МЕТАЛУРГ ТРГНУВА ВО ДЕСЕТДНЕВНА ТУРНЕЈА
Објавено на : 04/12/2012 18:15
Текстот не е лекториран
Утре, рано наутро, Металург со автобус тргнува на десетдневна турнеја, во чии рамки ќе одигра три натпревари од календарот на СЕХА-лигата. Утревечер Металург ќе допатува во Бања Лука, каде што на 6 декември ќе се сретне со екипата на Борац. Следниот ден нашите ракометари ќе отпатуваат во Нашице, каде што на 8 декември ќе го одиграат својот втор натпревар, против Нексе.
На 9 декември ракометарите на Металург тргнуваат кон Србија, каде што еден ден ќе поминат во Стара Пазова. На 11 декември нашиот тим ќе лета на релацијата Белград - Виена - Минск, а потоа со автобус до Брест, каде што на 12 декември ќе ја има и последната средба, против Брест Мешков. Тоа се и последните натпревари на Металург во 2012 година.
На 13 декември Металург се враќа во Скопје, со летот на релацијата Минск - Виена - Скопје.
На пат тргнува комплетниот тим на Металург, со исклучок на Козлина, Наумовски, Ангелов и Манасков.
Засега е обезбеден ТВ-пренос од натпреварот против Нексе, а се работи на обезбедување на преносот и од натпреварот против Брест Мешков. http://www.rkmetalurg.mk/storija/3334