Змејко и
Гледачот Дуле од Велес
- Член од
- 10 април 2005
- Мислења
- 1.103
- Поени од реакции
- 1.419
Мачорке, ги распуштам твоите аргументи бидејќи немаат мерит. Ама еве ќе се смилувам да ти објаснам кај грешиш, за твое добро.Така, така...сакаш да ми го тупосаш Бркоје на мене и после јас да му го берам гајлето.
Слушај Змејко, посвојувањето е сериозна работа, ти си го посвои, сеа ти ќе си ги тргаш маките со него.
И дај те молам појачај му малку исхрана, види на што личи посвоеников твој, камења треба у џеб да носи за да не го одвее ветерот. И пушти срце, извади му една слободна, нема смисла да се шверца по автобуси, греота е, ќе скрши некое ноџе или раче дур бега од контролорите, уште тоа му фали на цела мака.
Добро, ај можеби е слабичок, но тоа е само поради фактот што не се придржува кон усвоените норми на конвенционална лепота. Тој ти е како Кејт Мос, само во машка варијанта, а бидејќи е подеднакво кул како неа, употребува дисацојативи и делиријанти, како и самата г-ѓа Мос. Фактот што ти не можеш ова да го увидиш те прави површна и суперфицијална едновремено. Да не бев оволку рафиниран господин, ќе те наречев сељанка.
Тој се шверца во автобуси не зошто нема слободна (има две), туку затоа што е модерен Џемс Дин, бунтовник без, па и со причина. Налет тоа, туку најдетално ви опиша и вие како да шверцате тука, како би изградиле нов, храбар подобар свет, но никој не го слуша.
Не го заслужуваш, бејб, и самата го знаеш тоа.