Колекционери на стари пари

Член од
23 јануари 2012
Мислења
108
Поени од реакции
61
Реална цена
1200 до 1500 денари
80 $ хахах а за другите цени немам коментар едно е да гледаш во каталог друго е да знаеш што зборуваш , вредноста на оваа монета е околу 1500 денари односно вредноста е во среброто нумизматичка вредност може да има само ако е нова во најдобар калитет .
5-20% од каталог помали цени реални :) хахахах овие монети што се нудат односно ги има кај нас се 80% поевтини од каталошките цени . Ова со 2013 ти е добро демек има промена во цената во најновиот каталог , зошто нема повеќе 5 динара да се купи? мора да има некоја причина зошто би имало промена на цената .
Активен сум по форуми 11 години. Твојов пост го прогласувам за нај-n00b пост што некогаш сум го прочитал во било која категорија. А верувај, објективен сум.

Токму тие каталози се употребуваат како репер за нумизматичката вредност на одредена монета. Ако не веруваш на илјадниците статии на таа тема на интернет, како и на hard-copy примероци напишани уште децении наназад, зачлени се во некој од попрофесионалните форуми како coincommunity.com , ќе добиеш потврда на моево мислење, а воедно и потврда за твојата неупатеност.

Ако е нова, нумизматичката вредност на монетата не е повисока од номиналната т.е. нема нумизматичка вредност. Нумизматичката вредност (позната како колекторска вредност) по правило е резултат на движењата на понудата и побарувачката за таа монета. Во принцип, колку е постара и поретка, толку е повредна. И логично, подобар квалитет на монетата гарантира многу повисока цена. Ако имаш барем средно завршено, треба да знаеш како функционираат законите на понуда и побарувачка.
Имам монета од 1903 што не вреди ништо бидејќи ја има во над 80 милиони примероци. Но имам сребрени германски монети од 195X кои вредат до 2.500 денари (со намалена вредност од дури 20%, непишано правило, чисто поради евентуално преценети проценети вредности од дилерите) од кои едвај 9% од цената може да се препише на вредноста (и тоа берзанска) на среброто.

Тоа што постојат луѓе кои не се свесни за вредноста на монетета која ја поседуваат или се во таква криза што би ја дале за многу под цена, тоа не ја менува реалната, објективна, пазарна цена на монетата на глобално ниво. Тоа што ти, на пример, од 12 годишното комшивче твое си успеал да откупиш монета по 80% помала вредност од каталошката е една работа, а друга работа е да знаеш што зборуваш... како што преферираш да кажеш. Општо прифатено мислење е дека пазарната вредност е за 5% - 20% пониска од каталошката, така да тоа "хахахах" може да го упатиш само на твојата игнорантност која не ти дозволила ни да го провериш мојот став на интернет.
Пример: 10 грама монета, 5 грама се сребро. Во каталог има најниска можна вредност т.е. BV - вреди само среброто. Во златара ќе ти ја откупат за 150 денари т.е. иако берзанската цена за грам е 40-45 денари, тие ќе ти понудат 25-30 денари за грам. А по твојава логика треба да вреди 80% помалку од 150 денари т.е. 30 денари.
Со оглед дека и најпростите луѓе знаат каде да продадат златни/сребрени монети, твоево мислење испаѓа дека е во недоглед неиздржано, економски неоправдано и што е најбитно - не е пракса во реалноста.

Сеуште не ми се верува што имаш напишано во твојов пост, некој да сака да ме трола, па нема да направи подобар пост од твојов. Една од причините за менувањето на вредноста на сребрените/златните монети е промената на берзанската цена на благородните метали. Друга причина е законот на понуда и побарувачка. Велиш добро ми било ова со 2013та каталогот, како тоа ја нема монетата таму... Како што можеш да видиш во мојот претходен пост, напишав дека има само ДЕЛУМЕН каталог т.е. тој за 2013та за БЕЗ ПАРИ го има само промотивно, делумно на books.google.com поставен од страна на самиот издавач, а немам ЦЕЛОСЕН од 2013та бидејќи треба да платам $44 (намалено од $70 на Amazon), или што е побитно го нема кај да се симне преку torrent, било кој share и сл.
А целосни каталози имам од 2010та за монети од 20 век, од 200X за монети од 19, 18 век итн... Вредноста на некои монети што ги поседувам во каталогот за 2013 во споредба со вредностите на истите монети во каталогот за 2010 се зголемени 3 пати, некои за 30%, други за 10%, а некои монети кои имале и мала нумизматичка вредност, сега ја немаат и таа т.е. имаат вредност BV т.е. bullion value т.е. melting value т.е. вредат само колку процентот сребро во нив.
Еве линк до каталогот за 2013та, уште еднаш увери се сам во твоето незнаење, како и неспособност да разбереш една сосема убаво напишана реченица во мојот претходен пост...
http://books.google.mk/books?id=a0PgB-pvfaoC&pg=PA3&lpg=PA3&dq=krause+and+mishler+2013+catalog+coins&source=bl&ots=6zTCsBuoBM&sig=vi2tN60WJOZgzFgqV4QJoTKiVgg&hl=en&sa=X&ei=1mc6UJufOMngtQa1roHwDg&ved=0CDwQ6AEwAg#v=onepage&q=krause%20and%20mishler%202013%20catalog%20coins&f=false

Те молам поштеди ме мене и сите тука од понатамошни твои "познавања" и пазарни "мудрости".
 
Член од
10 август 2012
Мислења
5
Поени од реакции
0
Image517.jpg Image518.jpg

Сликите не се гледаат најдобро, ја имам најдено оваа пара, и ме интересира каква е, од кога е, и дали има вредност да се продаде.
 
Член од
3 ноември 2011
Мислења
5
Поени од реакции
1
ne znaev kade da ja stavam temava, pa ja staviv vo opsti muabeti. me interesira dali na forumov ima kolekcioneri na stari pari? za tie sto se kolekcioneri od koga im poteknuva najstarata banknota ili moneta?
jas od pred nekolku god sobiram. najstarata banknota mi e od 1909god.

Најстарата ми е 1981. Искрено не собирам монети,си ги најдов дома.
 

roknroler

Umetnik
Член од
28 август 2011
Мислења
96
Поени од реакции
160
mene najstarata mi e od 323 godina grcka mala paricka :)
a imam i 2 rimski,seuste ne mozam da gi identifikuvam
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Собирав порано стари парички но потоа кога се селев морав да ги ставам в кутија и потоа не ги најдов. Ги имав многу :(
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963

100 куруши УНЦ 1910 година 7.216гр 0.917 златник за продавање,понуди во ПП.
Исто така откупувам парички,сребреници,и вршам размена на истите.
Kazimi koja e vrednosta na ovie zlatnici , istite vakvi gi imam jas vo golema kolicina .Pozdrav;)
 
Член од
10 август 2012
Мислења
5
Поени од реакции
0

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Порано како мало дете ги собирав под стаклото од бирото, зборам за монети значи ......... имав грчки драхми ........ бугарски левови ........ југословенски динари ......... по некој шилинг(австриски мислам дека беа овие), словенечки толари, хрватски куни, албански леки, имав и франц. франци, американски долари, австралиски долари... значи зборам за монети, НО еднашка пред некоја година ги собрав сите ги однесов во менувачница и ми ги зедоа т.е. заменија со денари само американските и австралиските долари, безвредниот остаток го џитосав во контејнер ........... и зедов помалку од 500 денари ............ бидејќи монетите ги рачунаат со помала цена .......... зборам за австралиските и американските долари !
 
Член од
9 октомври 2012
Мислења
11
Поени од реакции
1
Здраво на сите колекционери и собирачи на монети
имам вакво нешто за продажба ..средновековна Србија
ако има некој заинтересиран што ги собиранека пише ...
 

Attachments

Член од
17 мај 2012
Мислења
2
Поени од реакции
0
Поседувам француска монета од 1910 год., 20 франки, во златара е проценета на 250 евра, доколку е заинтересиран некој да ја откупи нека ми пише, итно ми е да ја продадам
Coin_260.jpg
 
Член од
13 декември 2012
Мислења
1
Поени од реакции
0
Вреди ли парава од 1864 год. ?
--- надополнето: 13 декември 2012 во 21:52 ---
500 dolari od 1864.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom