Како до одреден уред преку IP адреса?

  • Креатор на темата Креатор на темата Michael
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
10 април 2010
Мислења
385
Поени од реакции
121
Локација
Скопје, Македонија
Значи сакам да пристапам од дома до уред кој се наоѓа во мојата канцеларија.
Уредот е поврзан на мрежа и има (можност) за посебна ИП на мрежата.

Имам претстава како би одело сето тоа, меѓутоа она што треба да се направи е да можам директно да пристапам на тој уред без притоа да имам пристап до целата мрежа и да имам можност да гледам други работи.

Се надевам дека не е конфузно прашањето.

Некој за помош?
 
teamviewer.
Го инсталираш и кај тебе дома и во канцеларијата, онда гледаш пасворд и ID мислам дека беше и влегуваш во тој компјутер без проблем. :) За компјутер се работи нели ?
 
пред се кажи на шо уред сакаш да се закачеш....
--- надополнето: 2 декември 2012 во 11:19 ---

никаде не спомна компјутер... спомна само уред...
 
епа во случај да е компјутер... ;)
 
Зависно од уредот или SSH тунел до истиот, или пак доколку имаш рутер или било што друго што регулира интернет, сетираш твојот сакан уред да добива фиксна ИП, правиш форвард на саканата порта/и до таа ИП/Мак адреса на твојата лан мрежа. И после само се конектираш на твојата ВАН ип од било каде твојот рутер прави редирект на сообраќајот до внатрешната мрежа и до твојот уред и тоа е тоа. Можеш да си земеш и некоја динамична днс адреса за да си ја знаеш нонстоп адресата на рутерот/уредот и да не мора да се замараш доколку имаш променлива од ISPто.

//edit

Само што видов дека сакаш да пристапиш на работа, тогаш во игра е VPN до работната мрежа исто така зависно од вашиот ИТ админ ако во општо е таква опција во игра.

Инаку горенаведеното паѓа во вода , јас прочитав од работа до дома , а не обратно. Принципот се би бил ист само што повеќето ИТ админи не би дозволиле таква работа по желба на вработен освен доколку е неопходно ( а доколку би било ваљда не би прашувал тука туку би ти средиле они за 5 мин )

Поздрав
 
Значи сакам да пристапам од дома до уред кој се наоѓа во мојата канцеларија.
Уредот е поврзан на мрежа и има (можност) за посебна ИП на мрежата.

Имам претстава како би одело сето тоа, меѓутоа она што треба да се направи е да можам директно да пристапам на тој уред без притоа да имам пристап до целата мрежа и да имам можност да гледам други работи.

Се надевам дека не е конфузно прашањето.

Некој за помош?
Воопшто не е конфузно. Само има недостаток на информации... За почеток, одговори на овие 2 прашања:
1) До каков уред сакаш да пристапиш;
2) Дали е дозволено (според твоите безбедносни полиси на работа) да си пристапиш, или сакаш да ги заобиколиш нив;
 
1) Уред за следење на количина на течност/гориво во резервоар.
2) Значи без никакво заобиколување. Дозволено е само пристап до уредот и работа на него.

Затоа е и прашањето, како директно да се поврзам со уредот, а без притоа да ја гледам целата мрежа?

И да, заборавив и тоа. Уредот исто така е поврзан со компјутер.
 
Дали станува збор за мала канцеларија со едноставна мрежа како што користат и домашните корисници?
Во смисла: дали имате само еден рутер на кој е поврзан твојот компјутер и уредот на кој сакаш да пристапиш? Мора малку повеќе да ни кажеш за внатрешната инфраструктура, за да ти кажеме како да се изведе поврзувањето...

Исто така, дознај дали секогаш излегувате на интернет со истата IP адреса (статичка) или пак имате динамична адреса?

Ако имате статичка адреса + само еден рутер на кој е поврзан уредот на кој сакаш да пристапиш, тогаш треба да е едноставно.
 
Пристап до одреден уред преку IP адреса е можно само со extraordinary hacking knowledge, под претпоставка дека “насилно“ му пристапуваш на уредот. :D
 
1) Уред за следење на количина на течност/гориво во резервоар.
2) Значи без никакво заобиколување. Дозволено е само пристап до уредот и работа на него.

Затоа е и прашањето, како директно да се поврзам со уредот, а без притоа да ја гледам целата мрежа?

И да, заборавив и тоа. Уредот исто така е поврзан со компјутер.
Ако тоа може да се управува и користи преку компјутерот со кој е поврзан тогаш доволно е да пристапиш до компјутерот, односно како што пишав горе.
 
Дали станува збор за мала канцеларија со едноставна мрежа како што користат и домашните корисници?
Во смисла: дали имате само еден рутер на кој е поврзан твојот компјутер и уредот на кој сакаш да пристапиш? Мора малку повеќе да ни кажеш за внатрешната инфраструктура, за да ти кажеме како да се изведе поврзувањето...

Исто така, дознај дали секогаш излегувате на интернет со истата IP адреса (статичка) или пак имате динамична адреса?

Ако имате статичка адреса + само еден рутер на кој е поврзан уредот на кој сакаш да пристапиш, тогаш треба да е едноставно.

Статичка е ИП адресата. Не е тоа проблем.
Значи, рутер, од рутер во компјутер, од компјутер во уредот за мониторинг.
Е сега параметри на уредот може да се сетираат/менуваат преку компјутерот (секако со софтвер).

Како можам јас од дома да влезам и да го менувам параметри, да го ресетирам уредот и слично.
 
Значи уредот е поврзан преку компјутерот, а не дека он има посебна IP адреса...
Тебе устври ти треба пристап до компјутерот, штом преку него го администрираш уредот. Сеа, ќе ти објаснам чекор по чекор, затоа што не знам до кај ти е техничкото познавање на работиве...

- На компјутерот вклучи Remote desktop
- Отвори command prompt, пиши: ipconfig /all
- Види која е локалната IP адреса на компјутерот и види кој ти е default gateway (ова е адресата на рутерот);
- Запиши ги на страна, ќе ти требаат;
- Пристапи му на рутерот преку IP адресата која беше наведена во полето default gateway, преку некој browser (под претпоставка дека имаш едноставен домашен рутер, како на пример Linksys WRT);
- Во подесувањата на рутерот, најди ја опцијата за DMZ; Во неа внеси ја адресата на компјутерот (пример: 192.168.1.101); Сочувај ги подесувањата;
- Оди на www.whatismyip.org и провери која ти е јавната (статичка адреса); Запиши ја;
- Оди дома и од твојот компјутер отвори Remote desktop connection (start > run > mstsc) и во полето впиши ја јавната статичка адреса;
- Најави се со твојот user/password;

Ова е едноставниот начин, доколку се на работа ти е поврзано како што претпоставувам...
 
Ти благодарам, ќе пробам па ќе пишам што сум направил.

Ако не смета темата да биде оставена како отворена ако има понатамошни нејасни работи да ги поставам тука.
 
Ух јас не би го изложил цел компјутер на интернет како што погоре пиша Acid, but thats just me. Поготово не доколку е нешто важно како на пример уред за регулирање на гориво во некој резервоар. DMZ не иде во предвид доколку се прашувам јас.

моите 2 центи.

Од мене толку на темава =).
 
Па дај некој твој предлог.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom