Пракси по банки - корисни за вработување или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата kasel20
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
24 ноември 2011
Мислења
37
Поени од реакции
7
Здраво. Дали има некој од економистите да сподели искуство со пракса во банка да му помогнала за вработување понатаму и мислам чисто без врски ...
 
Не сум барал работа, но да сум работодавач не би ја гледал праксата во банка.

Од она што го гледам, никој скоро и да не ја зема предвид едномесечната пракса, секако мораш да ги поминеш сите тестирања и интервјуа, а конкуренцијата е голема...
 
Здраво. Дали има некој од економистите да сподели искуство со пракса во банка да му помогнала за вработување понатаму и мислам чисто без врски ...

На пракса ќе научиш само 20-30% од работата.За да влезеш во банка нормално прво е интервјуто,па после имаш низа тестови од англиски,математика,општи работи и сл.Во Прокредит банка знам имаше добра програма за млади банкари ама конкурирањето мислам заврши.Таму си на права обука што се вика по неколку месеци и ти даваат добра основа за понатаму да можеш да се вработиш кај нив.
 
Aха да, сигурно дека ќе те вработат ако не имаш некоја врска.
Познавам човек кој идеше у ПроКредит прво 6 месеци на обука, потоа го шетаа низ градовиве у државава со надеж дека по 2 години ќе биде конечно вработен со решение во рака. Прво Тетово, па го однесоа во Прилеп таму околу 6 месеци работеше, после у Скопје.
Човеков воопшто не се бунеше, викаше ќе идам кај и да е, битно по 2 години ќе ми дадат решение. Но, што се случи. По 21 месец кошкање, го испратија дома со образложение дека немале потреба од него.
 
Така е.

А јас познавам личност кој 2-3 месеци само одработил од тоа програмата и веднаш на работа во Тетово. А други нека се мачат...битно е кој има врски.
 
Aха да, сигурно дека ќе те вработат ако не имаш некоја врска.
Познавам човек кој идеше у ПроКредит прво 6 месеци на обука, потоа го шетаа низ градовиве у државава со надеж дека по 2 години ќе биде конечно вработен со решение во рака. Прво Тетово, па го однесоа во Прилеп таму околу 6 месеци работеше, после у Скопје.
Човеков воопшто не се бунеше, викаше ќе идам кај и да е, битно по 2 години ќе ми дадат решение. Но, што се случи. По 21 месец кошкање, го испратија дома со образложение дека немале потреба од него.

Добро секаде е така не ти даваат одма решение на рака.Е сега ваљда ако те бива туку така нема да те остават.Не викам одма да те стават да работиш во банка ама ќе ти дадат некои други работи.Секаде кај и да работиш првин ќе гледа максимално да те искористи нели ти како новопримен сакаш да се докажеш и ќе рмбаш по цели денови.А за тоа со врските во право си и јас не дополнив.Во банка ако немаш барем малце кој да те подбутне тешко.
 
Мене ми се виде насловот на темата праски па банани...

:)

Praski po banani :pos:(metafora :icon_lol:)
--- надополнето: 22 ноември 2012 во 19:09 ---
Здраво. Дали има некој од економистите да сподели искуство со пракса во банка да му помогнала за вработување понатаму и мислам чисто без врски ...

Без врски не можеш да влезеш во банка , да си знаеш однапред :). А пракса , секоја пракса е искуство и ќе научиш нешто , но ако ти дозволат тие кај кои ќе бидеш на пракса(тетката таму ако е расположена) . Оди на курсеви , обуки , читај економска литература од тоа имаш корист а од едномесечна пракса во банка нема да имаш корист ама баш ништо , само да се запознаеш со програмот и како функционира ништо повеќе.
 
И во приватна фирма е заебано да влезиш без ‘ветар во грбот‘.А на праксата ќе се подосаѓаш 3-6 месеци и после ќе ти речат или ‘ќе те побараме‘ или уште 3-6 месеци на пракса, после таа пракса уште малку пракса дури сам не избегаш :cenzura:

Praski po banani :pos:(metafora :icon_lol:)
Без врски не можеш да влезеш во банка , да си знаеш однапред :). А пракса , секоја пракса е искуство и ќе научиш нешто , но ако ти дозволат тие кај кои ќе бидеш на пракса(тетката таму ако е расположена) . Оди на курсеви , обуки , читај економска литература од тоа имаш корист а од едномесечна пракса во банка нема да имаш корист ама баш ништо , само да се запознаеш со програмот и како функционира ништо повеќе.
И ова е многу битно, ако е тетката расположена ќе научиш нешто почетни работи, отворање сметки, картици и слично.
 
Помага само лично за тебе. За банка ти требаат големи врски или длабок џеб за да си го купиш работното место (за прво искуство). Немој да се лажете бадијала дека така примаат во банка, на лепе очи.
 
Aха да, сигурно дека ќе те вработат ако не имаш некоја врска.
Познавам човек кој идеше у ПроКредит прво 6 месеци на обука, потоа го шетаа низ градовиве у државава со надеж дека по 2 години ќе биде конечно вработен со решение во рака. Прво Тетово, па го однесоа во Прилеп таму околу 6 месеци работеше, после у Скопје.
Човеков воопшто не се бунеше, викаше ќе идам кај и да е, битно по 2 години ќе ми дадат решение. Но, што се случи. По 21 месец кошкање, го испратија дома со образложение дека немале потреба од него.
Знам како функционираат тие работи во Прокредит.
1. Платен си од Прокредит банка не работиш за џабе и тоа не е лоша платата.
2. Ти обезбедуваат стан и смештај ако те пратат надвор од твојот град.
21 месец работа воопшто не е лош плус и добро искуство...Програмата на Прокредит за едукација не е лоша т.е. е една од подобрите во Македонија. За почетник одлична шанса е. И убаво ти кажуваат дека не ти гарантираат работно место за неопределно...Фер и чиста работа знаеш на што си.
 
Знам како функционираат тие работи.
1. Платен си од Прокредит банка не работиш за џабе
2. Ти обезбедуваат стан и смештај ако те пратат надвор од твојот град.
21 месец работа воопшто не е лош плус и добро искуство...Програмата на Прокредит за едукација не е лоша т.е. е една од подобрите во Македонија. За почетник одлична шанса е.

Се тоа уреду, но не мора да те мафтаат дека ќе те примат на работа за на крај да те расшутираат без никакво објаснување.
 
Не те примаат на работа. Убаво си кажуваат тоа е само програма за едукација без гаранција за работно место.
 
Не се разбравме, односно не се изјаснив доволно добро у првиот мој пост.
Стануваше збор за обука пред вработување.
 
Ок може јас знам за една програма сега што ја имаат отворено за некојси тренинг/ платнеа пракса во Прокредит. Многу ми звучи како тоа на што ти бил твојот познаник... И фино си кажуваат дека не гарантираат вработување. Сега баш им тече селекцијата за програмата.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom