Од кај знајш кај ти е среќата

Туку баталете рек, таму колку толку се знае што како.
Дајте некоја информација за Кромберт и Шуберт.
Ептен неповрзани муабети слушам, кој од проверени кој од непроверени извори.
За сигурно можам да тврдам дека одредена група е примена и веќе почнаја со работа( не мислам на менаџерите), пошто ги видов кога дојдоја.
Како оди со повикувањето на разговор, има нема. Некој мои пријатели ги викнале веќе на разговор башка од овие погоре.
Сега за платата се вртат еден куп муабети но најповеќе преовладува основица 8200 па да крени до кај 12000 со се ноќни смени или така нешто.
За официјалното отворање треба да биди средината на март иако поголем дел од фабриката е скоро завршен.
И она најнајавуваното, бројот на вработени.
Какви муабети се вртат низ градот ??