20-те охридски митолошки божества

  • Креатор на темата Креатор на темата бутЕ
  • Време на започнување Време на започнување

бутЕ

старлета
Член од
29 март 2011
Мислења
2.232
Поени од реакции
3.838
  • АМАН РЕ – Охридски Бог на зачуденоста.
  • АМОР СРА? – Охридска божица на вистината.
  • АМТО Е – Охридски бог на судбината.
  • АМОРТИ СИ? – Охридска божица на сознанието.
  • К’ДЕ РЕ? – Охридски бог на патниците.
  • АМАЌЕТЕП ЕТ – Охридски бог на чуварите и портирите на кафаните. Значајни личности во тоа време.
  • ПАС КОКУЗМАН – Охридско божество на земјата и копачите. Во митологијата претставено како човек со глава на териер.
  • МАР АТОН – Охридски бог на удавените. Во негова чест, еднаш годишно охриѓани носеле странци во езерото, на празник на крајот на летото.
  • АМЌЕО ЈАЈШ – Охридски бог на војната.
  • ТАШ МАРУН и ШТА – Охридски божества на провинцијата.
  • МУМРЕ – Охридски бог на смеењето.
  • К’КДА НЕПАК – Охридски бог на нихилизмот.
  • ОСМАНБЕ ГОТ – Охридски бог на вонбрачниот живот. Охриѓанки многу го почитувале.
  • СКОПЈАН ИШТЕ – Луцифер
  • БИЉА НА – Богиња на хипохондријазата
  • СМЕШ ТАЈ – Богот на летото
  • МАЛУМОР ГЕН – Богот на исполнителноста
  • СЕЈСИМАД РО – Богот на Разумниот Компромис
  • ШОЕМО РЕ – Богот на Разбирањето, често во политеистички занес славен со богот на летото, и
  • ДАНТРЕ БИТ – Богот на гостопримството, особено при туристички саеми

    :pos::pos:
 
Вариациите се појаки
Варошки Муабет - Ние гражданиве ...
Кладилничарски Муабет - Само една ...
Влашкамалски Муабет - Абеее Ман ...
Радиреда Муабет - Е ...
Муабет одкрај Езеро - Ваква убајна ...
Печалбарски Муабет - Замина ти гајле ти е ...
Кафе Муабет - Вчера хавана ...
Фраерски Муабет - А ма ...
Машки Муабет - Клецаш?
Женски Муабет - Аморрр видија ...
Сексуален Муабет - Некажви никому ...
Другарски Муабет - Ќе частиш?
Пензионерски Муабет - Порано синдикални ...
Студентски Муабет - Ех налето ...
Ривалски Муабет - Стружаниве ...
Пештански Муабет - Да останевте ...
Оптимистички Муабет - Рано е, зато немат туристи ...
Емотивен Муабет - Емо, Отекс...
Јануарски Муабет - Пак го фрли пред варошани ...
Љубовен Муабет - Амор...
Деловен Муабет - Убо бе, ќе средиме ...
 
ПАС КОКУЗМАН – Охридско божество на земјата и копачите. Во митологијата претставено како човек со глава на териер.

Ова мислам дека е најјако...! :pos::pos:
 
Не е охридски, ама тренди е:

ЅИВ РА - Египетски Бог на зимата, циркулацијата и Мараја Кери

Лејди ГАГА - врховно божество во влашката митологија, мајка на божицата Вересија и богот Рабуш
 
ТАКС ИСТ - Бог на крадењето.
ПАРИЧ НИК - Бог на љубовта.
ЌЕНОСИШМОД РО - Бог на предупредувањето.
РИБ АР - Бог на надежта.
КЕЛН ЕР - Бог на гостопримливоста.
Вие не се охридски ама познати се :icon_lol:
 
Абе само мене не ми е смешно или?


се извинувам до авторот на темата :D
 
Ова инспирацијава да не ви е од оној на ТВ Сонце што преведува на античко Македонски?
 
  • СКОПЈАН ИШТЕ – Луцифер
  • Ова не е далеку од вистината, хахахаха:pos::pos:


Тогаш Скопје е Пеколот, а општините во него се круговите, кои, своевремено ги опеал Данте Алигиери. Ја заборавил само Шутка, која во негово време можеби и не била општина. Тоа треба дополнително да се провери. Центар е деветтиот круг.
Имено, познато е дека Данте низ пеколот се движел со помош на ЈСП, придружуван од тогашниот градоначалник кој се викал Вергилиј, а ја барал неговата женска која наводно избегала со некој Скопјанец.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom