Ова сѐ е веќе познато, не е ништо ново: не е јасно зошто се третира како нешто ново!
Најголем број од големите мислители кои *почнале* да размислуваат на оваа тема,
поточно тие кои оставиле некаков запис по темата,
без исклучок стигнале до исти или слични заклучоци (дури и во различна ера).
Иако скоро сите никогаш не ни почнале да размислуваат (што е исто така аргумент сам по себе!)
Пресметливоста на жените и општа сила на мажот се две дефинициони својства нивни, дадени од природата.
(За едното постои ригорозен доказ.)
Таа (со нецелосно познати механизми) се грижи секој да употребува максимум од себе.
Се разбира, тоа важи за скоро сите луѓе. Природата ги обучува своите да го продолжат родот.
Секој кој се противи на тоа не успеал.
Една реченица што ја чув во песна (има шанси да не е оригинална) е употреблива:
„Совеста не попушта ако си творец на сопствена пропаст“.
Таа е вистинита. (Еден од претходните споменати механизми на природа)
Имаме генерична грешка при рамномерните очекувања од луѓето.
Повеќето луѓе не вредат ниту за разговор од една линија.
„...тие се животни чии вилици ги држат затворени законите...“ (T.H.).
Ова делува разочарувачки и прва реакција е да го отфрлиме како невистина. А што ако е вистина ?
Повеќето луѓе се во повеќето луѓе, затоа и го отфрлаат веднаш.
(Една важна забелешка (на многу теми е вредна): ако имате контрапример единечен, вие немате ништо (т.е. никаков аргумент).
Кога ќе кажете „не генерализирај“, тоа е како да кажете „не размислувај“.
Сите размислувања водат кон обопштување. Идеално обопштување е тоа кое опфаќа сѐ.
Иако не може за секое тврдење да постои такво обопштување, се зема најдоброто моментално.
Секој што не е опфатен од тоа тврдење е грешка, пропуст, аномалија на размислувањето.
По интуиција, се стремиме грешките да бидат од прифатлив ред.
Значи, со секое тврдење, постојат грешки кои не се опфатени (посебно во социјални науки).
Ова не е тајна.
Затоа кога ќе се изјави некое тврдење, а вие да одговорите со „не генерализирај“, тоа е погубно по себе, тоа нема никаква поента.)
Од тие сум кој верува дека само вистината има таква карактеристика да доведе до толку бурна реакција. (Вистината генерира омраза.)
(Интересно што од сите страни се наметнува да *не се соопштува вистината*, а ако се соопштува, да се биде многу внимателен
(Што како практичен совет е во ред, но зошто е така ?)
Апсурд е да се плашиме од вистината (не зависи од нас).)
Сѐ останато се отфрла како невистина, т.е. нема потреба да се размислува околу тоа.
(Колку време (во опуштен разговор) би потрошиле за да го побиете тврдењето: белото е црно?)
Според тоа, иако некој не би се согласил можеби со сите тврдења, кога ќе ја види реакцијата од засегнатите, веднаш ќе се подзамисли - можеби грешка
направил што не се согласил со сѐ. (Се случувало многу пати.)
Бидејќи е така и сите наоди тврдат дека така и било откога се знае, неизбежно се наметнува следната линија на мислење:
имаме проблем со очекувањата! Ние очекуваме да не е така, очекуваме да е грешка. Уште повеќе, сакаме да е грешка.
(Вистината не се грижи за нашите очекувања.)
Но, личи дека не е. (Тука треба да ви прелетаат низ глава сите „мали“ зла што сте ги забележале кај партнерот.
N.B.: Не постојат *мали* зла. (Злото, штом постои, е ограничено само од околностите))
Кој е следниот чекор ? Дали има потреба од следниот чекор ?
Можеби овој степен на однесување е максимумот што можеме да го дадеме како раса. Понатаму, на шансата е препуштено.
(Шпанците имаат интересна поговорка за ова: роди ме среќен и фрли ме во море.)
Ceteris paribus, личи дека е.
Овој пост можеби нема практична примена. Неколку совети што имаат:
-Во принцип, ако некој ни значи, мора да го скриеме тоа од него (инаку, во 9/10 следува ароганција).
(Ова е совет што е најефикасен, според мене)
(Од тоа што гледам, скоро целата дискусија се базира на ова. А овој став бил познат најмалку во 19 век (за кој што сум сигурен), а најверојатно и претходно).
-Eleusis servat quod ostendat revisentibus (Seneca преку Goethe)
(Eleusis чува нешто што ќе го соопшти при втората средба).
-Да не се игнорираат т.н. мали зла. (Не можеме да побегнеме од природата! (Исто од Seneca))
-На крајот од денот, пред спиење, да се размисли за дејствието од целиот ден. (Platon)
-Однесувај се така како што мислиш дека останатите те гледаат (Socrates).
(Резонирањето позади последното е: карактер-за-карактер (Goethe); Можеш да очекуваш од другите, ако тие очекуваат од тебе.
Quid-pro-quo. Или, подиректно: ако бараш висок степен на морал, мораш да поседуваш.)
Темава повлекува различни прашања (во најголем дел неодговорени (или парцијално одговорени)).
Не е јасно зошто се дозволуваат неколку (а едни исти!) да ја уништуваат дискусијата, на еден ист, неоригинален начин.