Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Toчно е ова.И во последно време одат комбинација Скопско/Тиквеш и Даб/Стоби.Битолска уште не добила значаен удел, ама гризат со цела силаПравев муабет со една од маркетинг секторот конкретно за дискотеките и зашто го нема Скопско, ми рече дека самите дискотеки им барале многу пари за да се продава само Скопското т.е. Битолска/Прилепска ептен се расфрлале со пари и баш затоа има многу места каде што нема Скопско, и пред една година ми рече дека немало да трае најверојатно тоа толку долго.
Како што гледаме, се уште трае, што мене искрено ми е тапа, али тоа е, пазар...
Сега го видох флаерот.Не туку 2+1 од 100гр.Отвори го флаерот и ке ја видиш сликата.
дај бе Attila покажи им флаери од бугарскиот керфур- нека видат што се’ има во БГ а како во МК ги мафтосуваат и со какви чкљ производи ги лажатСега го видох флаерот.
Навистина е 2+1, но не е обичната Milka. Се работи за Milka Luflee.
Bugarskiot karefur 10 pati pogolem od nasiov.дај бе Attila покажи им флаери од бугарскиот керфур- нека видат што се’ има во БГ а како во МК ги мафтосуваат и со какви чкљ производи ги лажат
ne zboram za goleminataBugarskiot karefur 10 pati pogolem od nasiov.
Ova ko razonoda im e..
ne zboram za goleminata
zboruvam za kvalitetot i pobogatata ponuda - poshirok asortiman
eve http://www.proomo.info/search/label/carrefour bg?max-results=2
sekoj katalog mozhesh oddelno da go razgledash
Аферата со коњското месо стигна и во Бугарија, во Македонија нема проблем
Бугарската Агенција за безбедност на храната го потврди присуството на коњско месо во производи обележани како говедски кои се продавале и во оваа држава.
„Резултатите од двете испитувања на производите кои се повлечени од продажба биле позитивни на коњско месо, кое во едниот производ било присутно 80, а во другиот 50 отсто“, соопшти Агенцијата.
Тестовите, кои ги биле работени во германска лабораторија, се порачани минатата недела кога 86 килограми „говедски“ лазањи се повлечени од синџир бугарски супермаркети, чие име не е соопштено.
Агенцијата за безбедност на храната денеска ги уништи овие производи, нагласувајќи дека на анализа испратила примероци од уште пет производи.
Во Македонија нема проблем!
Како што минатата седмица соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство, контролите биле спроведени веднаш по добиеното известување од британската Агенција за безбедност на храната дека смрзнатата храна од одредени производители, наместо говедско, содржи голем процент коњско месо.
„Во конкретниот случај, не станува збор за проблем поврзан со безбедноста на храната, туку со декларирањето, поточно со прекршок кој се однесува на измама на потрошувачите“, велат од македонската Агенција од каде најавија дека ќе продолжат со засилен мониторинг на операторите со храна во земјава и со следење на состојбата на европскиот пазар.
Скандалот со коњското месо ја тресе цела Европа, а не е исклучок ни Балканот. Пред Бугарија, коњско месо кое се продава како говедско беше пронајдено и во Хрватска, а скандалот се прошири и до Хонг Конг.
Според досегашните испитувања, спорното месо најверојатно потекнува од Кипар и Романија.
и нема ништо страшно што и во лазањите се содржи коњското- таму е друг проблем- измамата.
наводно лазањи со говедско- а убутано коњско.