„Ловечки приказни“

Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528

Ловечки приказни - приказни кои не доаѓаат секогаш од ловџии, ама се исто толку забегани :D . Некогаш те смеат, некогаш на живци ти одат.Верувам дека секој барем еднаш се нашол во таква ситуација-

Си кулираш на шанк, конечно пола саат во денот кога никој нема да те гњави со барања, совети, проблеми, ти го носат второто пивце ладно грч, со поглед пола си го испил уште недонесено, и..и...и ете ти го него/неа. Се клапнува до тебе и почиња – како го барале за дублер на некоја си фаца „у странство„ како сечеле вени за него/неа (нормално, пак у странство), како не спуштил испод 190 све до Виена, словенциве нешто пробале да го сопрат ама нема шанси, бла, бла, и отидоа твоите пола саат интима у курац.



Исто важи и за слави и други седенки. Гледаш дека тој/таа налетува, се лизгаш низ столче, се вртиш скроз на друга страна и ги фалиш сармите ама џабе. Спреми се за еден саат Рамбо прикаски од ЈеНеА, донжуански походи во ШвеТска и крапови од 20 кила со јазик како теле.



Поделете некои вакви „ловечки приказни„ кои ви останале во сеќавање и како се справувате со ваквите фаци – правите сериозна фаца и климате со глава, го подебавате и го оставате да доврши или го банирате по кратка постапка?
 
Сега, во моментов, не ми текнува некоја ловечка приказна баш... ама знам дека сум алергичен на такви раскази, и обично ја „минирам“ приказната, т.е ја докажувам апсурдноста, а ако ептен е напорен и ми скурчи, апла му кажувам дека лаже и готово.
 
9b698eb3105bd82528f23d0c92dedfc0.jpg

Ја, батка..
 
Сите таксисти по дифолт имаат работено во странцво и се вратиле тука во вукојебинава со најмалце петтоцифрена сума евра... ама и понатаму возат такси :)
Еден па скромен беше, ми раскажува (нормално, без да го прашам воопшто) како поработил во туѓина и си дошол со 15.000 евра и ги вложил во коли тука (сигурно крнтии доодени од Бугарија), па уште со измачен нагласок го кажува тоа, ко демек не му тргнал бизнисот. Будала јас, ми вика, во коли ги вложив, еве сега пак такси возам. Ми идеше да му речам, ами толкав ти е капацитетот, затоа такси возиш...
Друг па таксист, албанец, ми раскажуваше како швицарска спечалил милион (да да милион) марки тогашни и се вратил овде, купил као демек некој руиниран хотел во беровско и ќе правел бизнис, туризам.... ама нормално, како и кај сите, не му тргнало, па пак си тера такси. А да, се фалеше како 700.000 марки во актовка ги однесол и на маса му ги лупнал (па и опишува како ја треснал актовката на маса) на газдата ко го купувал хотелот (за 700.000 :eek:).
 
Strider Mене еден таксист ми кажуваше дека и бил личен менаџер на Цеца. А колата му беше канта, се плашев да не се распадне во секој момент па да не снема и двајцата (овај, тројцата, со една другарка бев). Е дури тогаш ќе му се узнаеше и Цеца и менаџер и такси...
 
Се фалат меѓу себе ловѓија и рибар.

Рибарот: вчера идем на езеро и на шала фрлам, се закачува 5 кг пастрмка. Викам случајно било, фрлам пак, се закачува 20 кг крап. Опа во себеси викам, овде е жустро. Ставам нов мамец, фрлам, оп, се закачува 40 кг сом, фрлам пак се закачува 110 кг сом, го вадам и си велам доста беше!

Ловѓијата: Се шетам низ шума и пушката случајно со мене, кога, од зад еден грм изрипува зајак. Пукам го убивам! Пак понатаму , изрипува дива свиња, пукам и ја уловувам! Само што менувам нови куршуми, изтрчува елен, пукам, нормално го уловувам. Понатаму излегува маж, го пукам, по него жена и неја ја пукам, излегува дете и него го пу... и тука го прекинува рибаров и му вика: аман немој и детето!
Ловѓијата: нема и детето, ама врати го во езеро и ти сомот од 110 кг!:D
 
Приказни од типот со Zastava 101 претицав BMW 535...
 
Таксистиве се цареви за ова.....
Ретко се возам у такси, ама а влезам овој муабет....„Ја на времето у Германија.....“ и све милионери, од прв до последен.....последниот шо ме возеше ми вика „кој ве ебе овде у Скопје бе, бев у Авганистан, напраив кеш, сеа напраив викендица у Соње (или негде позади Водно, не знам), со базени, чуда....вие гужвајте се овде у чадов“....
А најјако е група машки коа ќе му влезе у кола на таксист.....Роко е невин у споредба со него....
 
Strider Mене еден таксист ми кажуваше дека и бил личен менаџер на Цеца. А колата му беше канта, се плашев да не се распадне во секој момент па да не снема и двајцата (овај, тројцата, со една другарка бев). Е дури тогаш ќе му се узнаеше и Цеца и менаџер и такси...

Ова со Цеца веднаш ме асоцира на Гнгата.
Гнгата оди на Маракана и слуша некој се дере по него, Гнга бе Гнга дојди ваму бе и кога се врти гледа Аркан го вика. Иде место му се праи на Гнгава на Маракана и Аркан вика по едно дете, мали донеси една гајба СКОПСКО.
Иде Гнгава у Белград у една кафана и кога гледа Аркан и Цеца седат на маса. Штом Аркан го видел Гнгата веднаш свикал по него и ја избуткал Цеца место да му напраи у средина. И така си талкале муабети за подземје кога Аркан свикал по Цеца, стануј Цецо цела вечер за другар ми ќе пееш. И така цела вечер Цеца на маса му пеела за поштовање.
Го убиваат Аркан и си шета Гнга низ Велес таков тажен и му стасува писмо од Цеца: Не брини Гнга Аркан је жив!
 
Prikazni od tipot : jas na vremeto, 63 ta godina sum stoel od Sombor do Skopje u vozo, vie mladi deca nemozete 5 minuti da stoete.

Sent from my GT-I9300 using Tapatalk 2
 
Ова со Цеца веднаш ме асоцира на Гнгата.
Гнгата оди на Маракана и слуша некој се дере по него, Гнга бе Гнга дојди ваму бе и кога се врти гледа Аркан го вика. Иде место му се праи на Гнгава на Маракана и Аркан вика по едно дете, мали донеси една гајба СКОПСКО.
Иде Гнгава у Белград у една кафана и кога гледа Аркан и Цеца седат на маса. Штом Аркан го видел Гнгата веднаш свикал по него и ја избуткал Цеца место да му напраи у средина. И така си талкале муабети за подземје кога Аркан свикал по Цеца, стануј Цецо цела вечер за другар ми ќе пееш. И така цела вечер Цеца на маса му пеела за поштовање.
Го убиваат Аркан и си шета Гнга низ Велес таков тажен и му стасува писмо од Цеца: Не брини Гнга Аркан је жив!
Кој е бе тој Гнгата, од Радовиш да не е? Истиов муабет до збор го имам од другар слушнато и тоа пред 5-6 години :)
 
Кој е бе тој Гнгата, од Радовиш да не е? Истиов муабет до збор го имам од другар слушнато и тоа пред 5-6 години :)
Од Велес е Гнгата кој му го крадел муабетот по Радовиш?:)
 
Ова со Цеца веднаш ме асоцира на Гнгата.
Гнгата оди на Маракана и слуша некој се дере по него, Гнга бе Гнга дојди ваму бе и кога се врти гледа Аркан го вика. Иде место му се праи на Гнгава на Маракана и Аркан вика по едно дете, мали донеси една гајба СКОПСКО.
Иде Гнгава у Белград у една кафана и кога гледа Аркан и Цеца седат на маса. Штом Аркан го видел Гнгата веднаш свикал по него и ја избуткал Цеца место да му напраи у средина. И така си талкале муабети за подземје кога Аркан свикал по Цеца, стануј Цецо цела вечер за другар ми ќе пееш. И така цела вечер Цеца на маса му пеела за поштовање.
Го убиваат Аркан и си шета Гнга низ Велес таков тажен и му стасува писмо од Цеца: Не брини Гнга Аркан је жив!
Само да се надоврзам тука дека Аркан и дома го има однесено Гнгата и се има дерено по Цеца да им издроби шопска со ракијата шо им ја донел од поштовање.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom