Препорака за зимски гуми

  • Креатор на темата Креатор на темата nikola2004mkd
  • Време на започнување Време на започнување
Dali nekoj moze da mi kaze kade mozam da najdam gumi 155/70 R12, letni ili zimski zosto od prodaznite mesta na tel. mi kazuvaat deka imaat se, a koga ke otides kaj niv licno vikaat epa nemame :facepalm:
 
земи си мишелин, шо е сигурно сигурно.... не грешиш со сигурност, башка и најмногу гаранција даваат.... некако после мишелин втора варијанта ми иде гудјиар или бриџстоун нешто.....
 
Во последно време многу се дискутира за новиот правилник за зимските гуми и неговите одрдеби. Колку треба да биде длабочината на шарата? Како да се применува правилникот? Колкави се казните доколку не се почитува? Но, она за коешто малку се зборува се општите карактеристики на гумите и колку возачите всушност ги знаат основни факти за нив.
Токму затоа ви нудиме 10 факти за автомобилските гуми кои е добро да ги знаете.
se-za-gumite-01.jpg
1. Што преставува "Е" ознаката?
"E" ознаката значи дека гумата поседува Е серфитикат (хомологација) и дека ги задоволува прописите на Европската унија за декларирање на квалитетот на автомобилските гуми. Оваа ознака се состои од буквите "E или "е" и број кој се наоѓа во круг или квадрат, по кој следи уште еден број под кој е заведен сертификатот. Бројот е шифра на земјата која го издала Е сертификатот и нема врска со квалитетот на гумата.
2. Што е ознаката DOT на гумата?
se-za-gumite-dot.jpg
Местото и датумот на производство. Се обележува со бројот кој стои покрај ознаката DOT од страна на гумата. DOT се состои од два броеви:
Првиот ја означува фабриката во која е произведена гумата, а другата шифра (која се состои од четири броеви) ја означува неделата и годината на производство на гумата. На пример, доколку DOT бројот на гумата е 3808 тоа значи дека гумата е произведена во 38-та недела од 2008 година.
Крајниот рок во кој гумата се смета за нова и како таква може да се продава е 6 години, секако доколку соодветно се чуваат.
3. М+Ѕ стандард - кал и снег (англиски: Mud and Snow)
se-za-gumite-ms.jpg
М+S стандардот се однесува на геометријата на шарката и подразбира дека 25% (и повеќе) од контактната површина е отворена, односно изрезбана. Ова значи дека било кои гуми чија шара има наведени геометриски карактеристики може да бидат M+Ѕ гумите, без разлика дали тоа се гуми за сите сезони или се само зимски гуми.

4. Ознака снегулка
Оваа ознака им овозможува на купувачите во големата понуда на М+Ѕ гумите полесно да изберат гуми кои се наменети за зимски услови.
5. Индекс на оптоварување или LI (Load Index)
LI е нумерички код кој одговара на максималната тежина која гумата може да ја поднесе. Индексот на оптоварување на гумите кои ги имате во вашето возило помножено со два мора да одговара на вкупното оптеретување на погонското вратило на вашето возило.
6. Индекс на брзина (Speed index)
Индексот на брзина (Speed index) е алфабетски код кој одговара на макималната брзина која гумата може да ја поднесе.
7. Длабочина на шарата
se-za-gumite-02.jpg
Длабочината на шарата е вертикално растојание од врвот на шарата до дното на најдлабокиот канал. Кај новите гуми изнесува 8 mm, додека кај зимските гуми означени со снегулка е поголема.
8. Притисокот во гумите
Доколку притисокот во гумите е 20% помал од пропишаното, нивниот рок на употреба може да биде до 30% пократок. Правилниот притисок во гумите не го одредува видот и димензијата на гумата, туку оптеретувањето на возилото и стилот на возењето, односно брзината.
За да знаете кој е правилен притисок за вашето возило, потребно е да ја проверете картичката на произведувачот на автомобилот која најчесто се наоѓа во внатрешната страна на вратата или отворот за гориво, на која покрај вредноста на притисокот се наоѓа и препорачаната димензија на гумите. Притисокот се проверува кога гумите се ладни, бидејќи за време на возењето притисокот во нив се зголемува како што расте нивната температура.
9. Tubeless вентил
Мошне мал и релативно ефтин, но мошне важен дел кога станува збор за безбедноста и трајноста на гумите. Неговата улога е да го одржи притисокот во гумите и единствено преку него може да се менува и прилагодува големината на притисокот во гумите. Капата на вентилот исто така мора да биде во добра состојба бидејќи претставува дополнителен приклучок и спречува во вентилот да навлезат влага и нечистотии.
10."Run flat" гуми
"Run flat" гумите се дизајнирани на таков начин што не испуштаат воздух кога се дупнати, и овозможуваат да продолжите да возите (но со намалена брзина до 90 км/ч) и не повеќе од 150-300 километри, во зависност од видот на гумите.
 
Здраво, дали некој знае каде можам да најдам половни гуми (зимски)? Знам за Сингелич (до Агросервис), ама сепак дали знаете некое друго место?
 
Ај ако знае некој каде можам да најдам зимски половни гуми Мишелинки по можност. Најдов од Тетово по 40 евра од гума мишелинки. Ама далеку ми се, кој да оди до таму. Скопје или Прилеп ми треба инфо.
Се работи за 185/65 R15
 
За тие пари, може ќе додадеш уше 15 еур по гума, нови Тигар зимски гуми ќе си купиш.
100 пати поарно од која и да било половна гума.
 
Ај ако знае некој каде можам да најдам зимски половни гуми Мишелинки по можност. Најдов од Тетово по 40 евра од гума мишелинки. Ама далеку ми се, кој да оди до таму. Скопје или Прилеп ми треба инфо.
Се работи за 185/65 R15
уф, јас имам дома 4 мишелин по 30 евра, многу малку возени, ама малку се поголеми 16ки се..... 195/65/16 мислам дека беа.
 
Гледам овде дека многумина прашуваат каде да купат половни гуми. Како поискусен во оваа област веднаш да ви кажам дека доколку немате намера брзо да го продавате возилото, не купувајте половна гума никогаш! Тоа што гумата ќе има длабочина на шарата и ќе пишува на нејзе Good Year, Michelin...или што и да е, нека не ве пали како млади мајмуни. После 2 години од моментот на производство ниедна гума не е оптимално безбедна за возење. Дури и нови ако ги купувате од салон, обрнте внимание на годината на производство. Гумата со тек на време ги менува своите карактеристики. Активниот протектор кој се наоѓа на нејзината површина станува лесно ронлив и за кусо време гумата е без него. А токму тој е она што прави гумата да има што подобар контакт со подлогата. Според мене, подобро е да се купи нова, „тазе“ гума па макар и да не е од некој познат производител одколку половна возена гума од „звучно име“ постара од 2 години.
 
уф, јас имам дома 4 мишелин по 30 евра, многу малку возени, ама малку се поголеми 16ки се..... 195/65/16 мислам дека беа.
ништо од бизнисот, кај мене 15 ки се плус и да можи да се стават 16ки не ги менувам овие бандаши за други :)
--- надополнето: 31 декември 2012 во 01:34 ---
Гледам овде дека многумина прашуваат каде да купат половни гуми. Како поискусен во оваа област веднаш да ви кажам дека доколку немате намера брзо да го продавате возилото, не купувајте половна гума никогаш! Тоа што гумата ќе има длабочина на шарата и ќе пишува на нејзе Good Year, Michelin...или што и да е, нека не ве пали како млади мајмуни. После 2 години од моментот на производство ниедна гума не е оптимално безбедна за возење. Дури и нови ако ги купувате од салон, обрнте внимание на годината на производство. Гумата со тек на време ги менува своите карактеристики. Активниот протектор кој се наоѓа на нејзината површина станува лесно ронлив и за кусо време гумата е без него. А токму тој е она што прави гумата да има што подобар контакт со подлогата. Според мене, подобро е да се купи нова, „тазе“ гума па макар и да не е од некој познат производител одколку половна возена гума од „звучно име“ постара од 2 години.
Можеби си во право за ова, најверојатно ќе одам на варијантата да земам 2 нови предни и 2 половни задни. Најдов едни последно по 35 евра мишелин, со се пат 40. Али сепак како што сум осетил на колата вожња со мишелинките со тигар и со некој други немам. Некако ми се погруби и помала амортизација ми имаат другите.
 
ништо од бизнисот, кај мене 15 ки се плус и да можи да се стават 16ки не ги менувам овие бандаши за други :)
--- надополнето: 31 декември 2012 во 01:34 ---

Можеби си во право за ова, најверојатно ќе одам на варијантата да земам 2 нови предни и 2 половни задни. Најдов едни последно по 35 евра мишелин, со се пат 40. Али сепак како што сум осетил на колата вожња со мишелинките со тигар и со некој други немам. Некако ми се погруби и помала амортизација ми имаат другите.
Ти па ептен на најлошото што може кај нас да се најде си отишол.Тигар е со ептен лоши прформанси и низок процент на каучук во протекторот, висока шара ама од крут материјал (најлон и пластика) на челниот дел.
-Јас лани купив за зима Firestone нови од „Мото Центар“, 165-70/16 и ги платив по околу 35 евра парче сосе монтажа. Искрено, сосема сум задоволен од нив, одлична зимска гума со која искачувам прилично лоша угорница покриена со снег речиси секој ден кога е снежно времето без никаков проблем или пролизгување, додека други возила во најголем дел не можат да искачат.
 
по 35 евра нови или половни. Ефтино така
 
Јас земав Matador MP 52 Nordicca Basic
Бев малце скептик на почетокот, no-name беа за мене ама екстра се покажаа. Ги земав по сугестија на вулканизерот, наводно се ќерка фирма на Continental

mp_52.jpg

3000ден и неште беа
 
Матадор е некогашниот чешки "Barum", не е воопшто ќрка-фирма на Continental, но прави релативно добри гуми. Зимските им се полши од летните.
--- надополнето: 31 декември 2012 во 17:02 ---
по 35 евра нови или половни. Ефтино така
Ти пишува ако прочиташ повнимателно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom