- Член од
- 27 јуни 2008
- Мислења
- 9.024
- Поени од реакции
- 5.947
Да можевме да бираме немаше да избереме подобро коло за нас.Резултативе ни се поклопија и сега се отвара пат за тоа 3то место кое на почетокот на сезоната изгледаше апла недостижно.Сега ни следува меч на гости кај Рома и според многумина овој меч мора да се добие за да се вклучи Милан уште посериозно во трката за местото што води во ЛШ но јас би рекол дека за тоо место многу побитни ќе бидат оние мечеви што следат после нова година.Не дека не е важно како ќе заврши утакмицата со Рома но после оваа тешка утакмица ни следат оние ‘‘лесните‘‘ и играме со Сиена (дома), Сампдорија (гости),Болоња (дома),Аталанта (гости),Удинезе (дома),Каљари (гости), Парма (дома) и ако тука направиме серија како оваа што ја направивме после дервито со Јувентус и те како ќе се замешаме во битката за 3то место,а ништо чудно и да излеземе како 2ри под услов овие сите да ги добиеме.На почетокот со на првенството баш со овие екипи изгубивме бодови но тогаш бевме жива мизерија и на ништо не личевме,а сега е сосема друга ситуацијата и се надевам дека од утакмица во утакмица ќе играме се подобро и подобро.