Загатки

Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.745
Поени од реакции
1.848
Ако се удрам сам себе, и ме заболи ептен, дали сум weak или strong?? o_O
 
Член од
19 август 2010
Мислења
975
Поени од реакции
1.890

Ова ми е типично американско прашање. Или филозофер-рапторско... Сеедно. Исто како: Ако се изедам самиот, двојно ќе се зголемам или ќе ме снема?

За мојава загатка погоре, одговорот е едноставен. Ајде уште малку, па ќе ви кажам.
 
stick figure

#MiaSanArsenal
Член од
2 мај 2010
Мислења
4.811
Поени од реакции
3.705
Ова ми е типично американско прашање. Или филозофер-рапторско... Сеедно. Исто како: Ако се изедам самиот, двојно ќе се зголемам или ќе ме снема?

За мојава загатка погоре, одговорот е едноставен. Ајде уште малку, па ќе ви кажам.
Aj кажувај оти почнав во пеинт да цртам да си објаснам. :icon_mrgr:
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
имаме 4-ца, кои на своите глави имаат по еден шешир означен со боја. во случајов бели и црни. никој од нив не знае каква боја има. единствено што знаат е дека во игра се 2 бели и 2 црни шешира. никој од нив не смее да погледне нагоре и види која боја му е шеширот. напротив, секој од нив МОРА да гледа во правецот на стрелките. 3-ца се од левата страна на ѕидот, поткачени на скали. четвртиот е позади зидот затворен во кабина со прозор. значи, САМО напред. нема позади, страна или горе. не смеат ни да зборат, да разменуваат информации. може да прозбори САМО оној кој знае каква боја има на својата капа.
Прашањето е.................. кој ќе крене рака и каже ЈАС ЗНАМ КАКВА БОЈА НА КАПАТА ИМАМ!!!
П.С. решете го ова, па ќе ставам и друга :)
zagatka.jpg

--- надополнето: 20 декември 2012 во 02:12 ---
Ова ми е типично американско прашање. Или филозофер-рапторско... Сеедно. Исто како: Ако се изедам самиот, двојно ќе се зголемам или ќе ме снема?

За мојава загатка погоре, одговорот е едноставен. Ајде уште малку, па ќе ви кажам.
како прво, мора ли по тој редослед? А, Б па В? на пример, ако А пука во В, а В во Б, тогаш Б е готов, пошто В не промашува. остануваат само А и В. е сега, финтата е како да го натераш В да пука сам во себе?!?!?!?!
или има уште една опција, .... Б и В знаат за своите опции, односно пошто Б знае дека В е 100% прецизен, .......тогаш логично е дека Б ќе сака да пука во В. а и В ќе сака да пука во Б пошто знае дека пак тој пука со 2/3, па сака да ја елиминира поголемата опасност. ....... ДА ДА, ќе да е ова решението. затоа што во првиот круг во А нема никој да пука. .......... но ова е ако не мора да се пука по ред А, Б, В
ме разбра некој нешто?:pos::facepalm:
 
D

draft

Гостин
Ајде кажувај одговорот :)
Е што, никој освен тебе не ни проба да ја одговори. Не го кажувам, може некој некогаш ќе биде расположен за загатки па ќе проба, не се брзам ја.

Ае една загатка. Ја немало оваа до сега.

Некој вреден селанец секој ден работел на нива. Но иако макотрпно работел за да го добие, плодот на работата секогаш го давал на други луѓе. Зошто?
 
Член од
19 август 2010
Мислења
975
Поени од реакции
1.890
Aj кажувај оти почнав во пеинт да цртам да си објаснам. :icon_mrgr:

Само ако црташ со алатките на extreme1. Инаку не кажувам. :icon_lol:

како прво, мора ли по тој редослед? А, Б па В? на пример, ако А пука во В, а В во Б, тогаш Б е готов, пошто В не промашува. остануваат само А и В. е сега, финтата е како да го натераш В да пука сам во себе?!?!?!?!
или има уште една опција, .... Б и В знаат за своите опции, односно пошто Б знае дека В е 100% прецизен, .......тогаш логично е дека Б ќе сака да пука во В. а и В ќе сака да пука во Б пошто знае дека пак тој пука со 2/3, па сака да ја елиминира поголемата опасност. ....... ДА ДА, ќе да е ова решението. затоа што во првиот круг во А нема никој да пука. .......... но ова е ако не мора да се пука по ред А, Б, В
ме разбра некој нешто?:pos::facepalm:
Леле, не дај Боже ти математика да треба некому да објаснуваш:pos:

Еве го одговорот. Ти си А. Најголеми шанси да преживееш имаш ако пукаш во земја.
Нареден ќе пука Б и логично е да пука во В, зашто ако пука во тебе, В дефинитивно ќе го убие. Шансите Б да го убие В се доста големи, и ти ќе бидеш на ред следен да пука. Дури и ако Б го промаши В, следен ќе пука В во Б и ќе го убие. Пак си ти на ред. Бидејќи си промашил прв пат, имаш 1/2 шанси да го убиеш Б (или В, зависно кој преживеал).
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Само ако црташ со алатките на extreme1. Инаку не кажувам. :icon_lol:

Леле, не дај Боже ти математика да треба некому да објаснуваш:pos:

Еве го одговорот. Ти си А. Најголеми шанси да преживееш имаш ако пукаш во земја.
Нареден ќе пука Б и логично е да пука во В, зашто ако пука во тебе, В дефинитивно ќе го убие. Шансите Б да го убие В се доста големи, и ти ќе бидеш на ред следен да пука. Дури и ако Б го промаши В, следен ќе пука В во Б и ќе го убие. Пак си ти на ред. Бидејќи си промашил прв пат, имаш 1/2 шанси да го убиеш Б (или В, зависно кој преживеал).
хахахахах, знаев дека ќе ме искоментираш. па така е кога додека куцам и го решавам проблемот. но како и да е, на добар пат бев нели? да не кажам го решив јупииии за мене :vozbud:
ај сега ти со мојот проблем
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
луѓе, толку ли нема играчи? па ова е ментална гимнастика:tapp: , а воедно и забава. ајде уште еден ден да ја рашите загатката што ја имам поставено.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
975
Поени од реакции
1.890
имаме 4-ца, кои на своите глави имаат по еден шешир означен со боја. во случајов бели и црни. никој од нив не знае каква боја има. единствено што знаат е дека во игра се 2 бели и 2 црни шешира. никој од нив не смее да погледне нагоре и види која боја му е шеширот. напротив, секој од нив МОРА да гледа во правецот на стрелките. 3-ца се од левата страна на ѕидот, поткачени на скали. четвртиот е позади зидот затворен во кабина со прозор. значи, САМО напред. нема позади, страна или горе. не смеат ни да зборат, да разменуваат информации. може да прозбори САМО оној кој знае каква боја има на својата капа.
Прашањето е.................. кој ќе крене рака и каже ЈАС ЗНАМ КАКВА БОЈА НА КАПАТА ИМАМ!!!
Веројатно вториот. Третиот пред себе мора да гледа две различни бои на капи, бидејќи ако гледа две црни или 2 бели, мора да знае дека неговата е различна (бела или црна, соодветно). Значи, ако третиот молчи, вториот знае дека двете капи (неговата и таа на првиот) се различни. Ако таа на првиот е црна, неговата е бела. И обратно.

Само не ми е јасна улогата на оној што е сам зад ѕидот :cautious:
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Веројатно вториот. Третиот пред себе мора да гледа две различни бои на капи, бидејќи ако гледа две црни или 2 бели, мора да знае дека неговата е различна (бела или црна, соодветно). Значи, ако третиот молчи, вториот знае дека двете капи (неговата и таа на првиот) се различни. Ако таа на првиот е црна, неговата е бела. И обратно.

Само не ми е јасна улогата на оној што е сам зад ѕидот :cautious:
точно!!! а улогата на 4-тиот е само да збунува. хахахахаххахаха
(y)
Нова загатка:
Осуден си на 125 год затвор. новиот управник е добар човек па им дава шанса на затворениците да излезат од затвор порано АКО успеат да решат една загатка. за таа цел, управникот направил специјална ќелија. една врата, еден прозорец, нема маса, нема стол, а на сред соба мала дупка (дупче) со големина да може да собере едно пинг-понг топче. значи само 1мм поголема е дупката од топчето а длабока 30цм. топчето е во дупката. е сега, ....... затвореникот има на располагање игла, конец, чекан и саат со стрелки и треба да го извади топчето без да ги оштети и дупката и топчето. за да може после тебе друг да има шанса нели?
големото прашање е КАКО ќе го извади топчето. за награда, ...... пиво на собиранката од мене за паметниот :D
 
Чекај да прашам - треба да го извадиш надвор или на внатре??? Ако е за внатре, не знам (имај предвид дека е 2 сабајле) .. утре ќе пробам... ако треба да го извадиш надвор, тогаш ниту еден предмет не можеш да употребиш, освен некој си притисок, а не ми текнува друго освен да дува или да моча .. 30цм не е големо, може и со дување и мочање... ако е вака, тогаш частиш пиво, ич не ми е гајле дали оваа или наредна собиранка!! :icon_lol:
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Чекај да прашам - треба да го извадиш надвор или на внатре??? Ако е за внатре, не знам (имај предвид дека е 2 сабајле) .. утре ќе пробам... ако треба да го извадиш надвор, тогаш ниту еден предмет не можеш да употребиш, освен некој си притисок, а не ми текнува друго освен да дува или да моча .. 30цм не е големо, може и со дување и мочање... ако е вака, тогаш частиш пиво, ич не ми е гајле дали оваа или наредна собиранка!! :icon_lol:
не ти се гледа очигледно. пишува ДА ГО ИЗВАДИШ!!! :pos: очигледно касно ти е:)
и ДА, ЌЕ частам пиво. со мочање е решението!!! пошто со дување треба да имаш капацитет на плуќа ко павароти :D не зезај, не е лесно со дување, да не кажам невозможно за таа дупка.
како и да е, ПИВО од мене до тебе

ај сега следна загатка. малку ќе биде подолг текстот
имаш 10 ќупови со по 50 златника. но во едниот ќуп има лажни златници. не знаеш во кој е. единствената разлика меѓу вистинскиот и лажниот златник е во 0,1грам. поточно, еден вистински златник е 10грама, а лажен златник е 9.9грама.е сега, имаш вага (дигитална или кантар) која е неверојатно прецизна. може да измери до 0.01грам. имаш право САМО еднаш да ја искористиш. односно, само ЕДНАШ да ставиш на вагата и ТОЛКУ за да откриеш во кој ќуп е лажното злато. значи нема ставам еден ќуп, па уште еден и така натаму. или пак обратно, да вадиш по малку. да напоменам уште еднаш, САМО ЕДНАШ ЈА УПОТРЕБУВАШ вагата.
повели откриј ;)
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
ај да честитам нова год со решение
вагата се употребува САМО еднаш!!! како? вака:
ги редиш ќуповите еден до друг. потоа, од првиот ќуп вадиш еден затник. од вториот два. од третиот три. од четвртиот четири. и така се до десетиот ќуп од кој вадиш 10 златника.
е сега е финтата. кога ќе направиш сума сумарум ќе добиеш 55 златника. а пошто секој златник е 10гр, значи БИ требало да добиеш 550гр. но НЕМА, него ќе добиеш помеѓу 549гр и 549,9гр. односно, колку десетинки ти фалат, ТОЈ ќуп е со лажно злато.
фаштензи другови? :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom