N
Nessa Alcarin
Гостин
Ако вистински го сакаш и правиш жртви и отстапки, неможеш никогаш да си заминеш. Туку почнуваш да се бориш со своите емоции, во која борба, сакаш да си среќна, но сакаш и тој да е среќен. Не сака да ти ги слуша проблемите, ок несака, правиш жртва и се помируваш со тоа, и си бараш другар/ка на која би и кажала се (иако потајно сакаш тој што седи од другата страна и те слуша да биде токму тој во кој си заљубена и сакаш цел живот да бидеш до него).Неса,драга,затоа работите се дефинираат на почетокот на една врска имајќи во предвид дека веќе си зрела личност која знае дали во животот и се поважни задоволствата и хедонизмот или пак сигурноста и мирот кои ги нуди љубовта остварена во некаква поцврста релација со друг (мислам на заедничко живеење,брак итн.).Не можеш туку така себично да гледаш за себе си кога си се впуштила во љубовна врска.Сама по себе љубовта ги крши оковите на себичноста и таа преминува во благонаклоно дејство и желба за алтруизам и емпатија кон човекот што го сакаш.Ако зборуваме за сурови страсти или пак за боем-либерте начин на живот тогаш да,се сложувам со тебе.Кога некого вистински го сакаш правиш жртви и отстапки,ако не можеш си заминуваш.Толку е фер и чесно кон другиот барем според мене.
п.с Tи ја препорачувам Љубовникот на Леди Четерли па да си ја продискутираме![]()
и благодарам за предлогот, ќе ја прочитам

--- надополнето: 30 ноември 2012 во 00:45 ---
Па со комплекси сум, тоа не е тајна. А ти и да сакаш незнаеш кај и како да ме чепнеш.Нешто не ти ја бива теоеријата, па не знаеш одоговор да ми дадеш на поставеното прашање, па наеднаш стана баба ванѓа. А ниту знаеш кој сум ни што имам направено во живот а пробуваш да ме омаловажиш , очигледно ти имаш проблем со комплекси не јас. Те чепнав изгледа негде кај што не треба![]()
