IPad 3 или Nexus 7?

IPad 3 или Nexus 7

  • Вкупно гласачи
    62
Член од
24 октомври 2011
Мислења
20
Поени од реакции
1
Знам дека споредбава е несодветна. Nexus 7 би се споредувал релно со IPad mini, но јас се двоумам меѓу нив. Секое ваше мислење е ценето.
 
Ако можеш да си го дозволиш, iPad е секако подобар избор, имаш многу поквалитетен екран, поубави апликации и помалку нервози. Јас имам iPad 3 веќе 3 месеци и досега не ме разочарал од ниеден аспект, ниту од траење на батерија, ниту од некакво кочење или краширање на апликации :)

Сум немал андроид таблет, ама сум имал андроид телефон, и можам да ти кажам дека нивото на апликациите што се и на iOS и на Android е неколку класи повисоко на iOS.
 
Според кои апликации го заклучи ова?

„Apple Maps е поквалитетна апликација од Google maps, да речеме на пр. “
 
iPad 3 - Apple си е Apple.
Апле беше апле до пред некоја година. Не сум од оние фанови ниту на апле ниту на гугле и така сум имал прилика дасе расправам и со такви и со такви и да ги бранам предностите и на двете страни.
Секоја чест на апле за она што го извадија преку iPod Тouch, iPhone, iPad али .... 5 години седат на истото и само си ја жнеат нивата. Мислам освен некои ситни промени не понудија ништо ново. За разлика од нив Гугле сериозно си го сфати предизвикот и можам да кажам дека во моментот кога го извади ICS му удри аперкат на апле.
Реално после ICS гугл е онај шо нуди подобар софтвер, веќе го има сериозно зафатено пазарот и апликациите на големо се произведуваат за андроид наместо ios. Капа долу на гугле за начинот на кој се проби на пазар каде противникот беше ненормално јак.
Неможам да се изначудам како Апле не си учи од сопствените грешки. Имено истиот овај Апле пред 30 години имаше феноменален оперативен систем наспроти ѓубрето од мајкрософт. Иронично но мајкрософт со „отвореноста“ на системот стана она шо стана а апле после 30 години ја повтори истата грешка.
Ова е лекција како не треба да се работи и е за во учебници по економија.

п.с. сериозно не ти се за споредвање удедите шо ги имаш понудено. Ipad3 е далеку подобар уред. А од друга страна nexus 7 е best buy.
 
Сум немал андроид таблет, ама сум имал андроид телефон, и можам да ти кажам дека нивото на апликациите што се и на iOS и на Android е неколку класи повисоко на iOS.
Што телефон имаше ако не е тајна?
И по што конкретно е неколку класи повисоко нивото на апликации на ios во споредба со андроид?
 
и јас имам андроид телефон и не сум воопшто задоволен
 
Според кои апликации го заклучи ова?

„Apple Maps е поквалитетна апликација од Google maps, да речеме на пр. “
Сега неможе да се споредуваат таблет апликации со мобилни апликации оти не изгледаат исто, и функционалноста не е иста, ама Instapaper, Readability, Remember the Milk, ESPN Scorecenter па потоа еден куп апликации за note-taking (што ги немам пробано на андроид) кои што изгледаат и функционираат прекрасно на iPad со stylus пенкалце како Goodnotes, uPad, Noteshelf.

Потоа да не зборувам колку е подобро и поквалитетно организиран и самиот App Store за разлика од Google Play.

Неспоредливи и нефер е да се споредат овие два таблети, кога се знае дека ако цената не е важна iPad е подобар и пологичен избор.
 
Последно што пробав на ипад е да направам нов подфолдер во фолдерот албумс и се изнервирав и баталив.Оперативен систем за мали деца.
 
Што телефон имаше ако не е тајна?
И по што конкретно е неколку класи повисоко нивото на апликации на ios во споредба со андроид?
Имам Motorola Cliq 2. Не знам како да ти објаснам за апликациите, ако си користел iOS апликации наспроти Android апликации сам ќе почувствуваш колку поубаво се стандардизирани, работат побрзо и немора да ги „учиш“ како да ги користиш, туку самото користење доаѓа по-природно отколку на Android.
 
Апле беше апле до пред некоја година. Не сум од оние фанови ниту на апле ниту на гугле и така сум имал прилика дасе расправам и со такви и со такви и да ги бранам предностите и на двете страни.
Секоја чест на апле за она што го извадија преку iPod Тouch, iPhone, iPad али .... 5 години седат на истото и само си ја жнеат нивата. Мислам освен некои ситни промени не понудија ништо ново. За разлика од нив Гугле сериозно си го сфати предизвикот и можам да кажам дека во моментот кога го извади ICS му удри аперкат на апле.
Реално после ICS гугл е онај шо нуди подобар софтвер, веќе го има сериозно зафатено пазарот и апликациите на големо се произведуваат за андроид наместо ios. Капа долу на гугле за начинот на кој се проби на пазар каде противникот беше ненормално јак.
Неможам да се изначудам како Апле не си учи од сопствените грешки. Имено истиот овај Апле пред 30 години имаше феноменален оперативен систем наспроти ѓубрето од мајкрософт. Иронично но мајкрософт со „отвореноста“ на системот стана она шо стана а апле после 30 години ја повтори истата грешка.
Ова е лекција како не треба да се работи и е за во учебници по економија.

п.с. сериозно не ти се за споредвање удедите шо ги имаш понудено. Ipad3 е далеку подобар уред. А од друга страна nexus 7 е best buy.
Знам дека не се за споредба, како што и кажав. Ама разгледувајќи се сведов на овие 2, и "заглавив" тука :( Требаше можеби да кажам уште на почеток за Nexus-от имам обезбедено средства ( не мој се разбира ) а за Ipad-от ми требаат околу 180 евра кои делумно ги имам. И тоа можеби е најтешкиот дел околу дилемата. Дали да земам производ кои е најдобра понуда на пазарот за цената, или со 180 евра да зема iPad кои важи за најдобар. Дилема.....
 
Зимај нексус и не го преплатувај ејплот, не вреди
 
Имам Motorola Cliq 2. Не знам како да ти објаснам за апликациите, ако си користел iOS апликации наспроти Android апликации сам ќе почувствуваш колку поубаво се стандардизирани, работат побрзо и немора да ги „учиш“ како да ги користиш, туку самото користење доаѓа по-природно отколку на Android.
На Motorola Cliq 2 сепак не можеш да почувствуваш право андроид искуство.
ios (ајфон) лично немам, но скоро секојдневно сум во контакт со него. Точно, апликациите брзо се вклучуваат и работат прилично добро, но не е тотално ништо поразлично од моите sensation и galaxy nexus.
А со тоа "да ги учиш како да ги користиш" навистина не те разбирам што сакаш да кажеш, бидејќи навистина не гледам што е комплицираното во андроид апликациите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom