Дали Mакедонецот заборави што е нормален живот?

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Животот треба да се живее , а не да се да се слуша за него и да се набљудува од страна.
Нешто многу чудно се случува со народот :eek:
Како да завладеа некаква сеопшта депресија кај народот .
Испаѓа дека се трошиме на небитни работи, а слободното време кое го имаме не го користиме квалитетно.
Се’ помалку работиме на сопствениот развој , а се повеќе се препуштаме на се и сешто.
Тоа што ни се сервира , тоа и го проголтуваме. Како некој да го стеснил кругот на нашите можности или едноставно со тоа се оправдуваме себеси и својата мрзеливост и интерност. Во многу сфери од општествениот живот како да недостига енергија, идеи, воља, цели, живост...
Живот од денес за утре. Народот заборави што е нормален живот.
Не ужива нит во малите задоволства, дружењето со пријателите-се сведе на чат-пат , одењето во театар, кино, ресторан....патувања .......( се зачаурува - во својот дом )

Да се надеваме дека ова е само една минлива краткротрајна фаза.
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Не би рекол е баш така дека заборавиле луѓето и сл. ипак тоа е релативно :)
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Не би рекол е баш така дека заборавиле луѓето и сл. ипак тоа е релативно :)
зошто мислиш дека не е така?
што прават (освен младите) преостанатите-
работа-дома-работа-дома........
ај разгледај околу тебе- соседи, роднини, пријатели.....
 

Schürrle

can't be touched
Член од
19 ноември 2008
Мислења
3.045
Поени од реакции
2.135
Ма каков нормален живот, и младите не се веке тоа тоа, цел ден се/сме пред Фејсбук, и навечер излегуваме на кафе и разни глупости.. Ова не се нарекува живот бе, секое излегување надвор се сведува на "кафе шема".
Кај нас младите ова време во нормален живот спаѓа спиење, и излегување, и кај некој тренинг.
Дали некој чита некоја книга? Лесен одговор, НЕ!
Кој е луд во ова време да чита книга, па се знае одговорот, зошто да си губам од скапоценото време со читање на книги.
За џабе не е кажано колку повеке се развива технологијата, толку повеќе народот станува тупав.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.204
што прават (освен младите) преостанатите-
работа-дома-работа-дома........
Kuca poso :cenzura: Од сабајле во 7.15, во 18.15 се прибрав.Ама кај и да е ќе не убедат дека е нормално, уживај (y)
 
L

.Lost Angel.

Гостин
зошто мислиш дека не е така?
што прават (освен младите) преостанатите-
работа-дома-работа-дома........
ај разгледај околу тебе- соседи, роднини, пријатели.....
Гледај сега можеби на некој начин е така но пр. ќе ти дадам дека познавам доста луѓе кои повеќе се надвор отколку дома едноставн одат на пиво со пријатели после работа или пак одат со девојка излага па ондак оди на пиво со пријател или пак се собираат друштво и маваат партија фудбал во балон е сега тоа јас го знам за помладите додека постарите работа-дома-серии гледање :) едноставно јас би рекол дека повеќето личности живеат во туѓ живот отколку во својот бидејќи каде и да одиш на кафе мораш да слушаш како оговараат некој и сл. а тоа најмногу можам да кажам се случува Прилепско-битолскиот крај.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.402
Поени од реакции
4.266
Општа летаргија и безидејност. Страв за тоа што ке биде утре а без волја и сила нешто да се превземе и да се промени ниту во сопствениот живот а уште помалку во општеството и државата. Општо затупување. Да тргнеме еве од нашиов форум. Со денови и месеци нема ниту една интересна тема, сите сме без идеи, а поради мрзеливоста и тоа нешто убави теми веднаш ке ги истроламе. Да ги погледнеме темите ако може да се наречат така: ,,продавам никон апарат,, ,,каков лап топ да си купам,, ,, ајпод дрн дрн,, ,,делови за незнам што,, ,,бугарите ова, бугарите она,, ,,историјата, букефал, јајцата,,, ,,тој и тој ке има концерт,,............. огласник! И по навика ке превртиме нешто по ,,темите,, ке истроламе, истроламе... Како е на форумов така е и во државава, истите луѓе сме и во државичкава и на форумов.....
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.695
Поени од реакции
35.403
Можеби за некоја мала категорија на граѓани кои добро заработуваат може да се каже дека имаат нормален живот, но за најголемиот број на граѓани нормалниот живот значи преживување.
Уметност е во Македонија да имаш нормален живот :pipi:
 
Член од
1 март 2008
Мислења
1.396
Поени од реакции
1.050
Животот треба да се живее , а не да се да се слуша за него и да се набљудува од страна.
Нешто многу чудно се случува со народот :eek:
Како да завладеа некаква сеопшта депресија кај народот .
Испаѓа дека се трошиме на небитни работи, а слободното време кое го имаме не го користиме квалитетно.
Се’ помалку работиме на сопствениот развој , а се повеќе се препуштаме на се и сешто.
Тоа што ни се сервира , тоа и го проголтуваме. Како некој да го стеснил кругот на нашите можности или едноставно со тоа се оправдуваме себеси и својата мрзеливост и интерност. Во многу сфери од општествениот живот како да недостига енергија, идеи, воља, цели, живост...
Живот од денес за утре. Народот заборави што е нормален живот.
Не ужива нит во малите задоволства, дружењето со пријателите-се сведе на чат-пат , одењето во театар, кино, ресторан....патувања .......( се зачаурува - во својот дом )

Да се надеваме дека ова е само една минлива краткротрајна фаза.
Nikoj vekje ne moze da planira nisto za sebe gradivno. Nikoj ne moze da ima nikakva ambicija zatoa sto nema recisi kako da ja ostvari svojata ambicija.Nikoj ne se zabavuva na nekoj po razlicen nacin.Ete se sekjavam na vremeto u stip imase eden DJEKSON u koj sto se sobiravme mladite da igraeme fudbal po cel den, imase i publika koja se raduvase na seto toa, denes na toa mesto se gradi zgrada u koja pak kje ima semejstva koi kje ziveat zivot na kuca poso/poso kuca i mali deca koi kje sedat so cvikeri pred FB.Ne bi go rekol zivotot nas na balkanot ili vo makedonija kako da sme ispadnale vo nekoja depresija.Ne.Nie sme vo najgolemata apatija koja moze da ne snajde.Prifakjas sto i da ti se ponudi oti ne ti dreme.Ako nekogas si izlegol vo petok ili sabota so nekakva cel i ideja ili nasoka na sobstvenata zabava, togas denes se predavas na toa sto ti go dava momentot ... oti sto drugo mozes da napravis.Nisto.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Кога имал Македонецот нормален живот?
ај остај ја настрана поезијата на Рацин :) ( оти читајќи ја неа -испаѓа народецов бел ден нема видено од 1939 година) наваму
 

Kajgana Shop

На врв Bottom