- Член од
- 21 мај 2009
- Мислења
- 876
- Поени од реакции
- 466
Јас на пример, не се плашам колку е тој финансиски јак или слаб. Се плашам да не се доведам во ситуација финансиски да зависам од него. Затоа и не можам, дури и да сакам, денес да основам свое семејство. Ќе треба да зависам од него, а тоа не го сакам, да речеме дека ми е најлош кошмар.
А башка, со љубов деца не се хранат. Не е битно да има многу. Битно е да знае да се запоти и да ги нахрани децата. Истото важи и за мене.
И каква ти е оваа глупост, ти да работиш а таа да седи на кафе? Еве, што пресконуваш, ти објаснувам дека во мене нема да најдеш ,,вистински, патријархални морални традиционални и останати дебилни вредности,, ама сепак не дозволувам ни од татко ми да зависам, а не од некој друг.
Понатака, не си прв со овие глупости ,,носење тросед по скали,,. ВО канал не си секој ден. И што ти кажува дека таа не може со тебе таму? Или мислиш дека девојките не се способни за во канал?
Никогаш не сум рекла тоа е машка работа. Работа е работа, а се можам да работа. Ако не знам, објасни ми, ќе се потрудам и ќе научам. Па не во канал, кај сакаш стави ме, ќе научам.
И сега шо праиме шо жена ми сега зависи финансиски од мене,а?Што треба да ме остави и да си замине бидејки зависи од мене?Ова е најголема глупост што сум ја прочитал до сега.Па и јас финансиски бев зависен од неа кога земаше 3 плати поголеми од мене,па што?
Значи на крајот се е до парите,така?Па ке ви биде срам да барате за улошки,па за гаки,па за кафе,итн....Ооооо боже боже,па не и даваш 100денари да си купи сендвич.Се знае парите се на куп,и се води есап....


cuc: за исклучоците што за среќа уште постојат).И доста со тоа кој зошто создал не е смешно туку патетично кога немаш што друго да додадеш, а пред да продолжиш со глупостиве да те прашам тебе кој те донесе на свет, жена или некое животно можеби? Оти многу си нешто наострен против жениве, затоа прашувам.И за крај жената е посовршена од мажот кога станува збор за тоа каква е, така што треба да си среќен што си нашол некоја да ја замени мајка ти, а не да ти излегува оган низ уста кога е во прашање женскиот род.
