Orthophill, post: 5558647, member: 34401"]Брате Ливериј
Преданието е она што го добиваме, не за да го менуваме по нашиот опрелестен ум, ами за да го чуваме. Сепак, низ историјата се случувале и по некои промени за кои што имало дебела причина да се воведат.
Пр. Причестувањето со лажиче: До времето на свети Јован Златоуст, кому свети апостол Павле му шепотел на уво, и народот се причестувал исто како и свештенството, па дури и им се давало дома да си носат од причесната (исто како што им даваше и вл. Наум), но некои жени почнмале да го носат телото и крвта кај бајачки! Затоа свети Златоуст вовел забрана да се дава причестната за дома!
Благодарам брате Ортофиле на укажаната љубов и благонаклоност која што е основа, посебно за дијалози на тема од ваква егзистенцијална важност, која се надевам е Богоугодна и на полза на оние кои се интересираат за овие прашања.
Св. предание во Црквата е актуелизација на живиот однос меѓу Бог и човекот врз основа на учењето Христово и историското црквено искуство во актуелната литургиска црквена заедница, која што го надминува архивскиот, епигониски пристап кон св. предание како зададен формат во мртва, објективна состојба. Затоа тоа е секогаш ново, но истовремено го запазува и историскиот и есхатолошкиот карактер.
Велиш брате човекот е зоон кинион, да така е. Ама да видиме каква е заедницата во која што живеел светиот Василија Велики, а каква е заедницата во која што денеска ние живееме. Во неговото време Црквата(живата заедница на живите луѓе) имала болници и народни кујни во кои се лекувале и хранеле сиромасите. Денеска Црквата има хотели во кои одат богаташите и ги сквернат светињите. Поголем пример од страдалниот манастир „свети Наум“ ниту има ниту ќе има. Голи Германки се шетаат по земјата која со своите солзи ја наводнувал нашиот татко! И сега ние ќе се споредуваме со свети Василија, ајде ти се молам! За првите Христијани па ни на крај памет не ни паѓа како живееле? Па тие за своина ги имале само алиштата што ги носеле! Се` друго им било заедничко, а ние денеска сакаме и да се богатиме, да собираме трулежни богатства и да бидеме зоон кинион, е мало морген. Уште повеќе денеска ние му се клањаме на безбожните или лажебожните владетели, а да се сетиме како свети Василија застанал пред гнасниот цар Јулијан Отстапник! И како потоа светиот Меркурија го отепал нечестивиот цар!
Навистина сме затрупани од безброј проблеми во денешницава како пр. со ман. Св. Наум( а како би ги надминале овие проблеми без литургија, причестување?).., но и во времето на св. Василиј, земи ги неговите преписки со св. Григориј ќе ги видиме сличните грешни, смртни човечки агонии, трагедии кои ги преживувале на личносен план.
Литургијата ни е дадена како начин на постоење, кој овде и сега, но сеуште не во својата плирома е реализиран, ами како предвкус на Вечната Заедница која подразибра живо, активно учествување, причестување за чиј квалитет(мислам на литургиската заедница) може звучи амбициозно за наше време или утописки но тоа го анулира самиот Бог, Христос како Гарант, Кој е Ист и вчера, денес, утре и во вечноста.
Јас кога ќе умрам ќе си одговарам за моите гревови и за тоа дали сум Го сакал Христа Бога и братот мој, иконата Христова! Па уште и ќе одговарам ако сум си играл со пресветите Тело и Крв Христови! И Јуда заедничареше на Тајната Вечера, ама што направи? Го продаде Христа за 30 сребреници, па после и се обеси. Поголем, пример од ова дека неподготвувани не смееме да пристапуваме кон светата тајна Причесна нема.
Ама не се виновни ни тие што не` споредуваат со Христијаните од првите векови, ами Натемаго што прелагал дури и владици!
Секако, одговорноста е уште сега и овде дали учествуваме т.е. се причестуваме во литургијата за да би кога ќе дојде Христос не` познае како негови причесници, да не би го слушнале страшниот суд: Одете од Мене не ве ПОЗНАВАМ! Бидејќи сакањето во литургијата кон Бог и братот не е психолошка категорија, туку начин на постоење.
Јуда(ти благодарам за прекрасниот пример), навистина заедничареше на Св.Трпеза, но за жал го прими Бог како објект ( Вино, Крв и Леб, Тело) не учествувајќи, заедничарејќи личносно со Христа Кого веќе беше одлучил да го предаде т.е. однапред ја раскина заедницата со Својот Бог.
[/QUOTE]
Ти благодарам за текстов, братот Родољуб навистина се потрудил но премавнува т.е. парцијално пристапува на еклисиологијата т.е. исповедувајќи ја само т.н.исцелителна, аскетска еклисиологија, надвор од евхаристијата. Ова е во прилог на претходниот пост кога напоменав за есхатолошката перспектива на литургијата како ја исповеда св. Василиј(зоон кининикон), св.Игантиј, Св. Кипријан..., наспроти александриската школа на Ориген, Св. Кирил Александриски( кој ја согледува својата грешка и ја покајува) но за жал ова учење кое во основа е платонистичко се прифаќа во монашките кругови кое постепено се надминува со св. Макариј Велики да би конечно во времето на св. Максим Исповедник се дефинира исцелителната еклисиологија како синтеза во евхаристиската.
Низ оваа перспектива прекрасните цитати кои ги наведува братот Родољуб воопшто не се во антиномија со излагањето( туку напротив), на мит. Јован кој пак е ученик на старец Софрониј, а пак овој на старец Силуан кои во 20 век ги актуелизираа овие старо-нови девијации сообразно на нашето доба како и други теолози Георги Флоровски, Владимир Лоски, о. Александар Шмеман, о. Јован Мајендорф..., преку кои се посведочува живоста на св. предание.