ФОТО: АРМ доби возило „Кобра“ и „Лендровери“ од Турција

  • Креатор на темата Креатор на темата Samurai Jack
  • Време на започнување Време на започнување

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.667
Поени од реакции
8.725
Возраст
32
Локација
Велес
Амбасадорот на Република Турција, Ѓурол Сокменсуер, денеска во Техничко-ремонтниот центар во Скопје му ја предаде турската донација за АРМ на министерот за одбрана Фатмир Бесими.

lend.jpeg

Донацијата која се состои од седум возила „Лендровер“ и 1 возило „Кобра“, во вредност од 710.000 американски долари е дел од досегашната вкупна помош во донации од Република Турција, чија вредност изнесува околу 18 милиони американски долари.
- Сите овие години од нашето осамостојување, сведоци сме на градење односи помеѓу Република Македонија и Република Турција кои се на исклучително високо ниво. Нашето пријателство е пример за тоа како треба да се соработува во регионот, истакна министерот Бесими, на примопредавањето на донацијата.
Тој нагласи дека станува збор за нова, неупотребена опрема со висок квалитет, сосема компатибилна со стандардите на Алијансата. Опремата, најави Бесими, ќе биде распоредена во единиците на Армијата на Република Македонија, како значителен придонес во зајакнувањето на борбената моќ и мобилност.
rover.jpeg

Министерот Бесими пред присутните, меѓу кои и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески и амбасадорот на Република Турција, Ѓурол Сокменсуер, изрази благодарност за континуираната и јасна поддршка од Република Турција за Република Македонија, на нејзиниот пат кон целосно евроатлантско интегрирање.
Воената соработка меѓу двете земји, особено во смисла на помошта на образованието и обуката, како и донациите реализирани во рамки на логистичката поддршка на АРМ, истакна амбасадорот Сокменсуер, од ден на ден сè повеќе се интензивираат.
fatmir.jpeg

Помошта во областа на образованието и обуката се реализира согласно Договорот за соработка во областа на военото образование и обука потпишан со Република Македонија во 1994 година. Од 1998 година до денес, повеќе од 100 припадници на АРМ биле на долгорочно школување на Командно штабната академија, Воената академија, Воено медицинската академија Гјулхане и разни родовски школи. Освен тоа, до денес во Центарот на партнерството за мир и во Центарот за совршенство во борбата против тероризмот се организирани краткорочно курсеви за приближно 780 припадници на македонската армија, истакна амбасадорот на Република Турција, Ѓурол Сокменсуер во говорот на свеченото примопредавање на донацијата.
don.jpeg

Тој искажа убедување дека АРМ, која успешно учествува на некои од активностите на мировните сили под чадорот на ОН, уште повеќе ќе зајакне и дека за кратко време ќе постигне завидни резултати на патот за полноправно членство во НАТО што одамна го заслужи.
kobra-500.jpg
 
Што им донираат незнам, и онака само на утакмици ги користат кога треба да ги тепаат најголемите злосторници навивачите.
Се со некои вакви оклопни ги модернизираат, страв да те фати уште кога ќе ги видиш :icon_mrgr:
 
Да не е толку очаен буџетот на АРМ, ќе можеа да се подноват со многу повеќе работи, сами.
Донацијата е за поздрав, ама сериозно, да се скрати малку од проекти за разубавување на Скопје и да се вложи во одбраната?
 
За кој К ни е оружје кога и така коа ќе згусне политичариве ќе не продаат за безпари....нек си го носат дома овие....
 
Што им донираат незнам, и онака само на утакмици ги користат кога треба да ги тепаат најголемите злосторници навивачите.
Се со некои вакви оклопни ги модернизираат, страв да те фати уште кога ќе ги видиш :icon_mrgr:

И јас на тоа помислив, сега со вакви ќе не бркаат, страв ќе ме фати, претходниве не беа толку страшни :icon_mrgr:
 
Учката расформирува единици во Скопје и Куманово и ќе ги праќа на работа во Штип.
Униформи се немаат, слободните денови од стража не се даваат...

Кај вака бре?
 
Не треба ова и така немаме потреба од користење ќе се фрли некое евро и нема потреба од вакви машини
 
Нели требаше да се купуваат 100 оклопни возила сега во брзо време .... да не знае некој што се случи со тоа ?
 
Учката расформирува единици во Скопје и Куманово и ќе ги праќа на работа во Штип.
Униформи се немаат, слободните денови од стража не се даваат...

Кај вака бре?
Па ГШ ни е во Призрен....или Слупчане......
....чудо и овие оклопниве што не се налепени со тоа црните гаврани....
 
Да не е толку очаен буџетот на АРМ, ќе можеа да се подноват со многу повеќе работи, сами.
Донацијата е за поздрав, ама сериозно, да се скрати малку од проекти за разубавување на Скопје и да се вложи во одбраната?
А зошто да се вложи утре пак да има конфликт пак ќе ни наредат да ги извадиме иглите од топовите, да смееме да пукаме ако се доближат на поблиску од 100 метри, кога и да тргнеме во Акција на сред акција ќе ни речат да се повлечеме ние без забелешка ќе ги послушаме. Мене страв ми е тие што 2001 што беа во Учк а дел од нив сега се во Арм и Мвр со ова оружје по нас Македонците да не запукаат. Инаку ова ме потсеќа на војната во 2001 кога неколку месеци пред војната 2001 Бугарите ни дадоа Т-55 а сега нешто Турциве ни даваат опрема. Интересно:)
 
Да не е толку очаен буџетот на АРМ, ќе можеа да се подноват со многу повеќе работи, сами.
Донацијата е за поздрав, ама сериозно, да се скрати малку од проекти за разубавување на Скопје и да се вложи во одбраната?
За што? Од кого ќе се браниме? Па непријателот нам ни е инфилтриран во армијата... И министер е дури!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom