МАРнет избира национален кириличен домејн за Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата NikolaMKD91
  • Време на започнување Време на започнување
N

NikolaMKD91

Гостин
Македонските граѓани наскоро ќе може да користат интернет на македонско кирилично писмо преку нов национален кириличен домејн . За таа цел македонската академска истражувачка мрежа МАРнет на својот веб сајт (ww.marnet.mk) денеска постави прашање кој кириличен домејн најадекватно би ја претставувал Македонија во меѓународното интернет пространство .

index_copy.jpg


Процесот на прибирање на предлози ќе трае до 3 декември , по што ќе бидат разгледани од МАРнет и ќе се одредат низите кои ги задоволуваат пропишаните технички критериуми . Еден од најбитните услови е низата на карактери која што го означува интернационалниот врвен домејн значајно да го претставува името на соодветната земја или територија .

Македонија воведува кирилични интернет домени
 
.александармакедонскивечнадаемакедонија

Утка се овие кирилични домени. Марнет е застарен монопол во Македонија кој конечно очекуваме да биде сузбиен.
 
Зошто прашуваат, кога се знае дека ќе биде .мк? :)
не мора да значи, можеби ќе биде по примерот на Монголија: (.мон), Србија (.срб), Казахстан (.қаз), Украина (.укр) --- Македонија (.мак) :)
 
не мора да значи, можеби ќе биде по примерот на Монголија: (.мон), Србија (.срб), Казахстан (.қаз), Украина (.укр) --- Македонија (.мак) :)
Може. Ама мене лично, а верувам и на останатите луѓе кои не сакаат беспотребно комплицирање и долги имиња, не ми се допаѓа подолго од ова што моментално го користиме (.mk / .мк) :)
Не гледам зошто би комплицирале и би гласале за вакви работи, наместо да се средат тие што се поприоритетни - како на пример:
- Либерализација на пазарот на домени;
- Контролен панел за самостојна промена на доменски опслужувачи;
- Регистрација на домени преку интернет, а не по пошта / со лична достава;
- и тн...
 
Може. Ама мене лично, а верувам и на останатите луѓе кои не сакаат беспотребно комплицирање и долги имиња, не ми се допаѓа подолго од ова што моментално го користиме (.mk / .мк) :)
Не гледам зошто би комплицирале и би гласале за вакви работи, наместо да се средат тие што се поприоритетни - како на пример:
- Либерализација на пазарот на домени;
- Контролен панел за самостојна промена на доменски опслужувачи;
- Интернет регистрација на домени;
- и тн...

Ова е побитно од Марнет и од Пејпал:
Интервју со Ивановски: Ако знаеме да правиме филмови ќе направиме и добри македонски серии :facepalm:
 
Зошто прашуваат, кога се знае дека ќе биде .мк? :)
Тоа и мене прво ми падна на памет кога ја прочитав веста. Се знае дека .мк се најсоодветен или евентуално .мак . Ама пак не им треба собирање на предлози, едноставно МАРнет треба да седне и одлучи меѓу овие два домена и потоа само официјално да објави.
 
Конечно малку да се поместат од дното :)
Апсолутно, турските серии и тоа дали ќе имаме кирилична наставка мк, мкд, македонија, даживеевмродпмненачелосониколагруевскицарнамакедонија е многу поважно од други работи, некои ги спомна и Acid.

Инаку добро би било ако сите дадеме предлог: сакамепејпалво.мк или либерализирај.мк
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom