Ова го презедов од интернетов, но го копирам затоа што и самиот сум го читал истото кај Цепенков, во IX од вкупно десетте томови објавени кај нас (збирки народни песни, приказни, верувања, обичаи и нешто што самиот нивни собирач напишал):
“Веруваат луѓе оти имало на земњава фармасони што потпишуале луѓе под нив. Тие му даале троа пари на тој што ќе се потпишел и ќе му го одземеле лицето на една книга, да го обесат на ѕидот. Парите тој што жи имал, ер кај што жи да даел, пак назад ќе му дојделе. Ако сакал некогаш да се одречит чоекот од нивната тебабија, ќе се сетат по лицето што му го имале и катаден се пулеле по сите лица што имале земени потпишани. Ќе го сетат лицето, чунки ќе се припраело некако и веднаш ќе го шибнат со един шиш в срце во книгата и ер кај сака да ет чоекот, ќе си умрел. Велат за фармасоните ѓо не биле луѓе, ами ѓаоли, за да жи лажат луѓето, да жи носат во Вечна.
Тука во Прилеп имало еден фурнаџија и анџија што го викале Тале Алавантија ѓоа тој беше фармасон, чунки в црква ич не одеше.”