Pinkie Pie
and Deedee
сигурно би ми било исто како и пред 21 година пред да се родам...ама секој ден ме мачи ова истово прашање ...шо е поентата со ова...зошто баш е вака а не поинаку, ..зошто сум баш во ова тело, во ова време , во оваа галаксија , каде бев пред тоа и дали воопшто постоев и како е чуството да не постоиш толку долго време ,да се родиш и да умриш и пак да не постоиш и како е чуството да не си чуствувал ништо толку долго време.....како можи да има нешто што постоело од секогаш...а се настанува од нешто ама и тоа нешто треба да настани од друго нешто и така до бесконечност...така и со времето и просторот....стварно не знам...можеби е подобро по смртта ама можеби само еднаш се има шанса да се живее можеби нонстоп се постои во времето и просторот во различни форми и облици.....навистина не знам...секој ден размислувам и не можам никаков заклучок да донесам.....ми преостанува само да го изживеам овај живот што го имам што знам сигурно дека го имам а за смртта толку и многу не се плашам оти посекако не сум постоела пред да се родам...како тогаш така и потоа...само не сакам да имам болна смрт , да не се мачам , шо би се рекло ништо да не сетам, за така спремна сум и утре да умрам.......
И да одржувај го тоа чувство дека кај и да е си мртов и сите што ги гледаш наоколу се веќе мртви... само да се одбројат часовите останува... финтата е во тоа што доколку се внесеш доволно интензивно во ова чувство... истото ослободува од секаква, анксиозност, страв, нервоза, напетост, верување, психолошко ропство итн... и те прави посвесен и интензивен во овој момент оти осознаваш дека едино нешто што ти останува е овој момент... а доколку си свесен овој момент(баш свесен... уживаш во секој земен и секој нареден испуштен здив... во движењето на прстите како ја тапкаат тастатурата и се така магично се проектираат мислите на екранот, б у к в а п о б у к в а... ) наредниот момент можеш да бидеш само уште посвесен а тоа значи дека кога и да дојде смрта ти си спремен и свесно ја пречекуваш со отворени порти... а чудото е во тоа што ако свесно и радосно ја прифатиш смрта како дел од живото(како другата страна од паричката, каде што едната е раѓањето а другата е смрта, но и двете се дел од животот) ке увидиш дека... Смрта Не Постои...

