Медиумските гафови во оваа година ги отвори шведската телевизија "TV4" на "најдобар" начин - со филм за возрасни на сред вести...
Кога на ред дојдоа вестите од светот, додека водителката го најавуваше прилогот од Сирија, на едниот од мониторите зад неа се појави порно филм. Никој од уредниците дури 10 минути не забележа што всушност емитуваат во вестите.
Се се случи поради невнимателност на некои од дежурните луѓе кои ги надгледуваат филмските канали за возрасни, а еден се вклучи токму за време на вестите.
"Најверојатно филмот на тој екран е пуштен по грешка. Штом забележавме, го исклучивме. Ова не смееше да се случи и сигурно нема да се повтори", изјави за шведските медиуми уредникот Андреас Хаглинд.
Да не го знае некој порничов?