Бадник и останатите пагански обичаи

Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Каде забегала од Библиското учење?Ке ти кажам во секој поглед, само да не одам надвор од темата ке се задржам на Бадникарскиот оган.

Од осамостојувањето на Македонија, одеднаш почнаа да практикуваат палење на Бадникарски оган и проповедаа дека оганот се палел за да се собира народот, да бдее исчекувајки го симболично рагањето на Месијата.Дабови дрва се палеле демек кога се родил Исус имало таков оган да се стопли Богомладенецот(нема врска со Библијата)

На Бадникарскиот оган благословуваа кумови, вртеа лебчиња со парички, частеа греаана ракија(пак нема врска со Библијата)

Кажуваат дека по дома треба да се ставаат дабови гранчиња и посна трпеза (никаде не пишува во Библијата)

Леб со паричка да се крши по домашните трпези, и кај кој ке се паднела паричката ке бил посебно ксметлија(никако нема врска со Библијата)
бараме отцепување од СПЦ а упорно ги применуваме нивните и само нивните обичаи :tapp:
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
981
Поени од реакции
408
Каде забегала од Библиското учење?Ке ти кажам во секој поглед, само да не одам надвор од темата ке се задржам на Бадникарскиот оган.

Од осамостојувањето на Македонија, одеднаш почнаа да практикуваат палење на Бадникарски оган и проповедаа дека оганот се палел за да се собира народот, да бдее исчекувајки го симболично рагањето на Месијата.Дабови дрва се палеле демек кога се родил Исус имало таков оган да се стопли Богомладенецот(нема врска со Библијата)

На Бадникарскиот оган благословуваа кумови, вртеа лебчиња со парички, частеа греаана ракија(пак нема врска со Библијата)

Кажуваат дека по дома треба да се ставаат дабови гранчиња и посна трпеза (никаде не пишува во Библијата)

Леб со паричка да се крши по домашните трпези, и кај кој ке се паднела паричката ке бил посебно ксметлија(никако нема врска со Библијата)
Е секако во секој поглед, ако имасш аргументи ајде изјасни се, ако имаш со што да се браниме, покажи преимер на вистинско Библиско учење и ќе споредиме. Не само зборуваш, па после да не излегуваме од теме, ти по почна муабетов и довршисиго.
Палањето на оганот е од после Првата светска војна, со српска (Црковна) управа, на овие простори, само кај нас се има тоа задржано бидејќи народот бил принудуван од тогашниот српски клир.
Епа јас што зборувам цело време, дека тоа е пагански обичај, и мора да се искорени.
А тоа со паричката прочитај го житието на свети Басилиј Белики, па ќе зборуваме.

бараме отцепување од СПЦ а упорно ги применуваме нивните и само нивните обичаи :tapp:
Е тоа е работава брат, се истакнуваме како големи патриоти а се користиме со друѓи обичаи кои се се природно наши, туку се предземени од друѓите(Србите).
 
Член од
14 септември 2008
Мислења
215
Поени од реакции
3
А тоа со паричката прочитај го житието на свети Басилиј Белики, па ќе зборуваме.
Е па тоа е забегувањето simeon во Библијата никаде не пишува за лебови со парички, ама они си нашле некој Василиј па одозгора го крстиле и свети и велики, па не се придржуваат до зборовите на Христос запишани во Библијата, туку си се фатиле со великиот Василиј.

Тогаш не се христијани, туку се василијани!
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
981
Поени од реакции
408
Е па тоа е забегувањето simeon во Библијата никаде не пишува за лебови со парички, ама они си нашле некој Василиј па одозгора го крстиле и свети и велики, па не се придржуваат до зборовите на Христос запишани во Библијата, туку си се фатиле со великиот Василиј.

Тогаш не се христијани, туку се василијани!
Да брее, не сум знаел јас тоа, фала што ми кажа :tapp:.
Свети Василиј Велики е еден од трите најголеми ерарси на Црквата.А Црквата не само до Светото Писмо, туку и од Светото Предание црпи информации за лечносно-сотирилошката аскеза не секого поединечно.
 
Член од
14 септември 2008
Мислења
215
Поени од реакции
3
Да брее, не сум знаел јас тоа, фала што ми кажа :tapp:.
Свети Василиј Велики е еден од трите најголеми ерарси на Црквата.А Црквата не само до Светото Писмо, туку и од Светото Предание црпи информации за лечносно-сотирилошката аскеза не секого поединечно.
Е тука е проблемот кај православната црква што си црпи информации од Светото предание, а Библијата ја има како нешто споредно.Затоа го има доведено овој народ до ваква конфузија.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Работата не е дека се срамими, туку дека работата е за плачење, а тоа дека е паданско е дека не е голаме робота не би рекол.Сигурно знаеш каков пристап кон религијата имаат паганите и како се однесуваат.
А тоа што секое село има посебно верување и непочитување на Црквата тоа е вистина, за тоа не треба да се напрекуваме Христијани, бидејќи надвор од Црквата нема спасение.
Значи ако нашите предци од незнаење правеле нешто, и тоа останало и сега треба ние да го правиме? Ако гледаме што се не правеле нашите предци, па ние не копираме се, само тоа што ни одговара, треба добро да размислиме дали на вистина е така или на нас ни одговара така да размислуваме.
Да, да.....да живее средниот век! Знам тој период со душа и срце прижелкувате да го вратите!
Абе ќе сватите ли еднаш веќе дека црквата не е се на овој свет.. постои и народен фолклор кој види ти чудо и ние неверниците си го цениме..... само чекам некој свештеник да се произнесе и за галичката свадба како паганерија....... или пак за џеломарите од Бегниште (тој свештеник више нема да вирее во Кавадаречко)...... има и други обичаи....

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]ПАГАНСКИ ОБИЧАИ МЕЃУ ЖИТЕЛИТЕ НА СЕЛОТО БЕГНИШТЕ, КАВАДАРЕЧКО[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Џаламари ги бркаат ѓаволите од селото[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Традицијата секоја година на 14 јануари да излезат џаламарите трае цели 400 години, уште од времето кога Бегниште го населиле христијани кои избегале од Турците од велешкото село Азот, а оттогаш датираат и традиционалните маски правени од при[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Секоја година на празникот Василица џаламарите од селото Бегниште, Кавадаречко, со паганска игра ги бркаат лошите духови и демони од домовите. Василичарската дружина од петнаесетина мажи со страшни маски и sвонци и клопотарци коледува во секој дом, а среде село приредува цел ритуал во кој секој од џаламарите ја игра својата улога. Традицијата трае цели 400 години, уште од времето кога Бегниште го населиле христијани кои избегале од Турците од велешкото село Азот. Старите луѓе прикажуваат дека оттогаш се и дел од традиционалните маски правени од природни материјали - од волната што ја стрижеле од добитокот се ќулавките и брадите и мустаќите, од кожа од дива свиња им се опинците, а големата врева со која ги бркаат лошите духови од селото е од sвонците обесени на појасите со кои порано се прибирал добитокот од пасење. Над 30 килограми тежи целата опрема која на 14 јануари, рано наутро ја ставаат мажите врз себе. Никој не смее да се маскира поинаку туку само да успее да биде што пострашен за да избега ѓаволот од него. Затоа тие ставаат перници на грбовите, лицето го оцрнуваат со саѓи од фурните, а со себе носат стапови, бастуни и рачици од рало со кои секој од селото го удираат за здравје.
Џаламарите слегуваат среде село во пет наутро, кај големиот василичарски оган што е запален ден пред тоа. Меѓу нив има и две невести, кои треба да ја симболизираат плодноста, па токму околу нив е и целата игра. Луѓето што не се дел од василичарската дружина, а се желни за игра, цел ден ќе ги крадат невестите, ќе бегаат со нив во нивите, ќе прикажуваат врз нив божемни сексуални ритуали, а, пак, бабата што е дел од дружината ќе фрла со пепел по нив, ќе ги тепа и ќе ги брани невестите. "Салам ќотек паѓа", вели Митко Сотиров, претседател на џаламарите. "Меѓу селаните секогаш има млади луѓе што сакаат по цел ден да се дел од паганската игра, па затоа и најмногу ќотек јадат. Се случува после со денови да не можат да си седнат на газот, ама сами си го бараат, и тука нема лутење. Се е дел од играта во која еднаш се случи на еден од селаните да му скршиме ребро кога се нафрливме врз него".
Ноќ спроти празникот Василица целото село не спие. Постарите домаќинки месат баник, печат џаламарски пишии под вршник и варат топла ракија за гостите. Секоја куќа е отворена за џаламарите кои со накитено магаре коледуваат кај домаќинот кому задолжително ќе му испеат "мрсна" песна и ќе му затропаат со клопотарците за да го исплашат ѓаволот. Потоа невестата бакнува рака и добива пари и други подароци од домаќините, најчесто вино, ракија, колбаси, грав, месо, брашно, ореви, јаболка... Домаќините веруваат дека лошиот дух е избркан од нивниот дом, дека нивите ќе им родат повеќе род, добитокот ќе им биде жив и здрав, дека ќе имаат повеќе деца... Џаламарите коледуваат до темно, но само во нивното село. Се верува дека две василичарски дружини никогаш не смеат да се сретнат, зашто редовно се случувале тепачки што траеле се додека некој не загинел. Бегништани се уште прикажуваат за големата тепачка што пред многу години се случила кога се зачекале две дружини од Бегниште и Кошани. Во големиот ќотек еден џаламар од селото Кошани бил убиен, па затоа денес многу се внимава да не дојде до таква средба. "Сега секоја година измислуваме нови работи за да ни биде поинтересно", вели Митко. "Вечерта сме многу уморни, мускулите ни се воспалени, ама во исто време сме и многу среќни оти многумина од нас цела година живеат само за овој ден. Најголемата забава ја правиме два дена подоцна, кога се собираме во некоја куќа и сите се гоштаваме со коледуваната храна", вели тој.
Претседателот на месната заедница, Трајче Самарџиев тврди дека Бегниште е единственото село кое со векови ја задржало традицијата за која последниве години се заинтересирани и студенти од Етнолошкиот факултет од Скопје кои, заедно со нивните професори им се редовни гости за празникот.
"Денес селото има околу 400 жители , за разлика од 1920 година кога броело 3.500. Но не радува тоа што иселениците секоја година на Василица доаѓаат и празнуваат со нас; тогаш селото повторно живее", вели Самарџиев. "Тогаш сме среќни затоа што знаеме дека сме оригинални и единствени во своите адети и обичаи. Сите сакаат да не имитираат, па во последниве години има василичарски дружини и во другите села, во Ресава, во Сопот, ама како нас не можат. Нивните маски се вештачки, а ние се уште празнуваме со ќулавките што ги носеле овчарите во колибите каде што го чувале добитокот".
Токму оригиналноста на нивните маски го привлекува вниманието насекаде каде што ќе се појават. Во Полска, во градот Краков ја добија првата награда за најуспешна маска, две четврти награди освоија на карневали во Бугарија, а на Струмичкиот карневал со првиот настап ја освоија првата награда и сега секоја година добиваат специјална награда од организаторите, а имаат покана да го претставуваат градот на меѓународен фестивал. Во февруари ќе бидат дел од големиот карневал што се одржува во градот Птуј, во Словенија, и горди се што ќе имаат уште една можност да ја прикажат традицијата на Македонија. Но жалат што времињата се променија па се помалку се оние што сакаат парично да им помогнат. Затоа наумиле да се регистрираат во здружение, белки така ќе успеат да допрат до финансиски средства со кои ќе можат да ги збогатат реквизитите - sвонците и клопотарците со кои, веруваат, уште многу векови ќе ги бркаат лошите духови од своето село.
[/FONT]
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
981
Поени од реакции
408
Е тука е проблемот кај православната црква што си црпи информации од Светото предание, а Библијата ја има како нешто споредно.Затоа го има доведено овој народ до ваква конфузија.
Светото Писмо е дел од Светото Предание(запишан).
 

ArhangelOFDeath

Immortality
Член од
3 септември 2008
Мислења
1.906
Поени од реакции
126
Вака сега бадник не е пагански празник туку христијански...
Бадник е денот пред раѓањето на исус а паганскиот празник е коледе
 

Ајанта

Македонка
Член од
21 декември 2008
Мислења
580
Поени од реакции
37
И огнот на Коледе (ноќта спроти Бадник) и многу други обичаи влечат корени од паганството.Сите големи христијански празници се случуваат во период кога во претхристијанството исто така имало големи празнувања, и не само тоа туку и голем број верски објекти се изградени на темелите на пагански храмови (пр. манастирот Трескавец во близина на Прилеп).
Сепак, и покрај тоа што е така, јас сум ЗА се што е дел од нашата традиција, оти традицијата зближува и сплотува. Ова нема врска со моите верски чувства, ниту сметам дека е грев. Срамота е во денешно време сеуште да расправаме за црковните догми, треба повоопштено и на повисоко ниво да ги сфаќаме пораките кои ги упатил Христос, а најважната е ЉУБОВТА (...ако љубов немаш, ништо не си).
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ова според некој свет, преподобен и велики!
Ова е според Црквата, во која Светиите се авторитети-минати и сегашни.

Вака сега бадник не е пагански празник туку христијански...
Бадник е денот пред раѓањето на исус а паганскиот празник е коледе

Коледе не е пагански, туку, за беља, по некоја наша „традиција„, пагански се практикува.
 
Член од
14 септември 2008
Мислења
215
Поени од реакции
3
Ова е според Црквата, во која Светиите се авторитети-минати и сегашни.

Во Христовата Црква авторитет е само Христос, а вие бидејки имате еден куп авторитети направивте бучкуруш од вашата вера.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Во Христовата Црква авторитет е само Христос, а вие бидејки имате еден куп авторитети направивте бучкуруш од вашата вера.
Во својата Црква, Он, Христос е глава на Црквата, Пантократор, Седржител.
А Светиите се најдобрите операционализатори на она кое е запишано во Писмото, кои словото го претвораат во дело и стекнуваат слава и близина Божја.
Православието не е „бучкуруш„, туку права, вистинска, жива вера.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Повеќето од нашите празници и обичаи имаат двојна природа. Коледе, Василица, Лазарова сабота и др. содржат елементи од христијанството, но и од фолклорот. Тука нема ништо безбожно. Некои од овие адети никогаш нема да се искоренат, заборават или забранат. Тие се дел од еден богат, стар и раскошен сплет на македонски народни обичаи. Има некои српски „тројански коњи“ но тоа е занемарливо.
Битна е суштината, не формата.
Ако не сте знаеле насекаде низ светот е така, во сите култури и цивилизации
 
Член од
9 октомври 2009
Мислења
199
Поени од реакции
98
Зошто на Бадник се палат огнови?
1. Овчарите имале запалено оган кога ангелите им јавиле дека се родил Христос Спас
2. Бадникот(дабовото или смрекино дрво) го симболизира жарот што свети праведен Јосиф Обручник го зел во својата унечка за да запали оган и да го стопли Богомладенецот.
--- надополнето: 20 ноември 2012 во 14:11 ---
Цел живот, секој ден, секој празник и делник ти ги живееш христијански? Не ми се верува дека не славиш Нова година, дека не одиш летно време на плажа, дека не излегуваш по клубови или не си се опил ниеднаш. Или дека секое утро го започнуваш со молитва, секој почеток на работа, палење цигара и слично ги проследуваш со молитви.
јадењето колбаси и пиењето се добри за дружење. Нека се и паганска направија, добри се.
Ако сакаш де посочи каде пишува дека пиењето и јадењето колбаси се предхристијански а не и христијански обичаи? И зошто воопшто паганизмот (ако одите по оваа дефиниција) го сметате за нешто лошо и непожелно?
Каков сум јас и што правам ќе си одговарам за тоа на Страшниот Суд и претходно на поединечниот суд. Гревовите што сум ги направил си се мои се дури не ги исповедам и покајам.
Што има лошо и нехристијански во тоа да одиме по клубовите или да одиме на новогодишни забави (нормално ако не се нарушува постот и не се прават глупости и гревови)? (Христос одел на гозби.) Што има лошо да се оди на плажа и да се сончаме облечени во нормални капачки костуми? (Апостолите оделе во јавни купатила па никому ништо.) Христос пиел вино, но не се опивал. (Еве Човек Кој јаде и пие...)
Пушењето е грев против креативноста Божја, бидејќи да сакал да пушиме, Бог на човекот ќе му дарел и орган - оџак.(според св. вл. Николај Охридско-битолски)
Јадењето колбаси на Коледе, кога Црквата пропишала пост на масло (поради празникот на свети Наум Охридски), не само што е паганштина (нехристијанско поведение), ами е и грев!
Само во твоите мислења очигледен е фактот дека не е битен Христос и Божиќ, ами дружбата на луѓето!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom