Абе шо да ви кажам, Суси е слаткоречив, концентрација пука, начитан е и има дарба за изразување ама некако сето тоа ако се загледаш подобро е површно. Не се учат од книги одредени животни ситуации или пак не се плука по сите чавки оти една или неколку те посрала/е.
Од старт се залетуваат повеќето со теории на заговор на социјално однесување и его трипот кој кого прв ќе заебе па затоа после стратегии, генерализации и филмови дека едниот пол е посупериорен од другиот кога станува збор за љубовно-интимно-пријателско/непријателски односи.
Знаете колку жени поради испран мозок под дејство на притисок произлезен од психичко (често и физичко) малтретирање од страна на околина, родители, дечковци и брачни другари ќе се согласат дека мажите се секогаш во право како она со муштеријата кој бил секогаш во право? Многу, ама сум видел и сретнал, и други го искусиле и сретнале, за среќа не сум го учел од "книги".
Двете страни знаат да бидат за никаде во дадени ситуации, најбитно е двете страни да се чувствуваат еднакво и слободно да бидат она што се пред партнерот и да има другарско разбирање и договор за да се надминат "мааните" кои сите ги имаат секако.
Детево што ја отворило темава е затрескано и почнува да се понаша патетично кое понашање знае да биде одбивно и кај мажите и кај жените а не само кај едните...
Остајте го да биде затрескан и патетичен, нека го научи (прошамари) искуството.