Барам смештај

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Не лично јас него темава ми е за тие што изнајмуваат соби од Охрид, Струга, Дојран на лето и од Крушево или од другите планински места на зима. А можеби и тие што имаат куќи во планински села за селски туризам, лов, риболов и слични активности со еколошка компонента во себе :icon_lol:.
Па ајде малку кајганџии да се дружиме јас лично би отишол на лето кај некој од форумов во Охрид, Струга, Дојран само зависи како ќе имам време итн.
Ако можи да се залепи темава како главна многу ќе и се радувам :icon_lol:, благодарам однапред.
 
Темава ќе послужи за барање приватен смештај или хотел/мотел. Доколку знаете некој смештај за добри т.е. ефтини пари, или некој да не препорача кај што бил сместен и му се допаднало.
Доколку имате пријатели што издаваат соби/апартмани во странство (Бугарија, Грција, Албанија, Турција итн....) можете да не препорачате кај нив. Исто така наведете какви се условите.

Сместување за летен/зимски одмор.
Летото уште малку и ќе стигне, па кога ќе дојде моментот можете и мене да ме искористите да сместување за во Бугарија или Грција.

airbedandbreakfast.com.gifpic_destinations.jpg
 
-Мене повеќе ме интересира селскиот туризам (смештај)
поточно “сместување“,-преноќиште-соба,во Македонија.
Па да потенцирам викенд туризам или престој 2-3 дена
во нашите преубави места-села во нашава Македонија.
Многу ми смета тоа што немам село,нема каде да одам,
нема каде да се издувам нема каде внуците да ги однесам
да видат петел и кокошка да видат,до душа виделе ама
спакувана- гола од Рамстор или Веро.Многу ми смета што
сум од тука,(и мојте се од тука) поточно не сум од никаде
кога ќе ме прашат од кај си дури не можам да одговорам.
Сите очекуват да им кажеш дека си од некаде ама јас сум
од овде тс. од никаде.Оваа мака ја имаат малкумина.
Секој си има некаде нешто па макар и дедово. А тоа е
најубаво.Па макар било и во Мариово.И на друго место
сум напишал од свое нема поубаво.Што му фали на Малеш,
на Тиквеш,на Азот,на Порече,на Малесија,на Герман, и тн.
Еве да има кај да одам овој викенд тргам и плаќам во едно
од нашиве преубави села.Париз и Лондон не ми требаат.
Магли,чадевини,гарежи ,гужви и фонтани и порти имам овде.
Мене ми треба природа со сета раскош - асфалт не барам.
Да сум некаде покрај Бабуна или Тополка во Бистрица или
Теово.Некаде покрај Крива Река, Мала Река или Горна Река.
Кога би бирале најубаво место во Македонија за на село за
викенд туризам ќе ни пропадне акцијата не ќе може да се
одлучиме за кое место,сите се за прво место само што уште
не сме се освестиле што имаме и што може тие да ни пружат.
Заборавивме на бакардан и зелник ама го имаме мекдоналс.
Ќе ги носиме децата во Зоо да видат кокошки со пердуви или
ќе им ги покажуваме голите од Рамстор и Веро.
-затоа кој има можност нека дате контакт на домаќини од
нашите села за развивање на овој селски викенд туризам.
-благодарам
 
Хммм ај ако сакаш да одиш на планина толку да ти прашам за Серменин ако сакаш. Прекрасно место е, имам одено. Ќе се распрашам дали има некој што издава соби таму.
 
ЧИПЛАКОВА КОЛИБА
E-Пошта : petarciplakovski@yahoo.com www.ciplakovakoliba.com
564BC2E01394384DA7634CFB0026C2AF.jpg C9AFE79C22BFA94EBB9860AE714F46F2.jpgF8A67EFDD5BC534AB90A8F10898F84AF.jpg
7C21F13B70B5B04FB89712F64905DC6C.jpg
Избањата во чист воздух и природна убавина, оваа вила е на уникатно место каде што наместо со автомобили и бучава ќе се сретнете со неверојатен мир и прекрасна околина опкружена со борова шума.
Покрај самата вила поминува пешачка трим стаза која што го поврзува Беровското езеро и туристичката населба Абланица оддалечена 3км, и води директно до градот Берово со вкупна должина од 7км, и истата е погодна за возење велосипед.
Доколку уживате во прошетки на само пет минути пешачење се наоѓа Беровското езеро кое ќе ви понуди незаборавен видиковец.
 
Хммм ај ако сакаш да одиш на планина толку да ти прашам за Серменин ако сакаш. Прекрасно место е, имам одено. Ќе се распрашам дали има некој што издава соби таму.
-благодарам,ќе тргне работава ќе се освестиме,во село е иднината
ги губиме ли селата ја губиме Македонија.Бетон и стакло душа не ранат.
Ова Серменин мислам е на Кожув сум го прочитал повеќе пати во
книгите за партизанските одреди “Сава Михајлов“ и “Добри Даскалов“
Во тоа виорно - ветровито време да не беа селата кој во својте пазуви
ги топлева премрзнатите и ранети наши борци,ќе ја немаше денешна
Македонија.Дом на створителите на Македонија не беа градовите
ниту од градовите,тоа беа селата и селаните-борци побратимени со
природата,со планината.со шумата,со потоците и доловите.а од таму
ги напаѓава и ослободуваа градовите од фашистите.Ете затоа уште
повеќе треба да ги сакаме и посетуваме селата и убавата природа.
Забегав малку ќе ми извините
Чтркантија:
одлична идеја, има ли поубаво место од ова некаде,ма каква
Швајцарија има вакви места уште многу само во Македонија,
Во Смолари,во Беловиште,во Умлена,во Битуше и +1000 +1000 +1000
само што нас онаа власт македонска не одалечуваше од Македонија
кога бевме ученици не тераа и возеа да ги видиме Плитвице и Ловќен
Постојна и Неретва а да ги читаме Змај и Прешерн.
Сега затоа реков Париз и Лондон не ни требаат бар не на децата,
да ги вратиме децата на природата,покрај Треска а не покрај Темза
да ги учиме на светото - своето на ова што ни остана од нашата ни
мила и преубава Македонија.
- Дали е тоа уживанција да си сега во некое “кафе“ затворен и го
гледаш аце на магаре или да си во Здуње и го гледаш Козјак, нашето
најново езеро во недоглед е тоа за да се спореди треба да се види.
И повеќе ќе го засакате кафето од термос па макар било и “дивка“
 
мозе предлог за хотел или стан што се издава за краток период 6 ноки ми треба во Скопје , да не биде многу скапо. минатот лето престојував во хотел и таксистот што ме носеше ми каза дека сум мозела да најдам и соба за 500 денари од ден но тогаш не ми требаше и не се распрашав. ако знае некој нека пиши. фала
 
Дали некој знае дали има некој мотел или пак да се издаваат соби за преноќевање во Кратово? Сакам да одам на прошетка, но никако не ми се исплаќа да одам само за еден ден, а освен хотелот силекс (кој слушнав дека моментално се реновира) не знам ништо друго. :confused:
 
031 481 481 Хотел Кратис. Иначе има многу фудбалери таму од Балкан. Престојуваат во хотелот, така да прашај дали има место.
 
Незнам каде да пишам па затоа тука ќе се обидам, ми треба нешто поефтин престој за еден ден за во Куманово да ми предложи некој?
 
Смештај во некој од нашите градови ?
Заинтересирани сме за Струмица, Берово, Штип, Велес...
Околу 10 луѓе сме и ни треба или за прослава 2 вечери или за преноќување 2 вечери.
Може да биде куќа, викендица или слично.

Доколку има некој што нуди или има пријатели што издаваат слободно нека ми пише во пп.
 
Дали некој може да помогне за смештај во апартмани во маврово или некој друг планински предел за периодот 31 декември - 2 јануари каде што цената би била некаде околу 1000 денари од човек за ноќевање...може и за крушево но пожелно би било доколку апартманите имаат сопствено вц. фала однапред :)
 
Некој што бил Попова Шапка да пише инфо за добар смештај :pipi:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom