кој не содржи адвокатска маркичка, содржи адвокатска маркичка во помал износ од оној што е определен со тарифата или не содржи писмен договор во прилог, се сметаат за неуредни и треба да бидат отфрлени од страна на примателот.
Неупотребените адвокатски маркички адвокатот може да ги искористи во наредните даночни периоди.
Глоба во износ од 4000 до 5000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на адвокатот поединец за сторен прекршок, односно ако не состави писмен договор со корисникот на правната помош врз основа на кој плаќањето е задолжително да се врши преку носител на платен промет. За овој прекршок на адвокатот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за вршење на дејност во траење од 15 дена.Глоба во износ од 2.500 до 4.000 евра во денарска противвредност за сторен прекршок ќе му се изрече на адвокатот поединец, ако:
- не приложи адвокатска маркичка на исправа или поднесок;
- не приложи писмен договор во прилог;
- не води евиденција за употребени адвокатски маркички; и
- не ги врати сите неупотребени адвокатски маркички во рок од 15 дена, во случај на престанок на дејноста.
Бидејќи се работи за нова работа, која за прв пат би се применувала во РМ, а е недоволно јасна ниту за адвокатите, ниту пак за УЈП, а и самиот Закон за адвокатските маркички воопшто не е јасен, овде би можеле да размениме искуства и ставови кои би помогнале во работата на адвокатите