Фан клуб - РК Металург

МЕТАЛУРГ ТРГНУВА ВО ДЕСЕТДНЕВНА ТУРНЕЈА

Објавено на : 04/12/2012 18:15
Текстот не е лекториран
DSC_7302_resize1.JPG
Утре, рано наутро, Металург со автобус тргнува на десетдневна турнеја, во чии рамки ќе одигра три натпревари од календарот на СЕХА-лигата. Утревечер Металург ќе допатува во Бања Лука, каде што на 6 декември ќе се сретне со екипата на Борац. Следниот ден нашите ракометари ќе отпатуваат во Нашице, каде што на 8 декември ќе го одиграат својот втор натпревар, против Нексе.
На 9 декември ракометарите на Металург тргнуваат кон Србија, каде што еден ден ќе поминат во Стара Пазова. На 11 декември нашиот тим ќе лета на релацијата Белград - Виена - Минск, а потоа со автобус до Брест, каде што на 12 декември ќе ја има и последната средба, против Брест Мешков. Тоа се и последните натпревари на Металург во 2012 година.
На 13 декември Металург се враќа во Скопје, со летот на релацијата Минск - Виена - Скопје.
На пат тргнува комплетниот тим на Металург, со исклучок на Козлина, Наумовски, Ангелов и Манасков.
Засега е обезбеден ТВ-пренос од натпреварот против Нексе, а се работи на обезбедување на преносот и од натпреварот против Брест Мешков. http://www.rkmetalurg.mk/storija/3334
 
Манасков повреден е?
 
Манасков повреден е?
Незнам од која причина не отишол со нив

ДЕЈАН МАНАСКОВ Е ИЗБРАН ЗА НАЈДОБРО ЛЕВО КРИЛО ВО ЛШ ЗА ИГРАЧИ ДО 22 ГОДИНИ

Објавено на : 05/12/2012 13:47
Текстот не е лекториран​
665.jpg

Популарниот француски ракометен портал “Handnews“ ги избра 10-те најдобри млади (до 22 години) ракометари во Лигата на шампионите. Меѓу нив е и нашиот Дејан Манасков, како најдобро лево крило меѓу младите надежи.
На листата се најдоа по двајца ракометари на КО Загреб и на ПЛ Цеље, и по еден од Металург, Монпелје, Кадетен Шафхаузен, Савехоф, Горење Велење и Партизан.
На листата се:
Филип Ивиќ (20) голман - КО Загреб
Дејан Манасков (20) лево крило - Металург
Матју Гребиле (21) лев бек - Монпелје
Кристијан Дисингер (21) лев бек - Кадетен Шафхаузен
Борут Мачковшек (20) лев бек - ПЛ Цеље
Лука Степанчиќ (22) десен бек - КО Загреб
Кенет Робин Тонесен (21) десен бек - Савехоф
Матеј Габер (21) пикер - Горење Велење
Гаспер Маргуц (22) десно крило - ПЛ Цеље
Богдан Радивојевиќ (19) десно крило - Партизан

top-ldc.jpg
 
Да потегне врски Лино да го земат некако оној Степанчич од Загреб,одлична замена за Ренато би бил,на долги стази секако. :)
 
Да потегне врски Лино да го земат некако оној Степанчич од Загреб,одлична замена за Ренато би бил,на долги стази секако. :)
Ќе издржи Ренато уште две години па Лазаров ќе се врати :)
 
Ќе издржи Ренато уште две години па Лазаров ќе се врати :)
хахах е бога ми Лазаров ако успеа да го донесат,на колку и да е години секоја им чест. :)

Иначе Ренато изјави дека сака да ја заврши кариерата во Металург и дека ова нема да му биде последна сезона.
 
Убедлива победа од 20-30 (9-16) славеше македонскиот шампион Металург на денешното гостување во Бања Лука против екипата на Борац во рамките на натпреварите од СЕХА регионалната лига.

„Металурзите“ на десетиот свој натпревар во лигата очекувано стигнаа и до седмата победа по која со 21 бод се пробија на третата позиција на табелата, веднаш зад Загреб КО и Нексе кои имаат по 22 бода, но и натпревар повеќе.

Од самиот старт на дуелот Металург јасно покажа кој е кој во ракометот преземајќи го водството уште од првите минути па континуирано зголемувајќи го се до последните секунди кога се заокружи на 20-30, иако претходно нашиот претставник непосредно пред крајот имаше предност и од 11 гола.

Најефикасен во победата на Металург беше Златко Мојсоски со шест гола од исто толку обиди, пет постигна Наумче Мојсоски, четири – Дамир Батиновиќ, а по три гола запишаа Ракчевиќ, Левов, Димовски и Додер. Искусниот Стевче Алушевски заврши со два постигнати гола. Голманот Дарко Станиќ забележа 10 одбрани од 19 шута кон неговиот гол, додека Никола Митревски имаше пет одбрани од 16 обиди на противникот.

Во редовите на домаќините најефикасни беа Делиќ и Јанковиќ со по пет постигнати голови. http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=13261
 
Одлична победа,Златко Мојсовски верувале или не 6/6 :pos:
Следна со Нексе во Сабота мислам,рекоа дека обезбедиле пренос така да ќе уживаме. :)
 
Одлична победа,Златко Мојсовски верувале или не 6/6 :pos:
Следна со Нексе во Сабота мислам,рекоа дека обезбедиле пренос така да ќе уживаме. :)

:eek::eek: :eek::eek::eek::eek::eek::eek::eek:

Не, не , не , не , ова не се случува .. Те молам кажи ми дека сонувам и дека ова не е реалност ! ! :LOL:
--- надополнето: 6 декември 2012 во 23:32 ---
LetMeSea го заборавиле да го стават Н'досан од Монпеље, типацот со локните или суканиците како и да е ...
 
http://www.seha-liga.com/utakmice/2789
:icon_lol:
 
Man of the match бе овој Козлата, браво браво .. Иначе гледам Станиќ 10 одбрани од 19 шута .. Шта речи ...

На средина од прво полувреме имаше 9 одбрани од 14.После тоа јасно е дека ќе се плашат да шутнат.:D
 
На средина од прво полувреме имаше 9 одбрани од 14.После тоа јасно е дека ќе се плашат да шутнат.:D

Затоа бранел 20 минути и Червар се сожалил го ставил на клупата за да бидат колку толку конкурентни овие :X3:
 
Поради обилен снег, откажан е ТВ-преносот од натпреварот Нексе - Металург
:tapp:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom