- Член од
- 6 јули 2011
- Мислења
- 3.829
- Поени од реакции
- 7.711
Епа не можам веќе. Не знам зошто ме лаже дека е со другари на кафе, а иде со колешките од работа на пијачка. Знам дека кога ми кажува не регирам баш најдобро, ама не гледам голема причина зошто на секои 2 недели мора да пие кафе со колешки. И мене колеги од факултет ме викаат, па не идам секој пат, само за он да не си помисли нешто. Што да правам??? Освен ова, се супер ни функционира, ама со ова ме тера да се посомневам во неговата љубов, и немам доверба па и кога ми збори вистина јас си правам 300 филма и мислам дека ме лаже.![]()
Те лаже зато што реагираш бурно. Секој има право да оди на кафе со колешки без да мора партнерот да му даде причина за тоа. Не очекувај тој да не оди на кафе само затоа што ти не одиш со колегите.
Она што треба да го правиш е да поработиш малку на самодовербата, а двајцата да поработите на врската. Проблемот ви е поголем отколку што овде пишуваш и не е само до кафето и до колешките.
--- надополнето: 22 ноември 2012 во 09:11 ---
Сакам да имам сериозна врска но проблемот е што пијам лекови за висок притисок и за спиење (лекслиум) , никој освен моите дома не знае дека ги пијам , и кога сум у врска ми е страв дека поради лековите мозам да ја изгубам девојката (дека она ке дознае дека ги пијам и толку ке биде) и стално сум сингле , и поима неам со да праам , а и докторот ми рече дека ке си ги пијам лековите до крај , и ај сеа ти види![]()
Искреноста е многу важна во врската, иако понекогаш е преценета.
Нема зошто да криеш дека земаш лекови за притисок, ама не мора да си пишуваш на челото ниту пак треб тоа да и го кажеш на првиот состанок.
Исто така, многу е важно како ќе го кажеш. Немој да ја исплашиш без врска и да и кажеш: јас земам лекови за висок притисок. Ако ти одговара добро, ако не, ај здраво. Така НЕ!
Лексилиумот не е лек за спиење и не ти треба. Пробај да го откачиш пополека, со намалување на дозата. Имаше еден линк со шеми, ќе го побарам и ќе ти го пратам.