- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.263
- Поени од реакции
- 12.986
Само што кореецов заборава една многу важна,односно најважна работа - имаш избор.
Можам тоа да го гледам или да земам да читам нешто интересно и корисно, можам ако имам желба се посветам и сум доволно добар да бидам што сакам.Па дури и тие ѕвезди кои имаат се што ќе посакаат.....
Тоа малце го заборава кореецот и всушност ако не ми се свиѓа можам да си спакувам куферите и да се отидам кај што ќе ми биде подобро.
Е тоа е чиста вистина - дека имаш право на избор, но не во секоја област, на пример на парламентарните и на претседателските избори немаш избор помеѓу кандидати со различни ветувања и со различни решенија за секојдневните проблеми, туку имаш избор само помеѓу кандидати со различни имиња и тука завршува изборот.
Од друга страна, во Северна Кореја воопшто немаш право на избор и тоа е чиста вистина.
Кога сме кај правото на избор околу тоа дали сакаш нешто само да го гледаш или сакаш да го купиш, тоа во последно време зависи од тежината на твојот паричник отколку од твојот интерес за тоа дали сакаш да го купиш или не, бидејќи огромна е веројатноста да го купиш доколку е евтино и доколку можеш да си го дозволиш согласно со тежината на твојот паричник, а воопшто да не го искористиш бидејќи воопшто нема да ти притреба во животот.
На запад приказната е тотално поинаква - примамливите кредити со ниски камати велат дека можеш да си дозволиш се и сешто, а западњаците, а под западњаците не мислам само на американците, туку и на европејците, си дозволуваат на себеси да веруваат дека можат да си дозволат работи кои тежината на нивниот паричник не им ги дозволува, а најлошо од се е тоа што си дозволуваат да веруваат дека економската криза поминала и дека започнува нов период на економски напредок, додека во реалност неплатените долгови не се ниту платени, ниту простени, туку чекаат плаќање.
А кога сме кај славните, самиот факт дека голем дел од нив формираат сопствени хуманитарни фондации и организации кои ги користат за да избегнат плаќање на даноци, говори повеќе од доволно дека тие се тука за да продаваат забава од која профитираат, а не за да ти демонстрираат како треба да го водиш својот живот.
Ако славниот, односно забавувачот, ја изгуби својата слава или се повлече од јавноста или ако умре, ќе се појави некој друг кој ќе ја забавува јавноста на поинаков начин, оттргнувајќи го вниманието на јавноста од вистинските секојдневни проблеми.
Па и на самите севернокорејци вниманието од гладот, смрзнувачката и недостатокот на електрична енергија, им е привлечено кон декадентниот и уназадениот запад со ваквите пропагандни филмови, кои како што веќе спомнав, ја прикажуваат испревртената вистина, но сепак е вистина.