Се гледа дека во Гостивар има македонци дојденци..........
Бројот на турците е зголемен за 2.34 пати
Бројот на албанците зголемен за 3.9 пати
А бројот на македонците зголемен за 4.5 пати..........
Дојденци има насекаде , Скопје ти е полно со дојденци , и македонци и албанци.
Македонците во Гостивар имаат ваков раст највеќе заради миграциите село-град.
Сега чуден ми е Анцо , он плаче поради испразнетите села , ама заборава дека тие селани ги наполнија градовите.
Еве како се движи процентот на македонци во градот
Гостивар:
1953: 27,7%
1961: 40%
1971: 41,6%
1981: 36,6%
=
Значи убаво беше кога македонците од 27,7% станаа 41,6% , ама лошо е кога во селата од 500 македонци остануваат 200.
Тоа е нормален процес , ако ги полниш градовите , ќе ги губиш селата , особено ако и наталитетот ти е послаб од другите националности.
Албанците имале повисок наталитет него македонците , до 60-та немало толку многу разлика , но кога македонците почнаа да се граѓанизираат , тогаш разликата во наталитетот станала голема. Кај македонците имало голем пад , а кај албанците стабилен наталитет се до доцна.
Дали некој ги имаа пописите за тетово и остали градови да ги анализираме?
Град
Тетово 1953-та :
-македонци: 7575 (37,6%)
-албанци: 7155 (35,5%)
-турци: 4470 (22%)
2002-ра:
-македонци: 18.555 (35%)
-албанци: 28.897 (54,6%)
-турци: 1878 (3,6%)
=
Моментот кога во Тетово секој пети жител е турчин , во 1953.
Многу скапо им кошташе на албанците измамата да се изјаснуваат за турци и за да заминат во Турција.
Но факт е дека македонците процентуално се слично како во 1953-та , а албанците имаат пораст токму заради такозваните турци , кои понатака се попишуваа какви што биле реално , албанци.
Чекај сега ако во 1942 имало во Гостивар вкупно 33 000 Македонци/Албанци,како тоа во 1953 имало вкупно 7000???
Изгледа податоците се за општина и само за градот.
Он си ги дава податоците за цел гостиварски регион , а јас само за градот без села.
Нејасно ми е кај нашле 16.000 македонци , кога се знае дека во Гостивар имало и има многу малку македонски села , а албанските села и тогаш и денеска се големи села.
Да речеме дека во градот имало 2500 македонци , кои биле тие села во Гостивар со 13.500 македонци ?
Да напоменам дека во Гостивар после втората светска војна имало големо населување на Егејци.
А сепак во 1953-та во Гостивар избројани се само 2600 македонци.