можеби е така, а можеби не е
увезуваме колектор од Кина за 150 долари ( 110 евра), Истиот колектор граѓанинот го плаќа 1000 евра, а Владата дава субвенции од 300 евра кој се собрани и порезот што го плаќаат останатите граѓани. Ете така сите заедно сме помогнале да некој купи еден колектор за кој граѓанинот треба да одплатува кредит од 700 евра, а колекторот реално чини најмногу 150 евра, а 850 евра ќариле тие што наводно се грижат за „ енергетската ефикасност “
Каков е твој коментар на ова?
Нели е подобро да увеземе три колектора 3*110 = 330 па да тие да се подарат на три семејства, барем нема да плаќаат кредит.
Додека нашиве „ производители “ научат дека треба колекторите да ги продаваат за 150 а не за илјада евра
Или и за тоа е виновна Владата?
Изгледа си помешал нешто.
Македонски колектор чини помеѓу 170 - 270 еур, и толку е колекторот, исталацијата со автоматика, пумпи, вентили и цевна мрежа е некаде 300-400 еур, и плус еден бојлер од 120 литри за едно 300 еур добиваш некаде 1000 еур.
Значи некаде најефтината македонска варијанта ќе биде 600 еур (без бојлер само со местење на изменувачи во постоечки 80л бојлер), а најскапата 1100 еур.
Јас зборував за 1000 еур инвестиција со 120 литарски (или уште подобро 150л) бојлер, затоа што така најмногу се штеди.
Кај нас е вистинска штета што се инсталираат колектори на 80 литарски бојлери, затоа што 80 литри се малце за едно четворо члено семејство, така да заштедата на годишно ниво не е ниту 15%.
Во Германија, најчесто инсталираат минимум два колектори со 300 литарски бојлер, за да има солидна заштеда на енергија и голема комоција во користењето на топла вода.
Но, кај нас имаме многу сончеви денови и еден колектор со 120-150 литри бојлер е сосема доволно за скоро иста заштеда како во Германија со 300 литри.