Кој кого манипулира во случајов? (Тајм vs Пулс24, Сител...)

Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Се' започна така што сајтот Пулс24 (што патем е еден од најлошите работи што се појавиле на македонскиот медиумски простор) од Топ 15 во рок од еден ден се качи на ПРВО место во Македонија на ранкингот на Алекса што е феномен кој се нема случено откако барем јас го следам мерачот едно 3-4 години. Тајм.мк кој е горе-доле зацементиран на првото место една и пол година (од пропаста на А1, и од најдобрите денови на Демотивација) одеднаш на чуден начин беше симнат од портал кој се појави пред некое време и кој што верувам дека 3/4 од вас не го ни знаат.

Нормално, на Тајм.мк ова му станува чудно, по што решава да ја брани својата чест и изјасни како всушност Пулс24 станува број 1 во Македонија и како функционира Алекса:
http://www.time.mk/info/alexa

Додека Пулс24 најпрво се фалат:
http://puls24.mk/index.php/mislenja/analizi/7648-puls24-e-broj-1

А потоа и прават цели драмолетки околу тоа што Тајм.мк ги тргнал од листата:
http://puls24.mk/index.php/makedonija/vesti/7650-eve-od-sto-se-plasi-time-mk

Што е најтрагично, во хајката се вклучи и НАЈГЛЕДАНАТА МАКЕДОНСКА ТЕЛЕВИЗИЈА, што е за срам и потсмев околу тоа колку се информатички неписмени, или пак свесно создаваат манипулации кај народот:
http://sitel.com.mk/node/45906

Она што е вистинито во случајот, е тоа што Тајм.мк апсолутно може што сака да си прави со листите на својот сајт и не може тоа да влијае на рекламаторите на „оштетените“ сајтови, а настрана тоа што ниеден рекламатор не ја смета Алекса за релевантен извор за читаност.

Срамота е што во хајката се вклучува и прилично влијателен медиум како Сител кој по којзнае кој пат лаже и прави манипулации.
 
Тајм е агрегат кој туѓи вести ги става на свој линк.
Пулс24 освен Филип Петровски не знам некој друг и дали го чита.
Сител претходно се замерија со Тајм и сега го дрват непотребно.
 
Тајм МК
 

Attachments

  • tajmmk vo centar kom branko.jpg
    tajmmk vo centar kom branko.jpg
    245,3 KB · Прегледи: 102
Демек обичните луѓе знаат што е Алекса и секад ја проверуваат...
Плус која глупост, Тајм не е ни сајт, агрегатор е. Уште еден очаен обид на владиниве медиуми да го уништат Тајм. Дечки, никој не ви го чита Буквар. Плус овие Пулс24, не знам шо се мислат но еве ако читаат - браво јаки сте ај чао.

П.С. Колку треба да си очаен за да си пишуваш статии колку си најјак?!

Едит - Ете Пулс биле а не Плус. Ете колку се најчитани...
 
Грид МК
Во Тирана запалени македонски знамиња
пред 29 минути - МКД
По инцидентот со конвојот во кој македонскиот премиер пристигнуваше во официјална посета на Албанија, во Тирана беа запалени и македонските знамиња поставени токму како дел од протоколот за средбата Бериша – Груевски.
Запалено македонското знаме во Тирана
пред еден час - A1on
Маскирани Албанци во Тирана ги симнуваат македонските знамиња кои се поставени на јарболите поради посетата на премиерот Никола Груевски на оваа земја.
Симнати и запалени македонските знамиња во Тирана по посетата на Груевски
пред 2 часа - Прес 24
Видеото се појави на YouTube. Оној кој го поставил тврди дека е снимано вечерва. На него се гледа како се симнуваат македонските знамиња кои беа поставени поради посетата на премиерот на Тирана.
Анархија во Албанија, симнати и запалени македонските знамиња во Тирана
пред еден час - Без Пардон
Дали во соседна Албанија владее анархија или изолирана националистичка група сака тоа така да го претстави не се знае, но вечерва на каналот Јутјуб осамна видео за кое се тврди дека е снимено вечерва.
Симнати и запалени македонските знамиња во Тирана по посетата на Груевски
пред еден час - Maxim
Видеото се појави на YouTube. Оној кој го поставил тврди дека е снимано вечерва. На него се гледа како се симнуваат македонските знамиња кои беа поставени поради посетата на премиерот на Тирана.
Запалени македонски знамиња во Тирана по посетата на Груевски
пред еден час - Либертас
Видеото се појави вечерва на Јутјуб – пренесува Прес24. Оној кој го поставил тврди дека е снимано вечерва. На него се гледа како се симнуваат македонските знамиња кои беа поставени поради посетата на премиерот на Тирана.
Запалени македонските знамиња за време на посетата на Груевски на Тирана
пред 2 часа - За Се
Екстремно радикални поединци, чија цел е Голема Албанија вечерва симнале неколку македонски знамиња кои се поставени на улиците во Тирана поради официјалната посета на Премиерот на Македонија на Албанија и ги запалиле.
Симнати македонските знамиња кај Мавровска
Пред еден ден - Либертас
Во текот на прославата на денот на Албанската азбука, кај трговскиот центар Мавровка, се симнуваат македонските знамиња. Очевидци за Либертас изјавија дека забележале помлади малолетници кои се качувале и ги симнувале македонските знамиња.
 
Кој ги чита овие од Пулс? Дневно 20 пати имаат проблеми со сајтот. Тајм е агрегатор, но има многу други сајтови кои се подобри од Пулс. Овие нешто ќе направат и веднаш креваат паника, јавно се фалат дека се први. Алекса го следам 1ипол - 2 години и колку што знам тајм.мк секогаш беше на врвот, а во топ 5 никогаш не ги имало овие Пулс 24.
 
Кој ги чита овие од Пулс? Дневно 20 пати имаат проблеми со сајтот. Тајм е агрегатор, но има многу други сајтови кои се подобри од Пулс. Овие нешто ќе направат и веднаш креваат паника, јавно се фалат дека се први. Алекса го следам 1ипол - 2 години и колку што знам тајм.мк секогаш беше на врвот, а во топ 5 никогаш не ги имало овие Пулс 24.

Бев Сум и Секогаш ке бидам горд МАКЕДОНЕЦ
108.735 допаѓања на фејсбук
најјактивни промотери на пулс 24
 
Искрено, се замарате уште со овакви работи?
 
Бев Сум и Секогаш ке бидам горд МАКЕДОНЕЦ
108.735 допаѓања на фејсбук
најјактивни промотери на пулс 24

Ау да навистина заборавив. Си плаќаат таму си добиваат посети.
 
Во право се новинарите од Пулс24 и Сител. Некако многу чудно е само што се искачи Пулс24 на прво место, тајм место да се подобрат, они си применуваат некои свои мерки за да ги симнат од прво место. Со кое право ги тргаат од листа? Нели се агрегатор на вести, значи од сите македонски сајтови има, или селективно од тие што им одговараат? Сајтовите кои воопшто не го загрозуваат нивниот рејтинг се на листата, а најпосетуваните сајтови ги исфрлаат? Ајдее...
Не ми се допаѓаат овие тајм, не им го отварам сајтот, а сега после ова нема ни да го отворам.
 
Во право се новинарите од Пулс24 и Сител.
Не се. Тие само сакаат да се затвори time.mk ама знаејќи дека законски не можат да го направат тоа, посегнуваат по нивниот рејтинг и такви ствари.
Некако многу чудно е само што се искачи Пулс24 на прво место, тајм место да се подобрат, они си применуваат некои свои мерки за да ги симнат од прво место.
Штом и alexa-mk ги има тргнато од листа пулс24, изгледа со некоја далавера се искачиле.
Со кое право ги тргаат од листа?
Не верувам тиме.мк да ги имаат тргнато пулс24.мк од своја листа туку мислам дека автоматски се имаат тргнато бидејќи тиме.мк ја надградува својата топ листа секои 24 часа црпејќи резултати од алекса. Ако нема сајт на алекса, ќе го снема и од кај нив.
Ама дури и намерно да го тргнале (не ми изгледа на такво нешто, ама ај) приватен бизнис е тоа.
 
На кој му е гајле кој евреин повеќе пари ќе напраи.
 
Сите знаеме што отвараме прво кога ќе седнеме на пц. Time.mk и Феjсбук па се друго... Пулс24 и Шител можат само :гомце: да jадат
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom