Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Еве го Валенсија со татко му

ygyrypuh.jpg
 
Не е до Фергусон тоа што не го игра Андерсон секој меч. До докторскиот персонал е. Не смее Андерсон и Клеверли да се истоштуваат толку многу, мора да се враќаат постепено, зошто ризикуваме да добиеме два нови Харгривс :) еве со Џонс ќе добие Керик одмор
Ако не е до Фергусон,нели ради повредите сакал постепено да ги враќа,тогаш зашто со Видич не беше така?Се опораи од повредата и ајде директива стартер на сите утакмици.
И плус доста време веќе има поминато од кога се вратија од повреди Андерсон и Клеверли,не е оправдување тоа.:)

Задњиве две сезони Ферги ептен го форсира Керик,дали играл добро,дали играл лошо,Керик на секоја можна утакмица е стартер,со исклучок на некои мочани куп утакмици...
 
Е како не стартер на утакмици од одма :) забораваш дека Видиќ не беше на турите во Африка и Скандинавија туку тренираше на Керингтон и играше локални утакмици со резервите?

Ви постирав дека имаме нов медицински комплекс со нов персонал и ете го веднаш резултатот од таа инвестиција го гледате - капитенот е подготвен месец дена порано пред очекуваното :) така да ако сугерирале дека треба Андерсон постепено да се враќа, постепено ќе се враќа. Фергусон не е глуп да не гледа што му функционира. Сте приметиле како ние сме едини тим што не ги игра интернационалците коло откако имале утакмица со државата (за овие што летаат низ 50 континенти) ? Немаше Глејзери да фрлаат пари на новиот комплекс ако беше гола вода, еве со Видиќ ова е бинго, да видиме во иднината како ќе биде.
 
Наслов што си нема врска со статијата :D

Ова со Нани ич не смрди на арно, страв ми е против Брага да не го изигра последниот меч за клубов. Месец и пол е премногу за hamstring injury. Многу лош менаџмент би бил тој од секаква гледна точка. Ако веќе толку го сакаа Хамезот ќе го потпишеа кога имаше клаузула од 24 милиони а не од 45. Нека ги стрижат сеа ако се одлучат на таков чекор.
 
Ама неможеш Керик и Иниеста да ги споредуваш, мислам нелогично е, ако сфаќаш што сакам да кажам..
Еве со кој треба да се споредува, види му асс на Бускец..
http://www.whoscored.com/Players/44721/Show/Sergio-Busquets

Oна што сакав да го кажам е дека супер е тоа што он има милион додавања, ама, кога треба да го даде она што се брои, он не може или не знае...
Длабока топка е поим за Керик, поим. Особено кога не ни иде преку крила а тоа се случува често сезонава, зашто Валенсиа го научија, а Јанг попрво гледа да падне отколку да даде употреблив центаршут. Исто често греши кога треба да игра со човек зад него, односно под притисок.
Дур сум жив ке си стојам на тоа дека парите кои ги дадовме за него(ради инаетот на Ферги да го купи, и Леви добро го измузе и за него и за Бербатов)
дека можевме да купиме Кока Кола деструктивен дефанзивец, ама тоа е... Сигурно Ферги знае нешто што ние, обичниот свет немаме врска ...

Ова за Левандовски, што ке ни е? И самиот кажа дека не се гледа во Јунајтед.
Е сега Геце е сладоледче...
 
Знаеш што е јакото, носиш Аватар од Андо, а велиш Керик не ги оправдал парите фрлени за него! :icon_lol:

Нема везе ајде, твое мислење си е тоа уживај! ;)
 
Moe субјективно мислење е дека доколку Андо ги имаше шансите и минутите кои ги добива Керик, до сега ке беше еден од најдобрите мидфилд играчи во Англија ... Андо го убија повредите.

Носам аватар од него зошто сезонава е ркулец на секој пресврт кој го правиме, се гледа неговото влијание врз играта кога ке влезе од клупа.
Од мртов Јунајтед прави тим од кој што не знаеш од која страна да се браниш ....

Не би имал никаков проблем со Керик, доколку секоја втора или трета утакмица му е како "натпреварот на животот" што го одигра против Рома во 7-1 победата.
 
Многу лесно се забораваат работите на играчите што ги направиле во изминатите сезони со моментален пад на формата.

Најпрво за Керик зошто последно тој е мета на критики. Керик дел од натпреварите од оваа сезона и дел од изминатата сезона играше ко стопер, беше жртвено јагне на формацијата поради недостаток на стопери поради повреди. Не го бива за стопер тоа е јасно, но даваше се од себе на таа позиција. Исто така сетете се минатата сезона дека кога ни фалеше играч во средината тој беше моторот кој го играше секој меч и даваше се од себе. Дефанзивно е феноменален, а тоа е и неговата задача...да прими топка од одбраната и да ја дистрибуира до играчот пред него или крилата (почесто кон крилата зошто нашата игра се до минатата сезона се базираше стрикно на крилата). Не е негова задача да прави асистенции. Каде сте виделе до сега Микел, Кедира, Бускетс и други играчи со исти задачи да прават асистенции. Се случува, не викам не, но асистенциите во нашата филозофија им припаѓаат на крилата, на Клеверли, на Андо, на Руни, На Кагава сега...Според мене Керик е многу потценат фудбалер кај нас и според мене за периодот кој е на ОТ го има исплатено секое пени дадено за него. Нормално е секој да потфрли во одреден период од сезоната, но тоа не треба да ја промени сликата за целиот профил на еден играч.
Исто така и за Валенсија - Валенсија беше главен играч минатата сезона, одигра 90% од натпреварите и неговото залагање на теренот, упорност, борбеност беа една од причините за пласманот минатата сезона имајќи во предвид колкава дупка бевме во креативниот дел од средината. Му треба одмор во моментов, добро ја започна сезоната, но и со репрезентативните обврски во изминатиот период се потроши па очекувам да се врати со подобри партии.
Наведените двајца се злато играчи со одличен карактер, дисциплинирани и не предизвикуваат никакви инциденти. Нешто што во моментов го има во карактерот на Нани кој исто како и претходните беше една од важните алки за успесите на тимот по заминувањето на Роналдо, но неговиот проблематичен карактер можеби е причина што во моментов се наоѓа на листата на “повредени“.
 
За што ви е Левандовски? Ако има една позиција каде нема потреба од нови играчи тоа е нападот. Точно е дека влето Манчестер го сакале ама после тоа го зедоа РвП. Како што читам на Дејли Фејл демек Левандовски сакал да оди таму, тоа си е во ред ама не мислам дека Фергусон по секоја цена ќе сака да го земе. Јасно за мене е само дека Левандовски ќе си оди.
 
Ги згрешил апчињата овој од Фејл, види наслов а види шо вика статијата :)
 
Ги згрешил апчињата овој од Фејл, види наслов а види шо вика статијата :)
Не за џабе го викаат Дејли Фејл. Ама и овие „извори“ од околината на играчот се доста сомнителни. ;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom