Значи вака:
јас сум моторџија од 2003-та. Имам возено најразлични машинки, од машинка за косење трева (50 цц) па се до 1100. Никогаш, апсолутно никогаш на почетник не се дава брз мотор. Колку и да мислиш дека си искусен, спремен, незнамти јас каков, моја препорака ти е да не земаш мотор поголем од 250 кубици. Батали ти звук, одење, срања, тука прајме муабет за безбедност, искуство, сигурност. Или поинаку кажано, живот. Мотори, коли и најразлични канти се купуваат. Не се купуваат луѓе. Тоа треба да ти биде приоритет кога се качуваш на мотор, пошто веќе прајме муабет за мотори кои до 100-ка стигаат за 8 секунди, можеби и побрзо. Било која 125-ка развива 140 км/ч, за 250 не прам ни муабет.
Пиша погоре дека си имал искуство со возење на прпалки, веспи и косалици. Моето прашање е дали си возел вистински мотор, каде машината е меѓу нозе, а на располагање имаш 5 или повеќе брзини? Немој да брзаш, има голема разлика измеѓу 150 кубици веспа и 125 кубици ендуро (особено италјанска или јапонска двотактна машина). Моја препорака ти е да си земиш некое ендурце, двотактно 125 кубици, да осетиш што значи забрзување, менување брзини, работа со кумплунг... Ninja 250, со 2 цилиндри ти е нешто што треба да го гледаш како најмаксимално нешто што можиш да си го дозволиш. За поголем, не ни треба да размислуваш првите 3 години.
Не дека зборам за инает, или дека некој шо зел ЦБР 600 не се научил да вози... прашање е дали ќе научиш на полесниот или потешкиот начин. Имаше случај во Бт дечко купи цбр 600 од 2005, не се имаше качено на мотор, па ене го ја вози. Мада прашај како... се качува на мотор и се треси, до ден денес, а моторот го има 1 годна. Да не паднам, шо ако кренам над 5000 вртежи, како да кочам, како да сменам од 3-та во 2-ра... А мала грешка со таков мотор кошта многу повеќе отколку со 125-ка пример: и во пари (едно паѓање, на хондата отидоа сите маски странично - споредено со моето паѓање од ендурото кога ми се скрши жмигавецот само, 300 денари друг), и во повреди.