Прецизна акција на IDF во Газа

M

Muranyi

Гостин
http://www.youtube.com/watch?v=8hKSXQXHq0g
--- надополнето: 21 ноември 2012 во 20:34 ---
--- надополнето: 21 ноември 2012 во 20:38 ---
Da dava Gospod na glava da vi dojde i uste povke pa da vidite kolku boli ,nekoi ne znat kako e bidejki nemat custva za deca ,ne znat sto e roditelska lubov ,prosto zivotni a ne lugje
Нормален родител никогаш нема да дозволи неговото дете да учествува во терористички акции и да му ги загрозува основните права и да му го скратува детството,да му го одземе правото на живот во име на Алах и слични измислени ликови.Зарем толку ли сте ретардирани вие кои сметате дека Бог би барал од човекот да убива други луѓе во негово име?Таква ли е вашата претстава за некој семоќен кој наводно создал се што постои?Навистина за жалење сте.
Мене многу ми е жал што на невини деца,како на тие во Палестина,животот им се става во равенство со нула и што нивните животи прерано згаснуваат.Човечкиот,особено детскиот живот нема цена,нема работа или идеологија на светов која е вредна за тој да биде жртвуван.Но од друга страна страшно ме иритира вашето лицемерие и дволичност,како бе мајкуму од толку конфликти во светот,од толку луѓе што секој ден биваат убивани ширум земјината топка вие скокате и се буните за Палестинците?Ве заболе вас ташакот за Палестинците,провидна е вашата омраза кон Евреите,таа е клучна.Не мора да ми објаснуваш,знам јас убаво што вели вашата религија за нив и како тие треба да завршат.
Зошто не се буните кога убиваат Христијани во Нигерија,кога убиваат монаси кои се залагаат за независен Тибет,кога наркокартелите во Мексико масакрираат цели градови,кога се продаваа човечки органи на Косово,зошто не се буните кога Турција убива Курди или кога гинеа Либијци-Муслимани во граѓанската војна пред една година,истото сега се случува и во Сирија и вас уво не ви чуе за нив,едноставно не ве боли таквото.
Затоа не продавај тука по форуми такви ефтини финти,кои реално можат само да пројдат на sandzakinfo.com или некој brainwash исламски форум.Да се срамите.
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Готово е а? Се договориле овие за примирје...
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
http://www.youtube.com/watch?v=8hKSXQXHq0g

Da dava Gospod na glava da vi dojde i uste povke pa da vidite kolku boli ,nekoi ne znat kako e bidejki nemat custva za deca ,ne znat sto e roditelska lubov ,prosto zivotni a ne lugje
Види, не дека дава господ, туку некои Исламисти во стилот на јунаците од Хамас, полегнаа 4 деца(неверници) и им пукаа легнати кај Смилковци и нели го убија сведокот.
Еве вака некако:
http://mepeace.org/video/hamas-members-execute-fatah

Притоа, убиените на видеово се Палестинци муслимани (неверници поради некоја само на Хамас позната причина), членови на Фатах.

Еве уште едно видео за тоа како владее Хамас во Газа:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Зошто сеуште седат цивили во Газа?
 
Член од
8 ноември 2007
Мислења
574
Поени од реакции
296
Пет медиумски лаги за Газа




1. Израел е принуден да ракетира за да ги заштити своите граѓани
Си Ен Ен и другите медиумски куќи во Америка уредно ги започнуваат своите извештаи за последниот круг насилства насилства во Газа со настанот од 10 ноември, кога четири израелски војници беа ранети од палестински оган. Потоа израелските одбранбени сили одговорија со убивање на неколку Палестинци. Но, само два дена претходно, убиен е еден 13-годишен Палестинец во израелски воен упад во Газа, а да не ги споменуваме претходните смртни случаи на палестинска страна. Пристрасноста во известувањето, да се потсетиме, особено беше нападна во 2008/2009, кога големиот израелски напад на Газа (во кој беа убиени најмалку 1.400 Палестинци) беше претставен како одбранбен, со само попатна информација дека токму Израел беше тој кој го прекрши договорот за прекин на огнот. Зарем Палестинците немаат право на самоодбрана? И ако неселективното палестинско бомбардирање не е прифатлив одговор на израелското насилство (а не е), тогаш зошто неселективните израелски напади во Газа би биле прифатливи? И зошто секаде упорно се премолчува пошириокиот контекст на целата приказна, а тоа е дека Газа е под израелска блокада и воена контрола?



2. Израел се обидува да ги избегне цивилните жртви
Ех, ова е веќе потешка задача за манипулативната медиумска машинерија, особено кога израелски функционери изјавуваат дека „целта на операцијата е да се врати Газа во средниот век“, како што изјави израелскиот министер за внатрешни работи. Или кога, на пример, Гилад Шарон, син на поранешниот израелски премиер Ариел Шарон, вели: „мора да ги срамниме со земја сите квартови во Газа“. Ако мислите дека станува збор само за реторика, тогаш сетете се на судирите од 2008/2009. Не беа само организациите за заштита на човековите права тие кои изнесоа докази во јавноста за израелските воени злосторства, туку и самите израелски војници на кои совеста не им даваше да молчат за извршените злосторства.
Ако и понатаму не можете да донесете одлука околу тоа кој ја зборува вистината, само запрашајте се: како тоа Хамас успеа да убие само тројца луѓе во Израел и покрај илјадниците „неселективно“ истрелани ракети, додека Израел уби повеќе стотици и покрај тоа што поседува софистицирано прецизно оружје со кое може да се избегнат цивилните жртви? За илустрација, само во вчерашните напади Израел уби повеќе цивили во Палестина отколку што има загинати Израелци за три години, колку што траат судирите.






3. Ова е прашање на безбедност
Ако израелската главна цел навистина беше да заврши ракетирањето од појасот Газа, сè што требаше да направи е да го прифати примирјето кое го нудеа Палестинците пред атентатот на водачот на Хамас, Ахмед Џабари. И ако целта на блокадата на Газа е само да се спречи увозот на оружје, тогаш зошто е блокиран и извозот од Газа? Зошто се ограничени прехранбените артикли? Вистината е дека овде не станува збор за безбедност, туку за казнување на населението на Газа поради нивниот политички избор на Хамас. Кога Гилад Шарон предложи десеткување на Газа, се правдаше со тврдењето дека жителите на Газа не се невини затоа што го избрале Хамас. Според истата логика се водат и терористите кога напаѓаат цивили поради демократијата. Дали според тоа и израелските цивили се легитимна воена цел, затоа што ги избрале десно ориентираните водачи кои извршиле злосторство врз Палестинците? Нормално дека не се, и само пореметен ум може да мисли дека тој принцип може да се примени врз палестинските цивили.



4. Хамас е проблем
Секогаш кога ќе слушнете дека Израел го сервира Хамас како виновник за насилството во Газа, мора да помислите на две работи. Како прво, Хамас не само што покажа подготвеност за примирје со Израел ако се престане со ракетирањето на Газа, туку предложи (иако со мешани сигнали) решение со две држави (во границите од 1967). А како второ, и уште поважно, Хамас не беше на власт сè до 2006/2007, односно од периодот 1993-2006, значи 13 години Израел имаше шанса да воспостави мир со многу поумерена палестинска власт, која го призна Израел и се откажа од насилството. И што направи Израел? Дали воспостави мир? Или продолжи со окупација на палестинската земја и узурпирање на палестинските ресурси? Одговорот е во последното прашање, а неможноста да се заштитат палестинските права со преговори и соработка доведе до зајакнување на Хамас и другите екстремисти. Вистината овде е сосема спротивна: израелското кршење на палестинските права ги засили екстремистите и ги доведе на власт.





5. Постои воено решение на овој судир
Ова не е прв, а веројатно ниту последен пат Израел да започне воена акција за да ги принуди своите противници да се предадат. И дали тоа доведе поблиску до завршување на судирот? Како што гледаме, не. По судирот од 2009 Хамас остана на власт и поседува илјадници ракети. Израелската воена надмоќ, која навистина е импресивна и тоа благодарение на 30 милијарди долари американска воена помош во оваа деценија, не е посилна од волјата на Палестинците да живеат достоинствено. Начинот на кој може да заврши ракетираењето во краток рок е согласување на примирје и завршување на блокадата на Газа. А долгорочното решение е крај на израелската илегална окупација на палестинската земја и овозможување на Палестинците да го остварат своето право на самоопределување. Веројатно сме блиску до договор за прекин на огнот со кој ќе биде завршен и овој круг насилства. Но, вистински предизвик е да се стави крај на израелската окупација и да се воспостави долгорочен мир и безбедност и за Палестинците и за Израелците.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Пет медиумски лаги за Газа


Ако све ова е вистина, тогаш е пак највеќе веројатно, Хамас да работи за Израел, да продуцира кризи, на сметка на економија.

Па сега ти бирај која верзија ти одговара, и во двете, Хамас е зло.
 
Член од
8 ноември 2007
Мислења
574
Поени од реакции
296
Ако све ова е вистина, тогаш е пак највеќе веројатно, Хамас да работи за Израел, да продуцира кризи, на сметка на економија.

Па сега ти бирај која верзија ти одговара, и во двете, Хамас е зло.
Хамас е легитимно избрана влада од страна на Палестинците и нивна задача е да ги бранат интересите на Палестина, да ја бранат Палестина од окупаторските ционисти. Во овој случај израел е злото.
 
М

Мартин`

Гостин
Ако све ова е вистина, тогаш е пак највеќе веројатно, Хамас да работи за Израел, да продуцира кризи, на сметка на економија.
Па сега ти бирај која верзија ти одговара, и во двете, Хамас е зло.
Баш како што рече во секој случај Хамас е на штета на палестинците а не да ги заштитува наводно, инаку погоре кажа Julian дека Израел не водел сметка да нема цивилни жртви па ако не водеше до сега сметка можеше комплетно да ја срамни Газа ама не смее.. зошто ако тоа го направеше до сега ќе ја изгубеше меѓународната подршка која очигледно ја има пред се од големите и влијателни држави како Америка на пример.
 
Член од
8 ноември 2007
Мислења
574
Поени од реакции
296
Баш како што рече во секој случај Хамас е на штета на палестинците а не да ги заштитува наводно, инаку погоре кажа Julian дека Израел не водел сметка да нема цивилни жртви па ако не водеше до сега сметка можеше комплетно да ја срамни Газа ама не смее.. зошто ако тоа го направеше до сега ќе ја изгубеше меѓународната подршка која очигледно ја има пред се од големите и влијателни држави како Америка на пример.
Баш така. израел никогаш не водел сметка за цивили, напротив тие се радуваат на тој факт кога има што повеќе цивилни жртви со цел истребување на палестинското население и принудување да се отселат од своите домови. Еве една снимка снимена вчера, старицата за влакно избегнува сигурна смрт.

 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Зошто сеуште седат цивили во Газа?
Формираат нација на братството на убијците, викани во минатото Хашашини. Цивилите се уствари оружјето.
--- надополнето: 22 ноември 2012 во 23:09 ---
Баш така. израел никогаш не водел сметка за цивили, напротив тие се радуваат на тој факт кога има што повеќе цивилни жртви со цел истребување на палестинското население и принудување да се отселат од своите домови. Еве една снимка снимена вчера, старицата за влакно избегнува сигурна смрт.
Ако го погледнеш внимателно видеото, според начинот на ширење на експлозијата, која е додека најде пречки, насекаде подеднаква. Може многу лесно и аматер да заклучи дека во оваа ситуација неможе да стане збор за било какво балистичко зрно да ја предизвикало оваа експлозија, туку станува збор за експлозија на поставена бомба
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Џулијан дај бе не тропај глупости ............. Израел ако сака може да ги уништи сите Палестинци до еден, но тоа не е целта на Израел ............. во самиот Израел живеат повеќе од 1 милион Арапи/Палестинци, кои никој не ги дира, ниту пак тие некого дираат и си живеат во мир со Евреите ....... Евреите и Муслиманите можат да живеат и во мир едни покрај други, без никакви ѕидини и бодликави жици, проблемите ги прават тие Исламистичките организации како Хамас и сл.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Ако све ова е вистина, тогаш е пак највеќе веројатно, Хамас да работи за Израел, да продуцира кризи, на сметка на економија.

Па сега ти бирај која верзија ти одговара, и во двете, Хамас е зло.
Хамас дефакто работи за Израел.Има документирани случаи каде Хамас егзекутира Палестинци кои вршеле напади врз ИДФ и Израел.Најголем дел од ракетите на Хамас немаат воопшто ни боеви глави.

Идат избори сега во Израел и што е подобро одколку да се покажеш дека си голем маж одколку една војна.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Џулијан дај бе не тропај глупости ............. Израел ако сака може да ги уништи сите Палестинци до еден, но тоа не е целта на Израел ............. во самиот Израел живеат повеќе од 1 милион Арапи/Палестинци, кои никој не ги дира, ниту пак тие некого дираат и си живеат во мир со Евреите ....... Евреите и Муслиманите можат да живеат и во мир едни покрај други, без никакви ѕидини и бодликави жици, проблемите ги прават тие Исламистичките организации како Хамас и сл.
Дали имаат еднаков граѓански статус со Евреите во Израел?
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Затоа пак, милина е човек да се “отвори“ на темиве и да дискутира.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom