Михаел Шумахер

  • Креатор на темата Креатор на темата Prilep4an4e
  • Време на започнување Време на започнување
Запечатен на листата на место бр.1 како пилот на Ф1 со најмногу пол позиции,победи и шампионски титули.Ги помина сите вклучувајки го Сена и Фанго.Омразен кај конкурентите поради својот стил,но за жал 7 титули не се со 100%Германски тим.Со Рос Браун се обиде да создаде 100%Германски тим но не му успеа.

Инаку многу итро ја искористува празнината во Ф1 во почетокот на 90-те.Најџел Мансел е стар за Ф1,Нелсон Пике се повлекува а Ф1 циркусот бара нова икона во Ф1.Ја користи оваа шанса и сега е икона во Ф1.Прв застанува против коментарите по смртта на Сена дека ризикот е нивен и дека никој не ги тера да возат болиди кои развиваат по 380км/час....

Кога доага во Феррари и кога ја освојува првата шампионска титула за Ферари после години пост,продажбата на Ферари рипнува за фантастични 40%,само поради него......

Најдобар пилот на Ф1 за мене.Мислам дека Себастијан Фетел ке биде новиот Михаел Шумахер
 
Запечатен на листата на место бр.1 како пилот на Ф1 со најмногу пол позиции,победи и шампионски титули.Ги помина сите вклучувајки го Сена и Фанго.
Никогаш не можиш да ги споредиш Сена и Шумахер. Едниот прерано ја заврши кариерата на патеката, другиот се пензионира, па се отпензионира па се изрезили и пак се пензионира. Многу има разлика.
 
Не можеш да ги споредуваш ниту Сена и Фанго ако гледаш така.Сите тие возеле во различно време со различна технологија која постоела во тој период.Но официјалната листа за Ф1 гласи дека Михаел Шумахер е 1 на таа листа.Не пишува таму дека се пензионирал,па пак се рехабилитирал па се изрезилил,туку пишува кој има најмногу титули,пол позиции итн.....

Знам дека го мразите Шумахер ама тоа е сега......
 
Не можеш да ги споредуваш ниту Сена и Фанго ако гледаш така.Сите тие возеле во различно време со различна технологија која постоела во тој период.
Технологијата ја тргаме на страна.... денес возат атмосферци, до годна ќе извадат турбо мотори, не даваат бензин да се дотура тинтири минтири сето тоа се правила кои важат за сите, идентично.

Но официјалната листа за Ф1 гласи дека Михаел Шумахер е 1 на таа листа.Не пишува таму дека се пензионирал,па пак се рехабилитирал па се изрезилил,туку пишува кој има најмногу титули,пол позиции итн.....
Точно така. Јас само нагласувам дека Шумахер можи да се речи дека е најтрофеен. Дека е најдобар, имаме дебата :)

Знам дека го мразите Шумахер ама тоа е сега......
Настрана од тоа, не го мразам. Само ме нервира како ги искористуваше неспортските моменти за своја корист.

Да не можеш да ги споредиш.. Шумахер има постигнато ДУПЛО повеќе од Сена.
Ахам да, особено во пол позиции...

Сена беше активен 10 години, Шумахер 20. Види шо има освоено Шуми во првите 10 години и ќе прајме муабет.
 
Технологијата ја тргаме на страна.... денес возат атмосферци, до годна ќе извадат турбо мотори, не даваат бензин да се дотура тинтири минтири сето тоа се правила кои важат за сите, идентично.

Точно така. Јас само нагласувам дека Шумахер можи да се речи дека е најтрофеен. Дека е најдобар, имаме дебата :)

Настрана од тоа, не го мразам. Само ме нервира како ги искористуваше неспортските моменти за своја корист.

Ахам да, особено во пол позиции...

Сена беше активен 10 години, Шумахер 20. Види шо има освоено Шуми во првите 10 години и ќе прајме муабет.

Ако одиме по тој редослед тогаш Фанго првата титула ја освоил на 37години.....

А за технологијата не можеш да ја тргнеш на страна,зошто Фанго кога возел немало ниту кациги,ниту рол бар ниво на безбедност нула,Сена кога вози ниво на безбедност големо па активна суспензија,Шуми кога вози е сосема друга техологија.......

А за неспортски моменти не можеш да кажеш,тоа е само искористување на прилика.Ист таков беше докторот Алан Прост кој само чекаше грешки на противникот,а никој по него не фрла со дрва и камења денес.

Значи се гледа резултатот краен,а не кој постигнал за 10 или 20 години......
 
Да де, се е тоа статистика, затоа и ја имаме дебатата :)

За неспортските моменти мислев на паркирањето на болид на сред патека (за време на квалификации), кочење по тргање на Safety Car од патека, неоставање доволно простор за противниците и такви моменти.
 
Јас колку што паметам немало такво нешто од страна на Шуми,посебно за паркирање на болид на сред патека барем додека возеше за Ферари.Е сега ако на некој му пречи што е 7 кратен светски првак во Ф1,па се обидува да му го извалка името тоа веке друга работа.А кој губи има право да с елути.Ниеден од Ф1 пилотите не му беше дораснат да му се спротистави на патека:Ниту Дејмон Хил,Кими,Мика итн итн......
 
Само ме нервира како ги искористуваше неспортските моменти за своја корист

Целта ги оправдува средствата ... но имаше неспортски моменти како тие , имаше големи ризици поради кој се судираше ... Во ферари стандарт тимски наредби па во воведот во темата што го имам оставено мислењето имаш видео каде што во еден дел се гледа како баричело пред целната рамнина го пропушта шуми, и шуми на подиумот си застана втор а го качи горе баричело бидејќи баричело беше "победник" што покажува дека е добар спортист...

И секако неговите квалитети не можат да се оспорат во никој случај , ако не е во најдобрите што некогаш возеле немало ни титули да имал 7... И ВЕТЕЛ ако не е талент немаше 3 титули со ред да освои без разлика што има беспрекорен болид ...

Околу враќањето викате се изрезилил... Тој се врати и возеше сосема солидно но во многу лош болид ... верувам доколку возеше за ферари или ред бул дека повторно ќе победуваше :)

Ова се само мои мислења :)
 
Јас колку што паметам немало такво нешто од страна на Шуми,посебно за паркирање на болид на сред патека барем додека возеше за Ферари.

Бујрум, да ти го освежиме памтењето.

Е сега ако на некој му пречи што е 7 кратен светски првак во Ф1,па се обидува да му го извалка името тоа веке друга работа.А кој губи има право да с елути.
Доволно сам си го извалка името со пензионирањето и отпензионирањето. Нема потреба друг да му го валка.

Ниеден од Ф1 пилотите не му беше дораснат да му се спротистави на патека:Ниту Дејмон Хил,Кими,Мика итн итн......
Или не си гледал формула, или не се сеќаваш на некои работи (намерно или ненамерно, не навлегувам). Погледни го спортското блокирање на Шумахер на 0:40... се гледа апла дека тој заднего е побрз. Овај оди од лево, на десно и го турка од патека.

Бујрум, да ти го освежиме памтењето.

Доволно сам си го извалка името со пензионирањето и отпензионирањето. Нема потреба друг да му го валка.

Или не си гледал формула, или не се сеќаваш на некои работи (намерно или ненамерно, не навлегувам). Погледни го спортското блокирање на Шумахер на 0:40... се гледа апла дека тој заднего е побрз. Овај оди од лево, на десно и го турка од патека.

Добро победи,ама пак ништо не можеш да промениш.Шумахер е прв на вечната листа на пилоти за Ф1:icon_lol::icon_lol::icon_lol:
 
Да ни биди јасно на сите: никој не влегува во Ф1 ако нема квалитет/потенцијал. Не џабе друштвото е лимитирано на 20-30 луѓе од 7 милијарди на планетава.

Целта ги оправдува средствата ... но имаше неспортски моменти како тие , имаше големи ризици поради кој се судираше ...
Не секогаш, особено не во Ф1 спорт во кој многу лесно можи да изгуби живот.

Во ферари стандарт тимски наредби па во воведот во темата што го имам оставено мислењето имаш видео каде што во еден дел се гледа како баричело пред целната рамнина го пропушта шуми, и шуми на подиумот си застана втор а го качи горе баричело бидејќи баричело беше "победник" што покажува дека е добар спортист...
Не му требаше таа победа за ништо... така да тој спортски момент не го коментирам.

Околу враќањето викате се изрезилил... Тој се врати и возеше сосема солидно но во многу лош болид ... верувам доколку возеше за ферари или ред бул дека повторно ќе победуваше :)
Најмногу е кој како ќе се снајди со новиот болид и како ќе му легни болидот. Скратија 2 цилиндри на моторот, му додадоа KERS, забранија да се долева гориво, воведоа мазни гуми... а Шуми неможеше да се справи со тоа. Многу промени се тоа, особено во управувањето на болидот по свиоци. А се изрезили пред се, со повлекувањето и со враќањето. Ако сакаше да остани во Ф1 шо не го промени само клубот? Беше надвор од трките 2 години па се врати назад. То се вика погазување на сопствениот збор...

Околу добар/лош болид... AMG покажаа дека имаат перформанси, имаа и една победа годинава. Згора на тоа болидот го развиваат возачите (а Шуми во AMG беше 3 сезони). Така да моментот на лош болид да го шкртниш афтоматски. Имаш лош шофер шо незнај да си го поддеси болидот спрема стилот на управување.
Затоа и Ветел е толку добар, ептен му е легнат болидот. Ако прочепкаш на нет, ќе видиш дека Мекларен сезонава имаа најбрз болид - имаа најбрзи кругови во трка најмногу. Ама не е тоа пресудно. Ќе видиме во 2014 како ќе биди, откако ќе скратат уште 2 цилиндри и ќе додадат турбо.
 
Dzish се гледа дека не го сакаш шумахер и тоа е ок ... слушни што вика шуми на почетокот од моето видео ...
Како што јас не можам никогаш да ја сакам Барса така и ти со шуми :)
 
Dzish се гледа дека не го сакаш шумахер и тоа е ок ... слушни што вика шуми на почетокот од моето видео ...
Како што јас не можам никогаш да ја сакам Барса така и ти со шуми :)
хехе, и Барса не ја сакам.

За Шуми, неможам да речам дека го сакам или нејќам, не ги делам јас така работите во ф1. Одсекогаш сум бил навивач на Мекларен мада убавината на Ф1 беше во дуелите на патеката. Мразам кога некој ќе се најди да произведува циркус од работи (читај ги уништува малите нешта шо ја прат сликата комплетна) и ги загрозува животите на другите само заради своја лична корист. Не е тоа основата на спортот. Барем јас така не ја разбирам. И не дека го негирам целото тоа што Шумахер го има со Ферари постигнато... го има, прв е во сите тие рекорди и статистики. Глеам дека има овде голем број на луѓе шо читаат и гледаат Ф1 а не се сеќаваат на некои моменти. Еден ден пред да загини Сена, на истата патека во квалификациите загина Roland Ratzenberger. Кога го извадија Сена од болидот под седиштето имаше австриско знаме кое планирал да го развее на крајот на трката во чест на својот колега. Тој спортски момент Шумахер никогаш го немал, нити ќе го има. Тоа ја прави разликата измеѓу најголем и останатите бројќи кои утре-задутре некој трет ќе ги подобри.
 
Или не си гледал формула, или не се сеќаваш на некои работи (намерно или ненамерно, не навлегувам). Погледни го спортското блокирање на Шумахер на 0:40... се гледа апла дека тој заднего е побрз. Овај оди од лево, на десно и го турка од патека.
денес ако се случи ова веднаш казна и че му наредат да по препушти местото
затоа јас и не се занимавам со формула..де правило за она де за ова керс , дрс и такви срања
се знаеше порано кој е подобар шофер победува и точка
а Шумахер не да го сакав туку и премногу..немав пропуштено ниту трка ниту квалификации , станував за ноќни трки, купував блузи, дуксерки
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom