Потребна е територија со 99% сигурност, каде (навидум) сами ќе се власт, најмногу поради долуобјаснатите работи.Оти
вака е тешко.
ООН: На Косово годишно минуваат 50 тони хероин вредни и до 3 милијарди евра

Денес во светот постојат два глобални наркоканали (две глобални струи): латиноамериканскиот, кокаински, и авганистанскиот, хероински. Фасцинантната разорна моќ на овие два канала особено е сликовита во државите преку кои се одвива транзитот на дрогата, кои благодарение на овие канали запаѓаат во бесконечната социјално-политичка турбуленција. Причината за тоа е што нивните национални буџети се за два до три пати помали во споредба со вредноста на шверцуваната дрога што се одвива преку нивните територии.
Глобализацијата на наркокриминалот и отворањето на каналите за овој шверц, кои буквално бришат сè пред себе, за жал, се претвориле во секојдневие и за земјите од Балканскиот Полуостров. Косово е претворен во главен транзитен наркокластер на Европа, своевиден епицентар, во кој се вкрстуваат двата глобални наркоканали: кокаинскиот, преку Африка, и хероинскиот, преку Турција. На оваа територија се врши и наменски претовар на наркотичките дроги за потребите на земјите-членки на ЕУ.
Преку овој европски центар за дистрибуција на кокаинот и хероинот, според процените на ООН, годишно минуваат до 50 тона хероин, а висината на годишните добивки од неговата продажба достигнува и до 3 милијарди евра, т.е. двапати повеќе отколку буџетот на Косово. Притоа, овде се одвива, мошне вообичаен за ваквата ситуација, процес на стрмоглаво трансформирање на оваа структура во доминантен и криминален субјект на геополитиката, кој располага со огромни финансиски, технолошки и човечки ресурси умешно ориентирани и мобилизирани за преформатирање на политичкиот и економскиот глобален простор.
Истражувањата на KosovoRemittanceHouseholdSurvey (КРХС) покажа дека севкупната сума на странски дознаки внесени во 2011 година на Косово достигна 379,6 милиони евра.
Спроведените анкети докажуваат дека повеќе од 25 отсто од домаќинствата во Косово примаат дознаки од странство. Најзагрозени се руралните делови на Косово како Пеќ, Гњилане и Урошевац, каде што дознаките од странство се втор најголем извор на финансии во текот на годината. Дознаките заземаат повеќе од 20 отсто од нивниот севкупен годишен извор на приходи.
Најголем дел дознаки (57,2 отсто) емигрантите ги испраќаат преку банкарскиот сектор, агенциите за трансфер на пари и преку поштенските агенции, додека останатиот дел се пренесуваат лично.
Дознаките пред сè се користат за намирување на егзистенцијалните потреби. Конкретно, повеќе од 90 отсто од добиените средства, примателите ги трошат на храна, режија, облека, образование и здравство.
Најочигледен пример за тоа како завршуваат ваквите процеси се вооружените пресврти во Гвинеја-Бисау, Мавританија, Нигер, нередите во Кот’дИвуар. Исто така, наркоканалот одиграл голема улога и во дестабилизирањето на ситуацијата во арапските држави.
Клучен правец за ликвидација на глобалните наркоканали е промена на постојниот систем на економијата, која би ги исклучила криминалните пари и која би можела да гарантира репродукција на чистите ликвидни активи, т.е. премин кон развојна економија, кога темелот на одлуките што се усвојуваат се основаат на проекти за развој и наменски долгорочни кредити.
Зоран Митевски, поранешен помошник-директор во Агенција за разузнавање на Република Македонија