Echinacea tincture му мајката, доколку барате на некој начин здраво решеније. Секако покрај здравата исхрана (свежо овошје/зеленчук и сл.).
Убавото е што можете и сами да си ја подготвите тинктурата (прелесно е и поефтино), или едноставно да си ја купите (ако парите не ви се проблем).
Околу
ефикасноста: другарка моја последните 3 и пол години, секој пат за време на менструацијата поминуваше низ пекол.
Херпес, омалаксаност, температура, депресија, надпросечни болки, настинка......
Откако почна редовно да ја консумира тинктурата - херпесот, омалаксаноста и настинката комплетно исчезнаа, додека останатите симптоми значително се намалија. И еве ја 5-ти месец редовно како си ја користи тинктурата и не планира да прекине.
Ехинацеа е добро да се користи за зајакнување ан имунитетот, ама ако добро се сеќавам, никако подолго од 15 дена во континуитет (мора да се направи пауза)...
Читам низ темава и гледам различни мислења, а лекарите на форумов веќе објасниле дека станува збор за вирусна инфекција, вирусот живее во еден нерв кој се разгранува во внатрешноста на главата и секогаш при намален имунитет се појавува, најчесто на усните, но може да се појави било каде на лицето, па и по телото. Особено е непријатен ако се појави на гениталиите.
Ехинацеа, како и пчелни производи (прополис, мед, матичен млеч) може да се користат како средства за зајакнување на имунитетот - профилактички, но не и директно кога имунитетот веќе опаднал, т.е. херпесот веќе се појавил (веќе е доцна за превенција)...
Во таков случај, најдобро е да се користи ацикловир маст (кај неас не сум сигурен дали има други антивирусни препарати). Хидроциклин е пред се', антибиотик, т.е. делува антибактериски, па нема никакво дејство против вирусот. Ако некој вели дека „хидроциклин помага“, т.е. дека херпесот исчезнал, може да се заклучи само дека меурчињата исчезнале и вирусот се повлекол во нервот каде што си живее заради тоа што во меѓувреме самиот организам се изборил против него, т.е. имунитетот си „дошол на себе“, а не заради дејството на хидроциклинот или било кој друг антибиотик.
Пастата за заби, како и пастата од цинк оксид се симптоматска „терапија“ - делуваат адстрингентно не дозволуваат ширење на меурчињата и ги сушат - повторно имунитетот е тој кој треба да се врати на нормала, во меѓувреме, за тие целосно да исчезнат.
Освен мачкање на местата со херпес лабиалис со „херпесан“ (што е добро, според мене), може да се мачкаат исо прополис (заради локалното дејство, не системско како што спомнав претходно, иако ова е малку непријатно, заради обојувањето накожата додека се користи) или домашно приготвен чај од маточина (антивирусно дејство), камилица (против воспалително) и ајдучка трева (адстрингентно)....
Мене понекогаш ми се случува во една недела три пати да ми излезе херпес лабиалис, и да си помине за неколку дена.
Тогаш знам дека имунитетот ми е катастрофа и преземам соодветни мерки... како мал, пак, ми се појави перзистентен херпес по цело тело, одвај се избавив, и среќа што немам лузни од тоа раничките.... што значи, знам дека си го носам, ама може добрата последица е тоа што имунитетот ми е вообичаено на високо ниво....